Македонија
Поради густа магла на превој Стража намалена видливост
Македонија
МВР: Преземени дисциплински мерки за полициски службеници од ГП „Долно Блаце“
Во врска со преминувањето на државната граница на Граничниот премин „Долно Блаце“ од страна на А.Г. иако имал активна мерка на стоп листа „задржи и веднаш извести“, на 15.12.2024 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и по извршени проверки, извршен увид во службените материјали и по извршена анализа од обезбедени снимки од безбедносните камери од ПС за ГП „Долно Блаце“, Одделот утврди дека полицискиот службеник Б.Ј. со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки за патничко моторно возило „мерцедес“ при премин на државната граница на излез од РСМ, не го евидентирал за остварување на излез од РСМ и патниците од предметното возило А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач во возилото ги завел дека пешки ја поминале границата, односно со пропуштање на должниот надзор извршил гранична проверка во системот СКПВ за лицето А.Г. и при тоа не почекал системот да утврди дали предметното лице има активна мерка „задржи и веднаш извести“ туку веднаш на лицата им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин. Со наведените дејствија, Б.Ј. постапил спротивно на чл. 12 т.1, чл. 13 с.1 т.8 од Законот за гранична контрола, со што сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина. Во врска со настанот, од страна на Одделот за внатрешна контрола до ОЈО за ГОКК – Специјализирано оддление за гонење на кривични дела сторени од страна на полициски службеници и затворска полиција доставено е известување заради запознавање на јавниот обвинител.
Исто така, од страна на ОВККИПС беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. било сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина бидејќи истиот како раководител на смена имал обврска навремено да ги задолжува и раздолжува полициските службеници на смена со Мобилен систем за снимање со камери и тоа уредно да го евидентира во Евиденцијата за задолжување и техничка исправност на МССК. Истиот откако ги задолжил сите полициски службеници со МССК и истото го завел во евиденцијата, во 07.30 часот, од страна на полициски службеници Б.Ј., С.Ф., Б.А., Ф.Ф. и Е.Ш., било пријавено дека МССК не им работат бидејќи им се испразниле батериите. Од страна на раководителот на смена Б.А. истите полициски службеници не биле задолжени со други МССК, бидејќи батериите не можеле да се наполнат. Од извршениот увид во горенаведената евиденција од страна на ОВККИПС исто така беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. откако МССК биле вратени, истите не биле заведени во графите како раздолжени во самата евиденција, а воедно и не ја пополнил графата за забелешка каде што требало да го нотира настанатиот проблем со МССК.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесен е предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против Б.Ј. и Б.А.. Против полицискиот службеник Б.Ј. Одделот изрече задолжителна мерка отстранување од работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Извор: МВР
Македонија
(ФОТО+ВИДЕО) Во акцијата во Арачиново пронајдено оружје, ранец и други предмети
На 18.12.2024 околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на локален пат од с.Орланци во правец кон с.Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.
Пронајденото е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР
Македонија
„Wizz Air“ денес најави три нови меѓународни линии од Скопје, граѓаните од денес ќе можат да патуваат за Барселона, Лион и Штутгарт
Wizz Air, еколошки најодржливата авиокомпанија на EMEA*, денеска најавува три нови меѓународни линии од Скопје. Новите дестинации ги вклучуваат Барселона, Лион и Штутгарт, зголемувајќи ги опциите за патување за патниците во Македонија. Основните цени започнуваат од само 24,99 евра за Штутгарт и 29,99 евра за Лион. Новата линија од Скопје до Барселона е достапна од 31,99 евра. Билетите за новите дестинации од Скопје се веќе достапни на официјалната веб-страница на Wizz Air и преку мобилната апликација на компанијата.
Како најголема авиокомпанија во Македонија, Wizz Air ја потврдува својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар. Со додавањето на овие три нови линии, авиокомпанијата има за цел да ја диверзифицира својата мрежа, задоволувајќи ги потребите за патување на македонците, а истовремено обезбедувајќи опции за влезен туризам.
Новите линии од Барселона и Лион почнуваат со операции од мај 2025 година, нудејќи им на патниците возбудливи можности да ги истражуваат енергичните европски градови по пристапни цени за претстојното лето. За Штутгарт директните летови почнуваат од септември 2025 година.
НОВИТЕ ЛИНИИ:
Барселона: Раздвижен град познат по својата уникатна архитектура, богата историја и живописна култура. Резервациите се отворени денес, летовите ќе започнат на 3 мај 2025 година и ќе бидат достапни во вторник и сабота.
Лион: Познат по својата кулинарска извонредност и историско значење, Лион е дестинација што мора да ја посетат и љубителите на храна и љубителите на културата. Резервациите се отворени од денес, а летовите ќе има во вторник, четврток и сабота. Летовите ќе започнат на 1 мај 2025 година.
Штутгарт: Познат по својата автомобилска индустрија и прекрасните паркови, Штутгарт нуди спој на модерност и традиција. Летовите ќе започнат на 29 септември 2025 година, три пати неделно, во понеделник, среда и петок.
„Овие нови рути од Скопје ја истакнуваат нашата посветеност да понудиме удобни и достапни опции за патување за нашите патници“, изјави Роланд Тишнер, управен директор на Wizz Air Унгарија. „Возбудени сме што ќе ја диверзифицираме нашата мрежа и ќе го поврземе Скопје со популарни дестинации како Барселона, Лион и Штутгарт. Овие нови линии ќе им овозможат на патниците да истражуваат нови возбудливи локации и да се впуштат во незаборавни авантури, истовремено нудејќи им можност на европските туристи да ги откријат убавините на Северна Македонија.”
Wizz Air е горд што нуди мрежа од 32 рути од Скопје, што ја подобрува поврзаноста и опциите за патување и за локалните жители и за посетителите. Со поттикнување на растот на работните места и поттикнување на туризмот, Wizz Air ја покажува својата посветеност во поддршката на развојот на туристичката индустрија во Северна Македонија и нејзиниот целокупен економски развој.
„Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници. Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист. Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за среда (18 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (17 декември)
-
Кичево1 ден
Кичево се спрема за најубавите празнични денови од годината, плоштадот ќе биде украсен со најубавата „Витлеемската Пештера“ и огромна елка со многу подароци и лампиони
-
Кичево19 часа
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
-
Временска прогноза2 дена
Засилен ветер и снег е новата метео анализа за викендот кој ни доаѓа
-
Кичево2 часа
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
-
Временска прогноза23 часа
Еве какво време не очекува викендот пред нас
-
Автомобили19 часа
По нивното автомобилско стратешко партнерство, дали производителите на автомобили „Honda“ и „Nissan“ ќе се спојат?