Следете не

Здравје и убавина

ВО ЈАВЕН ТОАЛЕТ: Дали ставањето тоалетна хартија на ВЦ школката ве штити од бактерии?

Објавено пред

на

Ставањето тоалетна хартија на ВЦ школката е навика на многу луѓе. Со тоа веруваат дека ќе се заштитат од бактерии што се наоѓаат на седиштето на школките во јавните тоалети, оние на работа и слично. Но дали ставањето тоалетна хартија е воопшто потребно, односно дали гарантира заштита?

При користење на јавни тоалети секогаш мораме да бидеме внимателни за да не се заразиме со некој вирус или бактерија. За превенција многумина од нас ставаме тоалетна хартија за да спречиме директен допир со школката, но истражувањата покажаа дека на тој начин всушност не се штитиме од бактерии и вируси.

– Повеќето ВЦ школки се почисти од многу кујнски мијалници – тврди Филип Тиерно, професор на њујоршкиот медицински центар „Лангон медикал центер“.

Кога станува збор за полово преносливи болести како херпес, тие многу ретко може да се најдат на ВЦ школките, а повеќето бактерии кои се наоѓаат на нив бргу исчезнуваат – херпесите, кламидијата и гонореата не можат да преживеат надвор од телото подолго од 10 секунди.

Кога станува збор, пак, за вирусите ХИВ и Зика, додека немате отворена рана низ која во вашиот организам можат да влезат туѓи телесни течности, сè ќе биде во ред.

– Само ако имате рана или гребнатинка, односно било каква отворена рана, може да се заразите со бактерија или вирус, како што е стафилококата. Повеќето бактерии на седиштето на ВЦ школката се микроби кои веќе се наоѓаат на вашата кожа – објаснува Тиерно.

Освен тоа, тоалетната хартија со која сакате да се заштитите и онака веќе може да биде полна со бактерии кои се наоаѓаат во ВЦ школката. Тоа е така затоа штокога пуштаме вода, бактериите од школката летаат во воздух и завршуваат на сè што се наоѓа во близина. Дома ширењето бактерии може да го спречите со спуштаме на капакот на школката пред да пуштите вода.

За најдобра можна хигиена при користење на јавен тоалет, правете го ова:

1.Не допирајте ги носот, очите и ушите или некоја отворена рана пред да ги измиете рацете

2. Задолжително измијте ги рацете

– Без оглед на количеството бактерии кои завршиле на вашите раце при користење на тоалетот, правилното миење, 20 секунди со сапун и миење на делот под ноктите, е доволно да ги исчистите рацете – вели Тиерно. А за отворање на вратата од тоалетот, користете хартиено марамче.

3. Размислете пред да користите јавен тоалет

Ако тоалетот е многу валкан, подбро е да не го користите. Обидете се на друго место.

Здравје и убавина

Знаете колку е битна положбата на спиење за здравјето?

Објавено пред

на

Сигурни сме дека често не размислувате за позата во која спиете, бидејќи после напорниот ден единствено е важно да легнете во кревет и да заспиете. Сепак, научниците дошле до заклучок дека положбата во која спиете може да има големо влијание врз вашето здравје.

Имајќи предвид дека приближно една третина од животот поминуваме спиејќи, позицијата која дава најдобра поддршка треба да биде еден од нашите приоритети.

„Спиењето на грб е најдобрата положба во која ‘рбетот може природно да се усогласи и да биде во неутрална положба без никакви свиоци или кривини, така што оваа положба е најздрава за’ рбетот. Телото на секого е различно и некои положби може да бидат подобри за одредена личност врз основа на неговата висина, тежина или какви било претходни повреди, а ако имате некаква болка во грбот, дефинитивно препорачувам да спиете на грб“, објаснува експертот за спиење Кјара Причард.

Само 10 проценти од луѓето спијат на грб

Покрај споменатите придобивки, докажано е дека оваа положба на спиење помага во спречување на металоиди, рефлукс на киселина во желудникот, но и ги ублажува симптомите на настинка или алергија. Во случај спиењето на грб да не ви доаѓа природно, експертите советуваат дека е доволно само да го практикувате.

Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека само 10 отсто од луѓето имаат навика да спијат на грб, додека 16 отсто од нив спијат на стомак, а најголемиот број, дури 74 отсто, спијат на страна.

Важно е да се спомене дека спиењето на стомак е единствената поза која се смета за нездрава бидејќи создава притисок на ‘рбетот, градите и белите дробови. Со оваа поза повеќе е функцијата на вратот кој мора да го свртите на левата или десната страна и затоа, предупредуваат лекарите, го загрозувате протокот на крв.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Киселини во желудник: Седум намирници за спас кои ја гасат „огнената“ болка

Објавено пред

на

Киселините во желудникот се симптом на болести во дигестивниот систем или на несоодветна исхрана кои се проследени со непријатно печење и болка зад градната коска. За среќа, и за нив постои олеснување, а тоа доаѓа во облик на овие производи.

Храна која ги смирува киселините во желудникот:

Чај од ѓумбир

Зовријте во вода исчистен и исечкан корен ѓумбир (со големина на палец), оставете го да отстои 10-тина минути, па испијте. Оваа напивка е делотворна против разни видови воспаленија, а ќе ги смири и киселините во желудникот.

Банани

Ако ги чувствувате симптомите на непријатните киселини во желудникот, изедете банана. Ова тропско овошје содржи минимални количини киселини, па така го штитат и смируваат надразнетиот желудник.

Бадемово млеко

Оваа здрава алтернатива на класичното кравјо или козјо млеко помага во неутрализирање на киселините во желудникот. Со бадемовото млеко изматете „смути“ во кое секако додадете јагоди, банани и спанаќ.

Овесни снегулки

Иритираниот желудник сака храна богата со прехранбени влакна како овесни снегулки. Наутро почнете со чинија снегулки кои ќе ви дадат енергија во текот на денот и ќе ја згаснат секоја евентуална болка.

Коморач

Во врела вода ставете две лажици семки од коморач. Оставете да отстои половина час, зачинете со мед и испијте. По консумирањето на оваа напивка ќе немате проблеми со киселините во желудникот.

Кефир и алое

Лажица сок од алое вера измешајте со кефир и изедете за појадок. Оваа одлична комбинација која го смирува системот за варење, а покрај тоа е мошне вкусна.

Лиснат зеленчук

Со зеленчукот е тешко да згрешите. Јадете што повеќе лиснат зеленчук како целер, брокули, карфиол и аспарагус кое содржи малку киселини па се добри во борбата против желудочните киселини.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Дали знаете дека кафето штити од цироза на црниот дроб?

Објавено пред

на

Секојдневното консумирање кафе штити од цироза на црниот дроб, заклучуваат британските научници во студијата објавена во магазинот Alimentary Pharmacology & Therapeutics. Научниците од универзитетот во Саутемптон ги анализирале податоци од девет долгорочни истражувања спроведени врз речиси половина милион луѓе од шест држави.

Цирозата на црниот дроб е тешка болест којашто може да биде фатална, бидејќи значително ја зголемува можноста од затајување на функцијата на црниот дроб и појавата на рак.

Притоа заклучиле дека зголеменото консумирање кафе значително го намалува, речиси за половина, ризикот од заболување од цироза на црниот дроб. Шест повеќе шолји кафе, ризикот е помал, тврдат научниците. Според нив, два дополнителни филџани кафе во денот го намалуваат ризикот од цироза за 44 отсто.

Научниците појаснуваат дека кафето, освен кофеинот, содржи и многу биолошки активни состојки, како што се материите кои помагаат против воспаленијата. Освен индиректниот биохемиски ефект, кафето има и директна улога во заштитата од цироза, бидејќи разните состојки откриени во кафето ги блокираа вирусите хепатитот Б и Ц, а кафето го намалува и појавата на дијабетес од типот 2.

Во студијата се заклучува дека врските меѓу зголемените дневни консумации на кафе и намалениот ризик од цирозата на црнито дроб е голена, и е поголема отколку кај многу лекови кои се користат за превенција на оваа болест. Покрај тоа, спротивно од дејството на многу медикаменти, кафето нема ниту одблизу толку несакани појави.

/denar

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза2 часа

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет2 часа

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди2 часа

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

Македонија5 часа

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на...

Магазин13 часа

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп21 час

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Not seeing a widget?...

Македонија22 часа

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle1 ден

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин1 ден

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

Храна1 ден

Рецепт за највкусна чоколадна торта: Тајната е во овие три неочекувани состојки

Секој љубител на чоколадни торти знае дека правењето на совршено мека, сочна и вкусна торта е уметност. Но, што ако...

НАЈЧИТАНИ