Македонија
Од 183 амбулантни возила во Македонија најстарото е во Кичево со 1.000.000 км

Според истражувањето на центарот за граѓански комуникациии земјава располага со 183 возила за итна помош. Најголем дел се во Скопје, околу 30 тина, во Охрид и Битола. Просечната старост им е 11 години.
Две кои се користат во Струга и Отешево, се произведени пред повеќе од 30 години, но сеуште со нив се превезуваат пациенти, а над еден милион килиометри пак има поминато возилото за итна помош на здравствениот дом во Кичево. Според пресметките 11 илјади граѓани се опслужуваат со едно амбулатно возило.
Вредност за едно возило за итната помош е 39 илјади евра.
Скопје 30 возила.
Охрид и во Битола има по 12.
Велес и Куманово 8.
Делчево, Кичево, Струга, Тетово и Прилеп по 7 вакви возила.
Од друга страна пак министертсвата и општините располагаат со над 2.600 службени коли, што значи дека на секое 15 патничко возили има едно амбулантно. 2000 службени возила се со набавна вредност од 33 милиони евра. Просечната цена за едно патничко возило се движи до 15 до речиси 17 илјади евра
Извор: шиломагазин
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Македонија2 дена
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза19 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија22 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди19 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Здравје и убавина2 часа
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје