Следете не

Македонија

Возете внимателно, еве каква е состојбата на патиштата низ Македонија

Објавено пред

на

 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози со остатоци од кашест снег. Од 6:30 часот престана да важи забраната за тешки товарни возила на планинскиот премин Буково.

На патниот правец Дебар – Струга од 7:15 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку Стража, Струга – ГП Ќафасан, Крива Паланка – ГП Деве Баир и на планинските премини Ѓавато и Пресека.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Од 15-ти ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март 2018 година.

ДГ Бетон АД Скопје од 21.02.2018 започна со градежни активности за рехабилитација на државниот пат Р1102, делница од Петровец до Катланово, во делот од натпатникот Коњари кон Катланово (стариот пат). За таа потреба воведена е времена измена на режимот на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

ГП „Илинден“ – Струга известува дека на од  30 јануари годинава на регионалниот патен правец Р-1301 од Билјанини извори – населба Коњско започна измената на режимот на сообраќај поради изведување на градежни работи на пат. Проодноста е обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 08.12.2017 на државниот пат А2, делница Струга – граничен премин Ќафасан, започна измената на режимот на сообраќај која ќе трае до завршување на градежните работи. Проодноста ќе биде обележана со вертикална и хоризонтална сигнализација.

Од 15.11.2017 година започнаа градежни активности за изградба на клучката Ванчо Прќе на експресниот пат А3, делница од Пробиштип до с. Крупиште на регионалниот пат P1205. За таа потреба воведена е времена измена на режим на сообраќајот и поставена е соодветна сообраќајна сигнализација на оваа делница.

Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница  Кичево – Охрид (Пресека – Песочани) на две точки на овој потез, од 2+397км до 3+910км, и од 7+060 км до 11+498 км, од 20.09.2017 е воведена времена измена на сообраќајот со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.

На патниот правец Демир Капија – Неготино, на делот од Неготино до м.в. Острово, сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4 км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

Друштвото „Алфалт“ ДООЕЛ Скопје, известува дека се изведуваат градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици Отовица и Сопот. Во периодот од 18.10.2017 год. до 18.06.2018 год. на магистралниот пат А1 на делницата Велес – Скопје во близина на наплатната станица Отовица и на делницата Скопје – Велес во близина на наплатната станица Сопот, се воведува времен режим на сообраќај и се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно.

Друштвото „Бетон АД Скопје“ известува дека од 26.10.2017 година, ќе се започне со градежни активности за Рехабилитација на државниот пат А4, делница од Кадино до Хиподром, од наплатна станица Петровец кон Хиподром. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режимот на сообраќајот и поставена соодветна сообраќајна сигнализација на истата делница.

Друштвото „Бетон АД Скопје“ извести дека од 20.10.2017 год. започнaa градежни активности – реконструкција и рехабилитација на државниот пат А2 делница Сарај – Групчин. За таа потреба, ќе биде воведена времена измена на режим на сообраќајот.

ГД Гранит од 27.06.2017 година започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Гостивар – Кичево (делница Гостивар до с. Колари) во должина од 28,5 км. Се работи на изведување рехабилитација на асфалтниот коловоз.

Истовремено се изведуваат градежни работи на санација на мостовите на истиот државен пат. Во моментот се изведуваат градежни работи на мост Атанасова Река во должина од 110 м1. Сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента и истиот е регулиран со семафори. Вкупното времетраење на рехабилитацијата на сообраќајницата и мостовите е предвидено да трае 15 месеци односно завршувањето на градежните активности барем во овој момент е предвидено да завршат 2018 година во месец септември.

ГД Гранит АД Скопје поради градежни активности на автопатот А1, Коридор 10 од 114+673 км. до 126+272 км. од 22.11.2016 воспостави времен режим на сообраќај на автопатот А1, коридор 10 од клучка Неготино до клучка Демир Капија. Сообраќајот се одвива во насока од Скопје кон Гевгелија и Атина по регионалниот пат Р1102.

АМСМ ги предупредува возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Песочан) од 3+300 км до 5+600 км од 21.12.2017 воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк Галичица е затворен за сите видови на сообраќај од 15.11.2017 до 01.04.2018.

Сообраќајот на патниот правец  А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено, но од превентивни причини сообраќајот сепак се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента. Поставена e соодветна сигнализација.

Македонија

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Објавено пред

на

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари

Објавено пред

на

Во текот на минатиот месец (февруари 2025), како резултат на планските континуирани сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, од сообраќај вкупно беа отстранети 2.059 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 617 возачи кои возеле под дејство на алкохол, додека пак дури 7.473 возачи добиле прекршочни казни заради возење со поголема брзина од дозволената.

Од вкупниот број издадени платни налози, а тој за февруари месец изнесува 23.844, 1.508 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 766 за користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и 475 пешаци. Најголем број од прекршочните пријави се за неправилното паркирање 5.746 прекршоци.

Инаку, во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (01/02.03.), според статистичките показатели, полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 1.278 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 126 возачи, а пак 144 возачи возеле под дејство на алкохол.

Исто така, евидентирани се и 238 прекршоци по основ на пребрзо возење, 79 лица не користеле сигурносен појас, 37 возачи користеле мобилен телефон, 14 минале на црвено светло, а прекршочно биле санкционирани и петмина пешаци, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин7 минути

Кина: Напредокот на кинеската апликација DeepSeek е пример за порастот на вештачката интелигенција во кинеските компании

Напредокот на кинеската апликација за вештачка интелигенција (ВИ) DeepSeek го одразува подемот на кинеските компании на терен, изјави денеска претставникот...

Магазин9 минути

Јапонци развија телевизор кој овозможува да вкусите храна

Како функционира Taste TV?. Уредот, наречен „Taste TV“, користи спрејови во комбинација со 10 различни вкусови за да ги создаде...

Магазин11 минути

Измамници таргетираат корисници на Netflix со фишинг напад

Експертите за безбедност предупредуваат дека измамници користат вештачка интелигенција за да создадат многу реалистични фишинг е-пораки, кои изгледаат како да...

Магазин13 минути

Instagram додава нови функции за DM

Instagram значително ја надградува функцијата за Директни пораки (DM) со нови можности, како закажано испраќање пораки, прикачување важни пораки и...

Магазин14 минути

Amazon ја исклучува својата апликација за Android

Amazon најави дека ќе ја исклучи својата Appstore апликација за Android на 20 август 2025 година. По овој датум, апликациите...

Магазин15 минути

Google Chrome додава Circle to Search за iPhone

Google воведува нови гестови за пребарување на iPhone, овозможувајќи им на корисниците да означат што било на својот екран за...

Магазин16 минути

Откриен новиот Apple iPhone 17 Air – најтенкиот iPhone досега

Apple оваа година подготвува iPhone 17 Air, ултра тенок модел кој ќе биде потенок од сите претходни iPhone уреди. Колку...

Магазин18 минути

TikTok и Reddit под нова истрага: Приватноста и податоците на децата повторно под прашање?

Организацијата за заштита на приватноста на Обединетото Кралство (ICO) спроведува истрага за TikTok, Reddit и Imgur, испитувајќи како овие платформи...

Магазин19 минути

Тим Кук навестува нов MacBook за оваа недела

Потврдени се претходните гласини дека новиот MacBook ќе биде претставен во март. Тим Кук, извршен директор на Apple, објави видео...

Македонија2 часа

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

НАЈЧИТАНИ