Следете не

Македонија

Возете внимателно: Ова е моменталната состојба на патиштата

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај с. Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни: петок : 17:00 – 22:00 часот, сабота : 09:00 – 18:00 часот и недела: 09:00 – 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Забрана за тешки товарни возила на магистрален пат А2 : Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали се следни: петок : 15:00 – 22:00 часот, сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и недела : 07:00 – 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

Од 01.07.2019 ќе се изведуваат градежни активности на магистрален пат А1, делница: Скопје – Неготино, при поставување на електрично осветлување на крстосницата Велес – Југ,во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Од 25.06.2019 година, патот од Драчево кај пругата до селото Лисиче ќе биде затворен една недела поради асфалтирање.

ЈП Македонија Пат известува дека поради изведување на градежни работи на пат (асфалтирање) на регионалниот патен правец Р2344, населба Чашка – с. Голозинци, од 26.06.2019 год. сообраќајот ќе биде во прекин секој ден, освен во недела, од 10 – 16 часот во наредните два месеци.

Страбаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Виадукт трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Друштвото АСФАЛТ ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека поради изведување на градежни работи за рушење на старата наплатна станица Градско, во период од 20.05.2019 до 17.08.2019 на магистралниот пат А1, делница Велес – Градско, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобрението на времен режим на сообраќај.

Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;

– наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија-Гевгелија)

– наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино-Гевгелија)

ГП Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

ГП Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на потег од бензинска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с. Вруток, Општина Гостивар.

Страбаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

Информации за движење низ ЈАСЕН

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Скопје кон Македонски Брод 06:30 – 09:00 часот и 16:00 – 18:00 часот

Македонски Брод кон Скопје 05:00 – 06:00 часот и 18:30 – 20:00 часот

Информативен центар

(02) 15 555

Македонија

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Објавено пред

на

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици. Измамниците ги контактираат жртвите најчесто на фиксен телефон, но има случаи каде што се контактирани и преку мобилен телефон со скриен број, а за да бидат поуверливи во позадина се слуша глас кој бара помош.

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена

Објавено пред

на

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.02.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 71,50 ден/лит.

Прочитај повеќе...

Македонија

Фрапантни податоци на сообраќајни прекршоци за месец февруари

Објавено пред

на

Во текот на минатиот месец (февруари 2025), како резултат на планските континуирани сообраќајни контроли низ патиштата во земјава, од сообраќај вкупно беа отстранети 2.059 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 617 возачи кои возеле под дејство на алкохол, додека пак дури 7.473 возачи добиле прекршочни казни заради возење со поголема брзина од дозволената.

Од вкупниот број издадени платни налози, а тој за февруари месец изнесува 23.844, 1.508 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 766 за користење на мобилен телефон при возење, а санкционирани се и 475 пешаци. Најголем број од прекршочните пријави се за неправилното паркирање 5.746 прекршоци.

Инаку, во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (01/02.03.), според статистичките показатели, полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 1.278 платни налози и притоа без возачка дозвола биле затекнати 126 возачи, а пак 144 возачи возеле под дејство на алкохол.

Исто така, евидентирани се и 238 прекршоци по основ на пребрзо возење, 79 лица не користеле сигурносен појас, 37 возачи користеле мобилен телефон, 14 минале на црвено светло, а прекршочно биле санкционирани и петмина пешаци, информира МВР.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин4 часа

Кина: Напредокот на кинеската апликација DeepSeek е пример за порастот на вештачката интелигенција во кинеските компании

Напредокот на кинеската апликација за вештачка интелигенција (ВИ) DeepSeek го одразува подемот на кинеските компании на терен, изјави денеска претставникот...

Магазин4 часа

Јапонци развија телевизор кој овозможува да вкусите храна

Како функционира Taste TV?. Уредот, наречен „Taste TV“, користи спрејови во комбинација со 10 различни вкусови за да ги создаде...

Магазин4 часа

Измамници таргетираат корисници на Netflix со фишинг напад

Експертите за безбедност предупредуваат дека измамници користат вештачка интелигенција за да создадат многу реалистични фишинг е-пораки, кои изгледаат како да...

Магазин4 часа

Instagram додава нови функции за DM

Instagram значително ја надградува функцијата за Директни пораки (DM) со нови можности, како закажано испраќање пораки, прикачување важни пораки и...

Магазин4 часа

Amazon ја исклучува својата апликација за Android

Amazon најави дека ќе ја исклучи својата Appstore апликација за Android на 20 август 2025 година. По овој датум, апликациите...

Магазин4 часа

Google Chrome додава Circle to Search за iPhone

Google воведува нови гестови за пребарување на iPhone, овозможувајќи им на корисниците да означат што било на својот екран за...

Магазин4 часа

Откриен новиот Apple iPhone 17 Air – најтенкиот iPhone досега

Apple оваа година подготвува iPhone 17 Air, ултра тенок модел кој ќе биде потенок од сите претходни iPhone уреди. Колку...

Магазин4 часа

Тим Кук навестува нов MacBook за оваа недела

Потврдени се претходните гласини дека новиот MacBook ќе биде претставен во март. Тим Кук, извршен директор на Apple, објави видео...

Македонија6 часа

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на измами

Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за вторник (4 март)

Овен Се занимавате со ситници кои не ви одат од рака. Морате да се подготвите за посилно  темпо на работа,...

НАЈЧИТАНИ