Македонија
За прв пат прекинати „Велигденските Кули“ единствената традиција која се негува во Македонски Брод

За прв пат по 1991 каде беа возобновени популарните „Велигденски Кули“ год по иницијатива на Отец Марко Трпкоски, денес поради пандемијата е прекината таа единствена традиција во Македонија која се негува само во Македонски Брод, кои се одржуваат на вториот ден од Велигден и го симболизираат непокорот на македонскиот народ.
Македонскиот народ за време на владеењето на Османлиите бил многу угнетуван и не му се дозволувало да ги слави своите празници. Длабоко исфрустрирани од тоа, најугледните Броѓани отишле во Цариград кај Султанот и со злато го откупиле Велигден, односно вториот ден.
За таа цел се одржуваат кулите.
Кулите се направени од крв и месо, не од дрва или камен, а се испреплетени од младите машки и жилави раце.
Се состојат од два реда во кои во секој ред има по петмина.
5 момчиња од долниот дел се фаќаат рамо за рамо и врз нивните рамења стапнуваат уште 5, исто така држејќи се рамо за рамо.
Кулите исто така мора да бидат 5 на број, симболизирајќи го пет вековното турско ропство кое владеело во Македонија.
Долниот дел од кулата го претставуваат поробителот/Османлиите, а горниот македонските христијани кои се носени од помислата дека ќе дојде денот кога буквално ќе стапнат на вратот на поробителите и гордо издигнувајќи се јасно им покажуваат на сите присутни, дека:
повторно ќе светне повторно сонцето на слободата и сите празници ќе можат да ги прославуваат во радост и во слободна Македонија.
Кулите имаат за цел да ни покажат дека треба нескротливо да си ја сакаме нашата татковина Македонија со сите свои обичаи.
Македонија вечна!
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија21 час
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Македонија3 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Lifestyle1 ден
Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo