Македонија
Земјотрес регистриран во нашата држава, епицентарот кај с.Србиново

Земјотрес регистриран во нашиот регион, според последните информации, јачината се проценува на 3.4 според Рихтер.
Обновено инфо: Најновите информации од ЕМСЦ во моментов укажуваат дека епицентарот не е во град Скопје (иако одредени сеизмолошки портали дојдоа до таква информација) – туку е на 20км од Гостивар, потточно кај с.Србиново.
M3.3 #earthquake (#земјотрес) strikes 20 km SW of #Gostivar (North Macedonia) 6 min ago. Effects reported by eyewitnesses: pic.twitter.com/QQsfTYIZML
— EMSC (@LastQuake) March 12, 2021
Македонија
Мало намалување на цената на нафтените деривати од ноќеска

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,50 ден/лит.
Македонија
Воведена забрана за тешки товарни возила за Стража, Маврово-Дебар

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, на патниот правец крак Маврово – Дебар и од 16.20 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.
Извор: ЈП Македонија Пат
Македонија
МВР: Лишено лице од слобода, по друго се трага, во врска со пукањњето објавено на социјалните мрежи

На 05.04.2025 врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 396 од КЗ на РСМ, полициски службеници од ОВР Прилеп во содејство со полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во с.Црнилиште Општина Долнени, во домот на Џ. Ќ.(51). При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот.
Пронајдените предмети се одземени поради сомнение за извршено кривично дело по член 288 од КЗ. Утврдено е дека лицето оружјето го поседувал со дозвола и истото привремено е одземено по што ќе следи постапка за одземање на дозволата за оружје. Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот, известува МВР за јавноста и медиумите
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за вторник (8 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (7 април)
-
Хроника1 ден
Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка
-
Временска прогноза2 дена
Метео+: Сибирски студ цела седмица, утринските температури дури до -10°C
-
Мобилни уреди1 ден
Нови функции за WhatsApp, исклучете ја камерата пред да се јавите
-
Македонија21 час
Мало намалување на цената на нафтените деривати од ноќеска
-
Магазин7 часа
NVIDIA RTX PRO 6000 Blackwell: Новата 96GB ѕверка за професионалци е побрза од RTX 5090 во CGI рендерирање
-
Магазин7 часа
Discord лансира Social SDK за подобро социјално искуство во игрите