Здравје и убавина
ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ: Овие пет работи го зголемуваат ризикот од рак на дојка

Бројот на заболени од оваа болест рапидно расте, ако сте во ризичните групи, преземете превентивни мерки
Бројот за заболени од рак на дојка рапидно расте секаде во светот, па и во Македонија. Поради тоа, важно е редовно да правите прегледи, но и да ги преземете сите мерки за да се заштитите. Превенцијата е многу важна. Еве што може да го зголеми ризикот од оваа болест:
1. Дебелина
Дебелината кај жените го зголемува ризикот од добивање рак на дојка од 30 отсто до 60 отсто. Ова истражување го спроведе Светската здравствена организација. Мрсните клетки го поттикнуваат развојот на женскиот хормон естроген. Зголеменото производство на естроген, од друга страна, го поттикнува развојот на туморот.
2. Физичка неактивност
Физичката активност значително влијае врз нашето тело. Дејствува противвоспалително, го зголемува имунитетот и го снижува нивото на инсулин во телото. Резултатите од 30 научни истражувања покажаа дека ризик од заболување кај жените кои вежбаат барем три часа неделно е намален за 30-40 отсто.
3. Лоши навики за исхрана
Црвеното месо и шеќерот го поттикнуваат развојот на туморот. Од друга страна, овошјето има сосема спротивен ефект. Зелка, карфиол, броколи, кељ, дејствуваат противвоспалително и го балансираат нивото на естроген во организмот.
4. Генетика
Жените кои во гените носат одредена мутација имаат далеку поголем ризик да заболат од рак на дојка.
5. Семејна анамнеза
Ако некој вашето непосредно семејство (мајка, сестра, баба) заболел од рак на дојка, дури и ако не сте носител на истите гени, шансите да го добиете ова заболување се удвојуваат. Во таков случај, најдобро е да го прашате вашиот лекар кои чекори да ги преземете за превенција.
Здравје и убавина
Дали сте знаеле за моќниот домашен еликсир против пролетната поленска кивавица?

Кога ќе дојде пролетта и дрвјата ќе започнаат да расцутуваат, огромен број на луѓе започнуваат да развиваат симптоми на алергија на полен. Ако и на вас ви пречи тоа и постојано ви тече и ве чеша носот, кивате, кашлате… пробајте го овој едноставен, а моќен еликсир кој ќе ве ослободи од маките.
Од алергија на полен страдаат многу лица. Станува збор за непријатна појава која неретко бара консумирање на антихистаминатици и други лекови против алергија.
Сепак, пред да посегнете по хемиските препарати, пробајте го овој народен рецепт за напиток кој помага во ублажувањето на симптомите.
Состојки:
1 среден морков
2 големи портокали
½ краставица
5-10 листови нане
20 гр свеж корен од ѓумбир
Подготовка:
Измијте го и излупете го овошјето. Исецкајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Вклучете го блендерот и добро измешајте ги сите состојки, а листовите од нане додадете ги на крајот.
Како да го консумирате
Доволната количина од овој напиток е една чаша дневно која треба да се испие наутро, пред појадокот.
Овој лековит напиток ќе го зајакне вашиот имунитет па се препорачува и за оние кои не страдаат од сезонските алергии.
Како делува: Портокалите ќе го заштитат вашиот имунолошки систем бидејќи се одличен извор на витамин Ц. Нането е одличен природен инхалатор за респираторниот систем, кој по правило, најмногу страда кога ќе дојде пролетта. Ѓумбирот ја намалува главоболката која настанува како последица од зачестеното кивање, а исто така е и моќен антиоксидант.
/denar.mk
Здравје и убавина
Следните седум работи кај луѓето, ја уништуваат убавината на забите

На забите штетно влијаат црвеното вино, кафето, чајот и секако цигарите. За тоа сигурно дека сте свесни, но некои штетни навики поминуваат незабележано. Ова се едни од најраспространетите:
1. Грицкањето мраз– Природен е и без шеќер, но мразот може да предизвика пукање на забната глеѓ. Со ова се предизвикува иритација на мекото ткиво во внатрешноста на забите и со тоа се создава забоболка.
2.Пирсинг на јазикот– Kул е , меѓутоа доволно е јасно зошто на јазиот и устата не треба да имате метални украси- ги оштетуваат забите, ги иритираат и непцата кои можат да се воспалат, а може да дојде и до губиток на заби. Освен тоа, устата е поволно место за развој на бактерии, а пирсингот го зголемува ризикот од инфекции.
3.Гумени и други бонбони ( дури и оние за грло)– Гумените и другите слатки купени во продавница се сомнителни, а оние, купените во аптека се безопасни за забите? Бактерискиот биофилм на забите го претвара остатокот од шеќер во киселина која ја оштетува забната глеѓ. Ако не можете без слатки, јадете ги со поголем оброк, кога се лачи повеќе плунка.
4.Засладени пијалоци ( газирани и негазирани)- Л именка газиран пијалок содржи до 11 лажици шеќер, а тука се и киселините кои ја оштетуваат глеѓта. Диеталните верзии можеби немаат толку шеќер, но затоа количините на киселини во облик на вештачки засладувачи се многу поголеми. И овошните сокови се опасни, бидејќи со витамините и антиоксидансите содржат и шеќерни адитиви. Купувајте природни сокови или разредете ги со вода.
5.Чипс- Бактериите во устата го разградуваат и скробот од чипсот. Киселината, според тоа може да ја загризат глеѓта долги 20 минути а и подолго, ако парчиња храна се заглавени во забите. Користете забен конец.
6.Отварање предмети со забите– необично, но многу луѓе разни пакувања, па дури и шишиња ги отвараат со забите. Не користете ги забите како алатка, не можете толку едноставно да ги купите како ножици или отварач за шише.
7.Гризење молив– Како и грицкањето мраз, и оваа навика може да предизвика оштетување на забите. Ако веќе имате потреба за џвакање, истото сторете го со гума за џвакање.
Здравје и убавина
Магнезиумот е доста важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем

Научниците посочуваат дека повеќето луѓе во денешно време имаат зголемен ризик од недостаток на магнезиум, како поради намалената содржина на магнезиум во храната и прекумерното консумирање рафинирана храна, така и поради употребата на лекови кои го поттикнуваат неговото излачување од телото.
Магнезиумот е многу важен за здравјето на кардиоваскуларниот систем, имајќи предвид дека со редовните тестови на крвта не може да се добие увид за фактичка состојба на магнезиумот во клетките.
За тој непрепознатлив дефицит на магнезиумот како можен главен двигател на кардиоваскуларните болести и неговата употреба во превенција и третман на кардиоваскуларните болести, пишуваат статиите објавени оваа година во списанието на Британското кардиоваскуларно здружение „Опен харт“.
Недостатокот на магнезиум, исто така, се поврзува со стрес и алкохолизам.
Препорачаната доза на магнезиум изнесува 375 милиграми на ден, а негови природни извори се оревестите плодови, мешунките, интегрални житарки, зелен лиснат зеленчук и природна минерална вода богата со магнезиум.
Извор: Денар
-
Кичево7 часа
Утре во Кичево се организира бесплатен преглед на очен притисок, бидете дел и спречете го „тивкиот убиец на видот“ – Глауком
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (9 март)
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за понеделник (10 март)
-
Здравје и убавина1 ден
Дали сте знаеле за моќниот домашен еликсир против пролетната поленска кивавица?
-
Здравје и убавина2 дена
Следните седум работи кај луѓето, ја уништуваат убавината на забите
-
Македонија5 часа
Дизелот и бензинот со нова намалена цена за литар од ноќеска
-
Магазин5 часа
Како правилно да го полните вашиот iPhone за подолг век на батеријата
-
На денешен ден17 часа
10 март – На денешен ден