Водостојот на Дојранското Езеро е повисок за два, а на Охридското за еден сантиметар од вчерашниот, додека нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера, покажуваат мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, само водостојот на Дојранското Езеро е повисок од вообичаениот за овој период од годината, додека кај Охридското е за еден, а кај Преспанското за 55 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за ноември.
Понизок водостој од вообичаениот имаат и реките во земјава, но е во рамките на вчерашниот.
На 21.01.2025 во 00.20 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода А.Н.(23) од Бангладеш, кој водел група од осум лица мигранти од Непал.
Мигрантите се сместени во Прифатно транзитен центар Винојуг, а против А.Н. е поднесена кривична пријава, по што од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, информира МВР.
Денес Црквата Божја торжествува! Денес светот целиот е обновен! Денес водите на Радика станаа како Јордан, а гласот Божји повторно одекна низ вселената: „Ова е Мојот возљубен Син, во Кого е Моето благоволение!“
Празникот Богојавление, или Просвештение, не е само спомен на еден последователен настан од земскиот живот на Спасителот на светот, Господ Исус Христос. Тој е најголемото откровение за целото човештво, откровение за тоа Кој е вистинскиот Бог, но и за тоа кои сме ние. Во водите на Крштението Христос не само што ги освети стихиите, туку ги отвори и Небесата, внесувајќи ја човечката природа во заедницата на Светата Троица. Овој ден е повеќе од празник – тој е коренито преобразување, духовно просветлување, ден кога сите ние сме повикани кон светост и чистота, ден во кој стануваме храмови на Божествената благодат.
Во овој возвишен ден на Светлините Божји, во сечениот храм на Мајката Божја во с. Ростуше, како и секоја година, нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со манастирските браќа отслужи Божествена Архиерејска Василиева Литургија. Таа најсветга богослужба, исполнета со полнотата на Божествената благодат и просветление, беше едно чудесно тивко сјаење од таинството на Господовото Крштение. Во величествениот амбиент на ростушкиот храм на Царицата на Ангелите, каде што земното и небесното стануваат еден свет, многубројните верници, пристигнати од сите краишта на нашата татковина, се собраа за со љубов и длабока побожност да го прослават торжеството на Божјото Троично откровение.
Во молитвено расположение и со чисти срца, тие пристапија кон светите Христови Тајни, обновувајќи го својот завет со Бога и примајќи ја благодатта што преобразува, зацврстува и го води човечкиот живот кон светлината на Царството вечно.
Повеќе за настанот и фотографии ќе најдете на официјалниот линк од Бигорскиот Манастир – ТУКА
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.