Следете не

Спорт

Зидан по елиминацијата од Купот: Овој пораз не менува ништо

Објавено пред

на

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, беше разочаран откако загуби од Реал Сосиедад и испадна од Купот на Шпанија, но истакна дека не видел причина да прави големи промени на тактиката, како резултат на еден пораз.

– Ова е фудбал. Понекогаш има натпревари кога ништо не оди. Се обидовме до последно и не се откажавме од барање на пресврт. Дури и на 1:4 верувавме дека можеме да го постигнеме. Сè што треба да направиме е да му честитаме на противникот. Мора да го прифатиме поразот. Игравме лошо во првото полувреме и направивме многу грешки. Реал Сосиедад играше многу добро, рече Зидан веднаш по мечот.

На прашањето дали е ова неговиот најлош ден како тренер на Реал, Зизу вели: „Како игра – не, но како резултат – да. Не е убаво да примите 4 гола на свој терен, но во исто време сум сигурен дека не треба да менуваме ништо. Ние ќе продолжиме да ги правиме истите работи како порано. Јасно е дека во текот на сезоната се среќаваме со многу силни противници и не можеме секогаш да победуваме. Реал Сосиедад го заслужи успехот“.

Спорт

(ФОТО) ФК Ренова во финишот на мечот ги спаси трите бода во Кичево против ФК Напредок

Објавено пред

на

Во рамки на денешниот ден беше одигран првенствен натпревар во третата македонска фудбалска лига – запад, помеѓу екипите на кичевски ФК Напредок и ФК Ренова каде што гостите славеа со 2:3 со постигнат гол од белата точка во самиот финиш од натпреварот.

Фудбалерите најпрво на теренот излегоа со маички кои го носеа натписот на градот Кочани и датумот на трагичниот настан, додека пред мечот со едно минутно молчење фудбалерите, стручниот штаб и гостите оддадоа почит према трагично загинатите луѓе во Кочани, воедно домаќините оддадоа почит и за смртта на поранешната фудбалска легенда на ФК Напредок, голманот Војче Угич кој во дамнешно време ги бранеше боите на кичевчани во спектакуларните натпревари.

Мечот го отворија гостите со брзи два погодоци, така што во вториот дел од мечот кичевчани комплетно дојдоа до израмнување со головите на искусниот капитен Жарко Симјаноски и Мојсеј Зафироски, за на крај главниот судија да досуди пенал за гостите речиси во финишот на натпреварот, а таа шанса гостите не ја пропуштија, бетонирајќи ја победата од 2:3.

Во прилог галерија од мечот, преку нашиот објектив. Доколку сакате фотографија, преземете ја слободно од следниот линк ТУКА:

Прочитај повеќе...

Спорт

Дисциплинската комисија на ФФМ донесе одлука за поведување казна на ФК Шкендија по непочитување на навивачите на минута молк на мечот против ФК Брера

Објавено пред

на

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.

Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.

Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.

Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи. ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.

ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица.

Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.

Расистичко, националистичко или било каков облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи, стои во интегралното соопштение на „Куќа на фудбалот“

Прочитај повеќе...

Спорт

Раководството на ФФМ, предводено од претседателот Омерагиќ и генералниот секретар Јандреоски и Ганиу присуствуваа на 49 Конгрес на УЕФА во Белград

Објавено пред

на

©ФФМ

Денеска во Белград се одржа 49. Конгрес на Европската фудбалска Асоцијација, УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја претставуваа претседателот Масар Омерагиќ, генералниот сектретар, Леонид Јандреоски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу.

Конгресот на УЕФА ги собра челниците на европскиот и светскиот фудбал, многу гости од светот на фудбалот и од различни сфери на општественото живеење.

– Во Белград, првите луѓе на европскиот фудбал разговараа за иднината на европскиот и светскиот фудбал. Во својот говор, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакна зошто основните вредности на европскиот фудбал – единство, солидарност и тимска работа – се поважни од кога било во се поделениот свет.

Повеќе ќе прочитате на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин5 часа

Зошто Switch 2 е толку скап?

Едно од поголемите изненадувања минатата недела за време на лансирањето на Nintendo Switch 2 беше неговата цена. Иако многумина очекуваа...

Магазин5 часа

Можеби мислите дека вашиот телефон е ажуриран – но има едно ажурирање што веројатно го пропуштате

Дали навистина знаете дали вашиот Android телефон е целосно ажуриран? Повеќето корисници проверуваат само за системски ажурирања, но постои уште...

Автомобили5 часа

Volkswagen води на германскиот пазар на електрични автомобили, Tesla паѓа на осмото место

Германската Федерална управа за патен сообраќај (KBA) ги објави податоците за новите регистрации на електрични возила во првиот квартал од...

Lifestyle5 часа

Преработеното месо и холестеролот: Скриената закана за здравјето на срцето

Кога нивото на холестерол во телото е превисоко, се зголемува ризикот од натрупување на наслаги во артериите, што може да...

Магазин5 часа

NVIDIA RTX PRO 6000 Blackwell: Новата 96GB ѕверка за професионалци е побрза од RTX 5090 во CGI рендерирање

Најновиот графички процесор на NVIDIA, RTX PRO 6000 „Blackwell“, покажува импресивни перформанси и веќе ги надминува очекувањата. Насочена кон професионалци...

Магазин5 часа

Apple сè уште е опседнат со идејата за целосно стаклен iPhone

Новоодобрен патент открива дека Apple продолжува со истражувањето на футуристички уреди направени целосно од стакло. Документот, кој е одобрен од...

Магазин5 часа

Nintendo воведува нова можност за дигитално изнајмување игри

На денешната презентација на Nintendo Direct, компанијата ја претстави новата функција Virtual Game Card – дигитална алтернатива на физичките картички...

Магазин5 часа

Samsung со резултати над очекувањата за првиот квартал

Јужнокорејскиот технолошки гигант Samsung објави дека остварил оперативен профит од 6,6 трилиони вони (околу 4,1 милијарди евра) во првиот квартал...

Магазин5 часа

Discord лансира Social SDK за подобро социјално искуство во игрите

Платформата Discord го лансираше Discord Social SDK – нова бесплатна алатка наменета за програмери која овозможува лесна интеграција на социјалните...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за вторник (8 април)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

НАЈЧИТАНИ