Следете не

Хороскоп

[16.01] – сабота | Дневен Хороскоп

Објавено пред

на

ОВЕН
Прекумерната грижа станува исцрпувачка за секого. Вашите стравови ги проектирате претежно на женскиот дел од семејството. Интензивно размислувате за секој детал, а големите работи ги пропуштате. Вашата потреба да ги задоволите сите дома ја чувствувате како притисок.

БИК
Не сте доволно упорни. Кога ќе наидете на прв отпор, ги прогласувате работите за неважни за да ја прикриете вашата ранливост. Пред да го сторите тоа повторно, прегледајте што ви е поважно, сопствената гордост и суета или крајната цел од која сте сте се откажале.

БЛИЗНАЦИ
Ситуацијата не е прилично стабилна, но сепак е во втор план за вас. Вашите финансии наскоро ќе се подобрат, па затоа ќе се чувствувате посигурни изадоволни. Денот не е поволен за започнување на некои значајни чекори во деловниот план.

РАК
Вие долго се спротивставувавте на импровизациите и ги форсиравте своите идеи. Сега, кога туѓото решение е најнеповолно, мора да го прифатите. Вие мора да ја преземете вината за новата ситуација, затоа што предизвикувате незадоволство кај претпоставените со вашиот негативен став.

ЛАВ
Непријатните вести пристигнуваат наутро. Идејата што ја имавте, а се однесува на вашите амбиции, станува неизводлива со овој пресврт. Разочарани сте, и сè се случили затоа што сте ги измешале работата и приватниот живот, и им дозволивте на странците да ги решаваат вашите проблеми.

ДЕВИЦА
Соочени сте со дилемата дали да прифатите дополнителни долгови што ви ветуваат добра плата, но и значително зголемување на обемот на работа. Ако се организирате добро, новите обврски можат да ви обезбедат голема профитабилност на долг рок.

ВАГА
Ќе имате финансиска добивка поради која ќе посакате да го зголемите темпото. Не жалете се и не претерувајте со дополнителни обврски, туку трошете позитивна енергија во кругот на семејството, бидејќи тоа е полето што непогрешливо ве исполнува и лекува.

ШКОРПИЈА
Сè што правите, се враќате да го поправите. Предизвикувачките аспекти покажуваат дека ве чека стрес, особено ако очекувате брзи резултати од сè што правите. Реакцијата на околината на вашата работа е несоодветна, не очекувајте проценка бидејќи ќе биде неповолна.

СТРЕЛЕЦ
Стремете се кон слобода, подобро е да се воздржите затоа што не е поволен период за бунт. Дисциплинирајте и завршете сè што се очекува од вас дисциплинирано и навремено, избегнувајќи на тој начин напнати аспекти што можат да ви го расипат расположението и да ги уништат денешните планови.

ЈАРЕЦ
Вашите финансиски преокупации, партнерства и долгорочни инвестиции се интензивираат. Од вас се бара да промените некои свои навики и да се прилагодите на новите околности, и тоа секогаш ви е тешко, а често и невозможно. Бидете трпеливи и упорни.

ВОДОЛИЈА
Се потпирате на другите луѓе. Можеби сте премногу уморни, па тоа е вистинската причина за повлекувањето и предавањето. Работите можат да станат непријатно комплицирани ако не преземете одговорност и ги завршите своите обврски на време, дури и ако е непријатно за вас.

РИБИ
Време е за мала пауза, сепак, не дозволувајте си прекумерна релаксација. Користете го денот за да ги исчистите заостанатите долгови. Покрај тоа, идеално време е да ги обновите старите контакти со пријателите што сте ги запоставиле во минатото

Хороскоп

Хороскоп за четврток (20 февруари)

Објавено пред

на

ОВЕН
Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува како посредник помеѓу вас и важен колега. Добри моменти во емотивниот сегмент, фокусирани сте на партнерот, а тој на вас.

БИК
Денеска сте во променливо расположение и тешко ќе се фокусирате на обврските. Во моментов повеќе сте фокусирани на емотивниот сегмент бидејќи сакате да му посветите време на вашиот емотивен партнер. Исчистете некои ситници кои ве мачат во врската.

БЛИЗНАЦИ
Многу непланирана работа. Малку неочекувано, бидејќи се надевавте дека веќе ќе завршите со најголемите обврски. Можно е да е вклучена документацијата. Замор во попладневните часови, па прашање е дали ќе бидете „расположени“ за состанок.

РАК
Ќе се трудите да ги одложите обврските кои ги имате и да се посветите на себе, но и на пријателите и општеството. Добра забава попладне и навечер, но малку време за саканата личност. Но, важно е дека навистина ќе уживате.

ЛАВ
Денеска некако ќе морате да ги балансирате деловните и личните интереси, бидејќи тие се испреплетени и морате да ги завршите обврските од двете страни. Направете добар план и организирајте се. Емотивно добар ден, особено за нови познанства и флерт.

ДЕВИЦА
Ќе се трудите да стигнете до се и да го правите она што ви е важно на деловен план, и да ги почитувате пријателите, но и да не ја запоставувате саканата личност и нивните потреби. Ќе успеете да се организирате и да посветите доволно внимание на сите.

ВАГА
Денеска ве фати уморот насобран во претходните денови, па ќе гледате да се опуштите. Доколку имате обврски, ова ќе ви биде малку потешко, затоа потрудете се да бидете внимателни, бидејќи можете да направите и превид. Опуштете се на состанок со вашата сакана.

ШКОРПИЈА
Денеска вашите планови се одвиваат на најдобар начин и ќе успеете да завршите се што сте наумиле. И навистина многу намисливте. Мора да се признае дека на крајот од денот ќе се чувствувате уморни. Дури и во таква состојба ќе сакате да излегувате со пријателите.

СТРЕЛЕЦ
Од работата треба да завршите многу работи, но имате и обврски поврзани со куќата, па нема да знаете по кој пат да тргнете пред да свртите. Немојте само да ги испреплетувате овие обврски, бидејќи ќе си направите забуна. Одморете се со вашата сакана

ЈАРЕЦ
Имате големи планови за емотивна средба со партнерот или со личност која ви е многу привлечна и со која одржувате контакти. Прашање е дали ќе успеете да го вклопите со деловните обврски кои ќе настанат во последен момент.

ВОДОЛИЈА
Доколку имате деловни обврски, или ќе ги завршите брзо, или ќе се обидете да ги завршите од удобноста на вашиот дом. Она што ви треба денес е да си дозволите доволно одмор и релаксација, уште подобро – во друштво на саканата личност.

РИБИ
Иако ова е ден кога можете многу да направите во однос на комуникацијата со колегите, прашање е дали ќе сакате целосно да го вложите вашето време во работата. Сепак, добар дел од денот ќе поминете во дружење и разговор со саканите.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за среда (19 февруари)

Објавено пред

на

Овен

Ако очекувате прилив на пари, можете да се надевате на успех.

Ви доаѓа можност на личноста која ви се допаѓа отворено да и покажете дека ви се допаѓа.

Полни сте со сила.

Бик

Денеска ќе успееете да решите некоја дилема која постои кај вас од порано. Денот е поволен за работа.

Ви се ближи веридба или брак.

Ви пречи нискиот крвен притисок.

Близнаци

Имате многу обврски кои не можете да ги завршите сами. Потребна ви е помош.

Пред вас е период во кој би можело да дојде до љубовно разочарување.

Здравјето е добро.

Рак

Доаѓа фаза на мир и стабилност.

Ве очекува ново познанство кое би можело да доведе до љубовна врска.

Ви годи прошетка.

Лав

Постојат некои работи кои ве оптоваруваат на работа. Не можете лесно да ги решите.

Ве очекува возбудливо познанство со личност која отворено ќе го изрази својот интерес.

Одморајте што повеќе.

Девица

Можете да очекувате мирен ден без промени. Работите се одвиваат по стабилен тек.

Ако сте слободни, ве очекува ново познанство. Сепак, не сте подготвени за сериозна врска.

Проблеми со забите.

Вага

Потребно е да бидете трпеливи за да ги решите сите настанати проблеми.

Ви делува дека навлегувате во монотонија во љубовта. Не сте сигурни како да постапите.

Не се заморувајте премногу.

Шкорпија

Ќе добиете вести кои ќе ви ги отворат очите и ќе ве насочат кон нови одлуки.

Поволен ден за решавање на љубовните проблеми.

Зголемете го внесот на течности.

Стрелец

Работата не се одвива онака како што посакувате. Работите би можеле да се сменат на подобро.

Збунети сте и не ви е лесно да донесете вистинска одлука.

Пад на имунитетот.

Јарец

По драстичните промени на полето на работата, не ви е лесно да се стабилизирате и да заземете став на полето на работата.

Среќни сте покрај личност која ја сакате. Ако сте слободни, наскоро ќе влезете во нова врска.

Можен е низок притисок.

Водолија

Не се залетувајте со одлуките. Пред вас е период кој може да ви донесе многу компликации.

Ако сте во брак, ве очекува криза или заладување на односите.

Проблеми со варењето.

Риби

Барате нова работа, но страв ви е од промени.

Ќе запознаете интересна личност со која ќе посакате врска на долг рок.

Можни се проблеми со дишните патишта.

Прочитај повеќе...

Хороскоп

Хороскоп за вторник (18 февруари)

Објавено пред

на

Овен

Не сте многу посветени и само онака ги завршувате работите. Колегите и надредените можат да ви замерат поради тоа.

Расположението на саканата личност е во спротивност со вашето. Како да сакате исти работи, но во различно време.

Исцрпени сте.

Бик

Се јавуваат компликации кај вас на работа, но тоа не ве чуди. Како да го очекувавте ова.

Мирот и сигурноста од саканата личност ви влеваат верба во љубовта, но и сила.

Покачена температура.

Близнаци

Денеска е поволен ден кога станува збор за финансиите. Можете да очекувате позитивен исход во решавање на проблемите.

Се јавува можност за нова врска, но вие не сте сигурни што сакате.

Внимавајте во сообраќајот.

Рак

Не е добар момент за нови работи. Осигурајте се добро пред да направите нов чекор.

Иако мислите дека ситуацијата се смирила, се подготвува нова бура во вашиот однос со партнерот.

Потребна ви е релаксација.

Лав

Денеска ќе добиете важна задача која лесно ќе ја решите ако не се оптоварувате со притисокот од окружувањето.

Ќе ви пријде личност родена во знакот Лав, на која досега не сте обрнувале внимание.

Избегнувајте ги цигарите.

Девица

Ако се занимавате со приватен бизнис, ова е потежок период за вас. Денеска ви е потребна стратегија.

Загрижени сте дека вашите чувства не се возвратени во мерата која ви е потребна. Немате храброст за искрен разговор.

Поволен период за слабеење.

Вага

Ќе ви биде тешко да ја одржите концентрацијата, немојте да правите грешки.

Почувствителни сте од вообиачено и започнувате кавги без причина.

Потребен ви е одмор.

Шкорпија

Ќе се појават мали препреки кои ќе ги надминете без проблем. Денеска ќе бидете безгрижни.

Ако сте одлучни да ја освоите личноста која ви се допаѓа, подгответе се за тешка задача. Таа како да не е подготвена за сериозна врска.

Можна е несоница.

Стрелец

Успехот кој сакате да го постигнете ќе дојде само со тимска работа.

Со својата појава и ведар дух ги шармирате сите околу себе. Уживате во убавиот ден.

Здравјето е добро.

Јарец

Денеска ќе почувствувате некаков вид на олеснување. Како да попушта товарот кој го носевте досега.

Вашата верност може да биде доведена во искушение. Ни самите не знаете што да очекувате.

Би ви годела масажа.

Водолија

Поволен ден за решавање на проблемите. Конечно ќе успеете во тоа.

Можно е да сте запознале личност која е расположена за сериозна врска, но не сте сигурни колку таа е ваш тип.

Здравјето е добро.

Риби

Конечно доаѓаат подобри денови. Можно е подобрување на полето на финансиите.

Немате проблеми во врската. Конечно имате стабилен партнер.

Имате многу енергија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура2 часа

Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски

Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ...

Македонија9 часа

Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот...

Автомобили11 часа

Овие половни автомобили значително поскапеа – дали возите еден од нив?

Пазарот за „young timers“ – автомобили стари помеѓу 15 и 25 години – бележи огромни промени во цените. Во некои...

Lifestyle11 часа

Научници открија метод за совршено варени јајца

Ако мислите дека сте ја усовршиле техниката на варење јајца, можеби сè уште не сте го подготвиле „совршеното“ варено јајце....

Lifestyle11 часа

Зошто жените побрзо чувствуваат студ?

Температурата што е удобна за некои, за други може да биде премногу студена. Човечката перцепција на топлината варира, а полот...

Магазин11 часа

Google воведува машинско учење за проценка на возраста на корисниците

Google ќе започне со тестирање на нова функција оваа година, која користи машинско учење за да ги спречи децата да...

Свет11 часа

Научниците предупредуваат: Глобалното топење на глечерите се забрзува

Глечерите низ светот се топат со алармантна брзина, при што годишно се губат околу 273 милијарди тони мраз – еквивалентно...

Магазин11 часа

iPhone 17 нема да донесе побрзо полнење – Љубителите на брзото полнење ќе бидат разочарани

Ако очекувавте значително побрзо полнење со новата iPhone 17 серија, веројатно ќе бидете разочарани. Според најновите информации, iPhone 17, iPhone...

Магазин11 часа

GTA 6 – Најочекуваната игра во историјата: Кога ќе се појави во продажба?

GTA 6 е несомнено најочекуваната видео игра во историјата, а љубителите на франшизата со нетрпение го исчекуваат нејзиното официјално издание....

Хороскоп24 часа

Хороскоп за четврток (20 февруари)

ОВЕН Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува...

НАЈЧИТАНИ