Следете не

Lifestyle

3 брзи трикови за отстранување на подочниците

Објавено пред

на

Нема ништо полошо од рано будење на утро и тоа со огромни темни кругови под очите. На пазарот постојат бројни козметички препарати кои се борат против овој проблем, но доколку ниту еден од нив не ви е при рака, ние ви нудиме 3 иновативни начини да ги отстраните несаканите подочници и да го започнете денот во најдобро светло.

Чај
Црниот и зелениот чај содржат кофеин кој ги негува ситните крви жили кои се наоѓаат под очите, а содржи и танини кои ја стимулираат циркулацијата. Земете две вреќички црн или зелен чај одкако ќе ги употребите и сеуште се сеуште натопени, и ставете ги во ладилник на неколку минути. Така изладените кесички ставете ги под очите и оставете да делуваат 15-30 минути.

Алое вера
Можеби сте мислеле дека алое верата е добра само за изгореници, но нејзините состојки како витаминот Е можат да бидат одлични за подрачјето под очите бидејќи таа го смирува и смалува отокот. Ставете алое вера гел под очите и оставете да делува 10 минути, потоа нежно отстранете со памук.

Ладна вода
Ова е нај едноставниот но и нај ефективниот трик кој ќе ви помогне при подочниците. Натопете мека крпа со ладна вода и ставете ја преку очите. Ладната вода одлично ја поттикнува циркулацијата и го смалува отокот.

Lifestyle

Скокањето со јаже – едноставна навика што го продолжува животот

Објавено пред

на

Скокањето со јаже е омилена детска активност, но експертите препорачуваат да ја вратиме во секојдневниот живот поради нејзините бројни здравствени придобивки. Според познатиот олимписки тренер за спринт, Стјуарт Мекмилан, оваа едноставна вежба може да биде дури и поефикасна од џогирањето.

Зошто скокањето со јаже е толку корисно?

Мекмилан, кој има тренирано повеќе од 70 олимпијци, објаснува дека прескокнувањето е совршена комбинација на аеробни и плиометриски вежби – експлозивни скокови кои развиваат брзина, координација и сила.

Во подкастот The Huberman Lab, тој ги истакна главните придобивки:

  • Зајакнување на срцето и белите дробови

  • Подобрување на координацијата и мозочната функција

  • Јакнење на мускулите и сврзното ткиво

  • Намалено оптоварување на зглобовите во споредба со интензивните вежби

„Следниот пат кога ќе трчате, пробајте да менувате – трчајте 30 секунди, а потоа прескокнувајте со јаже. Ќе почувствувате разлика веднаш“, вели Мекмилан.

Позитивно влијание врз држењето на телото

Д-р Ендрју Хуберман, водител на подкастот, ја сподели својата лична искуство: „Се чувствував фантастично! Моите колкови беа опуштени, држењето ми беше совршено, дури ми се чинеше дека сум повисок за еден инч.“

Научни докази за здравствените придобивки

Истражувањата, вклучително и студија од 2010 година, покажуваат дека динамичните вежби како скокањето со јаже го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го подобруваат квалитетот на животот во подоцнежните години. Дополнително, оваа активност создава помало оптоварување на зглобовите во споредба со други интензивни тренинзи, што ја намалува можноста за повреди.

Само 10 минути дневно се доволни

Мекмилан препорачува скокањето со јаже дури и како побезбедна алтернатива за спринт, бидејќи помага во зачувување на брзината и експлозивноста што природно ја губиме со возраста. Според него, само 10 минути дневно се доволни за да ги активирате мускулите одговорни за брзи реакции и стабилност.

Извор: Index

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти

Објавено пред

на

Водата е есенцијален ресурс, но прекумерната потрошувачка може да доведе до високи сметки. Од перење алишта и туширање до готвење и наводнување на градината, секојдневно трошиме големи количини вода. Со воведување мали промени во навиките, можно е значително да се намалат трошоците, а експертите споделуваат неколку едноставни, но ефективни решенија.

1. Проверете дали има протекување

Протекувањата од славини, цевки или апарати како машината за перење и машината за миење садови можат да доведат до огромна загуба на вода. Редовно проверувајте ги овие извори и навремено поправете ги сите дефекти. Дури и мало капење може да резултира со неочекувано високи сметки.

2. Користете поефикасни туш глави

Модерните туш глави со регулатор на проток или аератори можат да ја намалат потрошувачката на вода без да го намалат притисокот. Овие тушеви мешаат воздух со водата, создавајќи чувство на поголем млаз, но со значително помала потрошувачка.

3. Намалете го времето под туш

Долгите туширања значително ја зголемуваат потрошувачката на вода. Намалувањето на времето за туширање дури и за неколку минути може да направи голема разлика во текот на месецот.

4. Користете тоалет со двојно плакнење

Современите тоалети овозможуваат избор на посилно или послабо плакнење, што помага да се заштеди значителна количина вода. Користете ја помалата количина вода кога е можно.

5. Собирајте дождовница

Дождовницата може да се искористи за наводнување на растенијата, миење автомобили или дури и за чистење на надворешните површини. Ова е едноставен начин да се намали потрошувачката на вода од водоводната мрежа.

6. Вклучувајте ги машините само кога се полни

Перењето алишта и садови кога машините се полупразни значи непотребно трошење на вода. Почекајте да ги наполните пред да ги вклучите за да го намалите бројот на циклуси.

7. Избегнувајте непотребно трошење вода

Не преполнувајте кади, не оставате водата да тече додека миете заби или садови и внимавајте на количината вода што ја користите за секојдневни задачи. Малите промени можат значително да се одразат на вашата сметка.

Со овие едноставни совети, можете да го намалите непотребното трошење вода и да направите значителни заштеди на вашите месечни сметки.

Извор: Vecerni
Прочитај повеќе...

Lifestyle

Како поместувањето на часовникот може да го подобри вашето здравје и расположение

Објавено пред

на

Секоја година, кога ги поместуваме часовниците за еден час напред, се покренува истата дебата – дали оваа промена носи корист или само предизвикува замор и конфузија?

Иако многумина се жалат на недостаток на сон и потешки утра, ретко се зборува за позитивните аспекти на ова прилагодување. Летното сметање на времето носи бројни придобивки за здравјето, продуктивноста и расположението.

Повеќе дневна светлина значи подобар квалитет на живот

Подолгите денови овозможуваат повеќе време во природна светлина, што има позитивен ефект врз телото. Сончевата светлина го стимулира производството на серотонин – хормон кој го подобрува расположението и го намалува стресот. Помалку време под вештачко осветлување придонесува и за подобро здравје на очите.

Подобрен деноноќен ритам и полесно будење

Иако во првите неколку дена будењето може да биде потешко, со текот на времето, деноноќниот ритам станува подобро усогласен со природната светлина. Утрото станува посветло порано, што овозможува поприродно будење со изгрејсонцето, наместо со аларм во темнина. Ова ја намалува утринската поспаност и ја подобрува концентрацијата во текот на денот.

Помал ризик од сезонска депресија

Сезонското афективно растројство (SAD) е поврзано со недостаток на сончева светлина, а поместувањето на часовниците овозможува подолга изложеност на дневна светлина, што може да помогне во борбата против сезонската депресија. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поминуваат повеќе време на сонце имаат постабилно расположение и повеќе енергија.

Повеќе физичка активност

Подолгите денови го поттикнуваат активниот начин на живот. Дополнителниот час на светлина често се користи за вечерни прошетки, возење велосипед или други активности на отворено. Ова позитивно влијае на физичкото здравје и целокупната кондиција.

Подобрена продуктивност и мотивација

Посветлите денови имаат позитивно влијание врз работната ефикасност. Повеќе сончева светлина во текот на денот го намалува заморот, го подобрува фокусот и го зголемува чувството на задоволство од работата. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат во простории со многу природна светлина имаат повисоки нивоа на енергија и помала потреба од попладневни дремки или вишок кафе.

Подобро регулирање на спиењето

Иако менувањето на часовникот може привремено да го наруши ритамот на спиење, телото со тек на време се прилагодува и тоа може да доведе до подобар ноќен одмор. Изложеноста на природна светлина во текот на денот придонесува за подобра регулација на сонот и подобро општо здравје.

Извор: Dnevnik

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили1 час

„Шкода“ го претстави својот освежен и подобрен модел на „Ениак“

Škoda претстави подобрени и освежени варијанти на моделот Škoda Enyaq. Според чешкиот производител, тоа е значително подобрување на постоечкиот модел,...

Магазин8 часа

Nintendo е подготвен да ја претстави конзолата Switch 2

Nintendo ќе открие детали за Switch 2 конзолата во среда, додека инвеститорите со нетрпение очекуваат информации за цената и датумот...

Магазин8 часа

Nvidia GTC 2025: Најновите иновации во вештачката интелигенција

Nvidia GTC 2025, најголемата технолошка конференција, ги носи најновите иновации во вештачката интелигенција, роботиката и компјутерските технологии. Не очекуваат нови...

Магазин8 часа

Apple Intelligence конечно достапен во Европската унија

Apple го објави iOS 18.4 за јавна дистрибуција овој понеделник, малку пред објавениот датум, што официјално им овозможи на корисниците...

Хроника8 часа

ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште

На 01.04.2025 во 18.25  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19)...

Македонија20 часа

Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава...

Хороскоп21 час

Хороскоп за среда (2 април)

ОВЕН Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо...

Временска прогноза21 час

Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето...

Спорт1 ден

Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на...

Македонија1 ден

МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење...

НАЈЧИТАНИ