Спорт
Како „Македонскиот Тигар“ го демолираше Ирецот во Рим во ММА лигата (ВИДЕО)

Во видеото подолу видете ја целата борба на “Македонскиот Тигар” Ален Амедовски кој синоќа со нокаут во првата рунда го демолира Ирецот Вил Флејри на настанот на салата Белатор во Рим.
Ова е шеста победа на Амедовски во ММА кој се бори во категоријата до 84 килограми. Ален сега живее во Италија.
На 29 годишниот борец од Центар Жупа ова му беше шестата последователна победа и е без пораз.
Досега во Италија и главно во Милано ги има совладано Мамду, Самарко, Дорошкин, Ткачи и Фантасија, и тоа со брзи и ефектни победи.
На сите свои борби Амедовски при претставувањето и прогласувањето задолжително го носи македонското знаме.
https://youtu.be/EAW70CW3mC8
Спорт
(ФОТО) ФК Ренова во финишот на мечот ги спаси трите бода во Кичево против ФК Напредок

Во рамки на денешниот ден беше одигран првенствен натпревар во третата македонска фудбалска лига – запад, помеѓу екипите на кичевски ФК Напредок и ФК Ренова каде што гостите славеа со 2:3 со постигнат гол од белата точка во самиот финиш од натпреварот.
Фудбалерите најпрво на теренот излегоа со маички кои го носеа натписот на градот Кочани и датумот на трагичниот настан, додека пред мечот со едно минутно молчење фудбалерите, стручниот штаб и гостите оддадоа почит према трагично загинатите луѓе во Кочани, воедно домаќините оддадоа почит и за смртта на поранешната фудбалска легенда на ФК Напредок, голманот Војче Угич кој во дамнешно време ги бранеше боите на кичевчани во спектакуларните натпревари.
– Мечот го отворија гостите со брзи два погодоци, така што во вториот дел од мечот кичевчани комплетно дојдоа до израмнување со головите на искусниот капитен Жарко Симјаноски и Мојсеј Зафироски, за на крај главниот судија да досуди пенал за гостите речиси во финишот на натпреварот, а таа шанса гостите не ја пропуштија, бетонирајќи ја победата од 2:3.
Во прилог галерија од мечот, преку нашиот објектив. Доколку сакате фотографија, преземете ја слободно од следниот линк ТУКА:
Спорт
Дисциплинската комисија на ФФМ донесе одлука за поведување казна на ФК Шкендија по непочитување на навивачите на минута молк на мечот против ФК Брера

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика. Одлуката е донесена поради недолично однесување на навивачите и непочитување на минута молк во рамки на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера од 25. коло во Прва МФЛ.
Дополнително, клубот ФК Шкендија е санкциониран со парична казна во износ од 5.000 евра поради лоша организација на натпреварот.
Дисциплинската комисија, исто така, донесе одлука делегатот на натпреварот ФК Шкендија – ФК Брера, Гоце Шоповски од Струга да се суспендира на шест месеци од извршување на било каква функција во фудбалот поради непочитување на пропишаните организациски протоколи.
Делегатот на натпреварот во Тетово не презел потребни дејствија во врска со однесувањето на навивачите и не постапил според протоколите за организација на натпревари, кои предвидуваат и празнење на трибината во вакви случаи. ФК Шкендија добива автоматска казна во паричен износ од 1.000 евра поради спречување на официјален снимател да ја извршува својата работа.
ФФМ во вакви или слични случаи нема да биде толерантна кон ниту еден клуб и очекува максимална одговорност од сите клубови и официјални лица.
Делегатите на натпреварите имаат јасно пропишани протоколи и сите потребни инструменти за делување во вакви ситуации. ФФМ им дава целосна поддршка во нивната примена и одлучност при постапувањето.
Расистичко, националистичко или било каков облик на дискриминаторско навивање нема да се толерира и ќе биде строго санкционирано согласно важечките регулативи, стои во интегралното соопштение на „Куќа на фудбалот“
Спорт
Раководството на ФФМ, предводено од претседателот Омерагиќ и генералниот секретар Јандреоски и Ганиу присуствуваа на 49 Конгрес на УЕФА во Белград

Денеска во Белград се одржа 49. Конгрес на Европската фудбалска Асоцијација, УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја претставуваа претседателот Масар Омерагиќ, генералниот сектретар, Леонид Јандреоски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу.
Конгресот на УЕФА ги собра челниците на европскиот и светскиот фудбал, многу гости од светот на фудбалот и од различни сфери на општественото живеење.
– Во Белград, првите луѓе на европскиот фудбал разговараа за иднината на европскиот и светскиот фудбал. Во својот говор, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакна зошто основните вредности на европскиот фудбал – единство, солидарност и тимска работа – се поважни од кога било во се поделениот свет.
Повеќе ќе прочитате на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (9 април)
-
Кичево10 часа
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за четврток (10 април)
-
Магазин2 дена
Можеби мислите дека вашиот телефон е ажуриран – но има едно ажурирање што веројатно го пропуштате
-
Свет17 часа
Се родија Ромул и Рем: За прв пат оживеа изумрен вид
-
Македонија16 часа
Од ноќеска значителен пад на цената на бензинот и дизелот
-
Магазин2 дена
Зошто Switch 2 е толку скап?
-
Автомобили2 дена
Volkswagen води на германскиот пазар на електрични автомобили, Tesla паѓа на осмото место