Кичево
„Bacardi Lounge Bar“ – Кичево после одмор од денес повторно достапни, повелете

Заклучно со денес петок 30.08.2019 од 15:00 часот, нашите партнери известуваат дека после заслужениот одмор повторно стартуваат со работа.
Повелете и вкусете ги најубавите топли и ладни пред јадења, најубавите рол сендвичи, салати, пица, даски и разновидни пијалоци.
Секако активна ќе биде и доставата до вашиот дом или работно место со јавување на ☎️ 076/566-599
Ве очекуваме.
Bacardi Staff.
©2019
Кичево
Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид

ГД Гранит АД Скопје известува за започнување со изведба на градежни работи од 03.03.2025 година на делот на кружниот тек кој е лоциран на крстосницата помеѓу Магистрален пат А2 делница Кичево-Охрид, со пат за с. Србјани и почетокот на с. Другово.
– Се препорачува внимателно возење на тој дел од сообраќајот и да се почитува времената измена на режимот на сообраќајот на крстосницата.
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево1 ден
Важно сообраќајно инфо за делница кај кичевските села Србјани-Другово, на пат Кичево-Охрид
-
Хороскоп19 часа
Месечен Хороскоп (март 2025)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (28 февруари)
-
Култура12 часа
Денеска за верниците од исламска вероисповед започнува Светиот месец „Рамазан“, месец на пости и религиозна посветеност
-
Култура23 часа
Бигорски Манастир ги кани сите верници на вечерна Богослужба за Прочка
-
Lifestyle1 ден
Со исклучување на овие уреди преку ноќ, можете да ја намалите сметката за струја
-
Автомобили2 дена
„Шкода“ започнува со производство на новите автомобилски модели „Enyaq“ и „Enyaq Coupé“
-
Магазин1 ден
Samsung го забрзува темпото, Galaxy S25 Edge во продажба во мај