Кичево
Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Една од најкрвавите битки во Илинденското востание во Кичевско се одиграла на една голема полјана помеѓу селата Карбуница и Кладник во месноста „[sg_popup id=”25235″ event=”onLoad”][/sg_popup]Гурѓејца“. Според хроничарите оваа битка се одиграла на 4 август 1903 година и претставува една од ретко успешните и добиени битки на востаниците во Илинден, кој успех силно одекнал меѓу востаниците, како и во целиот битолски револуционерен округ. Оваа битка со својата пожртвуваност се втемели во успехот на познатата Крушевска република од 1903 година. Загинатите борци на Гурѓејца ги испишаа светлите страници на Македонскиот непокор.
По нападот на востаницитс на Кичево, турскиот аскер ги зајакнал своите позиции, како засилување им дошле војниците од гарнизонот сместен во селото Ижиште и со силен напад се упатиле кон селото Вранештица, се со цел да пробијат кон селото Слп и да се поврзат со војските од демирхисарско. Турската војска наишла на силен отпор од селската чета од Вранештица, како и востаниците предводени од Арсо војвода. Во овие борби зеле учество и селските чети од бржданска река Брждани, Белица, Јудово, Кладник и Видрани. Во овие борби се борела и манастирската чета што ја водел младиот поп Стојан од селото Подвис. Востаниците имале успех и го принудиле аскерот да се повлече кон градот. Во тие борби војводата Арсо, минувајќи низ селото Староец, една аскерска заседа го ранила во ногата, но тој храбро ги продолжил борбите.
Разбеснат поради големите загуби во овие борби на 3 август, турскиот аскер масовно тргнал да се пресмета со востаниците, собирајќи и голем број на башибозучки сили. Осамнал 4 август 1903 година. Убав летен ден, а над селото Карбуница се надвиснале црни облаци од чад од силната пукотница. Започнала најкрвавата битка во Кичевско битката кај “Ѓурѓејца”. Се судриле две војски, гради вгради. За кусо време пукотниците од оружјето престанале. Аскерот и востаниците се фатиле гуша за гуша и се бореле со кундаците и бајонетите. Востаниците имале тешки загуби. Во тие тешки и судбоносни моменти пристигнала веста дека на помош доаѓа Јордан Пиперката со над 150 востаници од Демирхисарско. И навистина Јордан пристигнал. Веста за пристигнувањето на Јордан Пиперката, внесла забуна во редовите на турската војска и башибозук. Сите добро знаеле кој е Јордан, храбар и бестрашен борец. Борбените дејствија биле се пожестоки и неизвесни. Во силната пукотница смртно бил погоден башибозучкиот водач Сефер ага од Зајас. Наеднаш затишје на Ѓурѓејца, потоа аскерот се дал во бегство, штом виделе дека водачот им загинал. Прв пат во Илинден оваа битка била добиена, положбата над Карбуница бил спасен, а со тоа бил нанесен тежок удар на вековниот поробител. По се изгледа дека аскерот дал големи жртви што се откажал од понатамошните акции.
Оваа битка кај Гурѓејца востаниците скапо ја платиле давајќи над 30 загинати борци од кои 17 загинати претежно од демирхисарско. Селаните од Кладник ги закопале во дворот на црквата, каде денес на надгробната плоча се испишани имињата на борците кои ги дадоа своите животи за делото на Македонија. На третиот ден по битката во селото Белица дошол членот на Главниот Штаб Борис Сарафов, кој се сретнал со Арсо Војводата и со селските реонски војводи, кој изразил благодарност за пожртвуваноста на борците во оваа пресудна битка.
Турскиот аскер скоро три седмици не се појавил на теренот во Горна и Долна Копачка. Во тој период се вратиле сите селани, жени и деца кои биле во збегови во шумата, почнало да се собира летината и да се собере нешто за претстојната зима.
Задушувањето на Илинденското востание во Кичсвско се одвивало со неколку аскерски офанзиви распоредени скоро по сите реони. За разлика од другите револуционерни реони, а особено во Охридскиот каде последиците биле најжестоки, во кичевско многу побавно течело ликвидирањето на востаничките сили. Османлиската власт не успеала да го вклучи во борбата масовно муслиманското население, како за време на востанието, така и во задушувањето. Голема била улогата на Лука Ѓеров кој успеал да постави дијалог со албанското население од дебарскиот крај, а по овие разговори останале неангажирани во задушувањето на востанието.
Првиот обид за повторно заземање на Копачијата бил направен на 30 август 1903 година, кога силен аскер, со јачина од 500 души од дебарскиот гарнизон, го минале планинскиот превој “Јама” и го нападнале селото Душогубица, а друга потера тргнала кон селото Лавчани. Храбрата селска чега од Душогубица што ја предводел Крсте Алексов, искусен војвода кој бил од Ербеле дебарско, се оженил во село Душогубица и целосно се вклучил во ослободителните борби во Илинден, во Копачијата и Кичевско, заедно со Лука Ѓеров и со Наќе војвода. како и селските чети од Иванчишта, Ехлоец, Попоец, Кленоец и Малкоец, кои им дошле на помош успеале да го одбијат овој напад. Башибозукот кој доаѓал преку “Два Камена” и покрај силниот востанички отпор го запалиле селото Лавчани. Во акциите за задушување на востанието и во Рабетинска река аскерот направил неколку обиди да се справи со востаниците. После тешките борби кај месноста “Подуач” борбите кај селото Патеец или како оној судир е познат “патеечки судир”, аскерот на 26 и 27 август 1903 година со големи сили од Поречието, ако и од гарнизонот во селото Ижиште извршиле напад на востаничкиот реон Рабетино.

Месност „Подуач“ крај село Речани (Рабетинско), сведок на големата жртва на македонскиот народ од кичевско за време на Илинден
Борбите траеле два дена. Во овие борби востаниците претрпеле страотен пораз во кои борби своите животи ги дале над 35 востаници. Во овие борби треба да се подвлече и меѓусебната борба меѓу две турски потери Едната потера која доаѓала од Кичево, преку Орланци и Крушица се судрила со турската потера која доаѓала од Патеец. Во меѓусебните борби кај селата Рабетино и Дупјани имало многу убиени, но за одмазда ги запалиле селата Дупјани и Рабетино. На 18 септември 1903 година неочекувано од Кичево дошла многу војска и од Бржданска река, кога било ограбено и запалено селото Белица. Последен продор на турскиот аскер бил направен во почетокот на месец октомври, кога биле целосно освоени селата Брждани, Козица, Белица, Свињишта, Видрани, Кладник и Карбуница. На тој потег бил и манастирот Света Богородица – Пречиста, кој и покрај силниот отпор од манастирската чета предводена од поп Стојан бил освоен.

Манастирот Света Богородица Пречиста крај Кичево, едно од последните упоришта на отпорот за време на Илинденското востание
Главниот востанички штаб издал наредба во која се предлагало: да се расформираат селските чети во помали групи, да се избегнуваат директни судири со аскерот, луѓето кои беа во збегови да се вратат во своите домови, бидејќи турскиот аскер имал објавено, онаму каде ќе се најде празно село, ќе биде запалено.
Така постепено згаснал огнот во Илинденското востание во Кичево и Кичевско.
Кичево
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата

Меѓународната вселенска алијанса (ISA) во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) доби грант за проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”. Овој проект има за цел да ги обедини младите од различни етнички и културни заедници во Кичево преку активности поврзани со уметноста и науката за вселената.
Проектот опфаќа 4 работилници, од кои едната веќе беше реализирана (тука можеш да видиш повеќе информации https://fb.me/e/9u4QXdzsS).
Втората ќе се одржи оваа сабота итоа во два термини, има уште многу малку места, на база на „прв дојден – прв услужен“ регистрирајте се навремено на линкот подоле:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScLhJgOvuDYrC0kZ878C035T8-oP0RXYWv9DpniJ-EajP-Ifg/viewform?usp=sharing
Ова е Фејсбук Настанот: https://www.facebook.com/share/164Kja16UU/
🎨✨ Сликање на ѕвездите – Уметност инспирирана од ноќното небо! ✨🌌
Овој уникатен настан им овозможува на децата и тинејџерите да ја истражат врската помеѓу астрономијата и уметноста. Преку водена сликарска сесија, учесниците ќе научат како ноќното небо ги инспирирало уметниците низ историјата и ќе создадат сопствени уметнички ремек-дела инспирирани од ѕвездите.
🌠 Што ќе правиме?
🖌 Истражување на ноќното небо како уметничка инспирација
🎨 Креирање на сопствена галактичка уметност
📖 Запознавање со познати уметнички дела инспирирани од ѕвездите
👩🎨 Забавно и интерактивно учење за врската меѓу науката и уметноста
📅 Датум: 5 април
🕘 Сесија 1: 11:00 – 13:00 (возраст 8-12 години)
🕞 Сесија 2: 14:00 – 16:00 (возраст 13-18 години)
📍 Локација: Китино Кале
⚠ Ограничен број места! Пријавете се сега за да ја резервирате вашата уметничка авантура! 🎨✨
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 🎂 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата 🛒 работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
📍 Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
⏰️ 19:30ч.
Бидете дел!
-
Временска прогноза1 ден
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (2 април)
-
Македонија1 ден
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија1 ден
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Кичево2 часа
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата
-
Македонија1 ден
(ФОТО+ВИДЕО) Во Манастирот Рајчица одекна новиот „Благовесник“
-
Хроника12 часа
ОВР Крива Паланка приведе три лица, се сомничат за убиство на 84 годишен старец, најден закопан во близина на живеалиште
-
Македонија23 часа
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“