Македонија
Честит 8-ми септември, 29 години самостојна, суверена, Република Македонија!

Република Македонија денеска го одбележува 29 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.
Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г.
На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот.
Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија.
Македонците самите резултати ги прифатиле со голем оптимизам и еуфорија.
Еве едно ретро видео од прославата по повод 8-ми септември некогаш, кога Македонија славеше 20 години независност во Скопје.
Македонија
Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар, бензините остануваат со иста цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,00 ден/лит
Извор: РКЕ
Македонија
На експресниот пат „А1“, делница Градско-Дреново од денес до април ќе има пренасочен сообраќај и регулиран на одредени делови поради работа

На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од денес 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната одбојна ограда на вијадукти и мостови, сообраќајот ќе биде пренасочен и регулиран на одредени делови од оваа делница.
Извор: АМСМ
Македонија
Здружението на новинари – „ЗНМ“ упати апел до политичарите и носителите на јавни функции

Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани. Следниот водич треба да служи како пример пред се за владините службеници, кои во неколку наврати на одвоени прес конференции имаа несоодветна комуникација со дел од новинарите.
Таквата комуникација не смее да стане пракса, на прашањата на новинарите кои се глас на јавноста треба да се одговара постојано и отворено, се вели во соопштението, кое во потточки прецизно го наведуваат следново:
1️⃣ Не покажувајте ароганција и незаинтересираност
-Не бидете одбивни, нетрпеливи или иритирани.
-Избегнувајте сарказам, превртување на очи или покажување на надмоќност.
-Не ја минимизирајте трагедијата и не префрлајте вина на други.
2️⃣ Не прикривајте информации и не избегнувајте одговори
-Не одговарајте со нејасни и празни фрази.
-Ако одредени информации сè уште не се достапни, кажете го тоа отворено наместо да бегате од прашањата.
-Не давајте погрешни или контрадикторни информации – тоа создава недоверба и шпекулации.
3️⃣ Не ja користете трагедијата за политички маркетинг
-Ова не е време за политички поени или ПР настапи.
-Не ветувајте нешто што не можете да го исполните.
-Не ја користете трагедијата за напад на политички противници.
4️⃣ Не ги обвинуваjте јавноста, медиумите или жртвите
-Не сугерирајте дека жртвите сами си се виновни.
-Не напаѓајте новинари дека „ширеле паника“ само затоа што поставуваат тешки прашања.
-Медиумите имаат право да информираат – почитувајте ја нивната улога.
Извор: ЗНМ
-
Македонија1 ден
ИТНО да се известат семејствата на Методија Цонев и Стефанија Златановска што побрзо да пристигнат во скопската болница „8-ми Септември“
-
Хроника21 час
Да се молиме за Панчо! Во несреќата вдишал топол дим, оштетена му била трахеата!
-
Балкан6 часа
(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники
-
Хроника1 ден
Тага и горчина, Костадинов ја потврди лошата вест за членот од бендот на ДНК
-
Хроника1 ден
(ВИДЕО) Директорка на кочанската болница: „Дел од починатите се малолетни, без лична карта, нивната идентификација е тешка“
-
Хроника1 ден
Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК помеѓу загинатите, се спасил но се вратил да спасува девојчиња!
-
Македонија23 часа
Предмалку се огласи Министерството за здравство со важни информации
-
Хроника1 ден
Мартин Атанасовски „Буцо Битбокс“ и тонецот Игор Велков на групата „ДНК“ долги години соработници меѓу загинатите во трагичната несреќа во Кочани