Македонија
ЗА НЕГОВИТЕ ЧУДА ЗБОРУВА ЦЕЛ СВЕТ: Денеска се слави Свети Василиј Острошки (ВИДЕО)

Василиј Острошки се слави како голем чудотворец чии дела се познати и надвор од границите на Српската православна црква. Неговото свето тело во целост почива во Острошкиот манастир веќе 300 години.
Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј се чудотворните моќи на неговото тело.
Не можат да се избројат чудата, кои Господ преку него ги направил, и кои секој ден се случуваат и се покажуваат над секој оној кој доаѓа и бара помош.
Многумина веруваат дека доколку се ветат дека на овој ден ќе отидат во манастирот , нивната болест или болеста на некој ближен ќе помине.
Ако се решите да побарате помош од светецот, тогаш денеска треба да започнете со строг пост кој треба да трае до Духовден, а потоа отидете во манастирот и причестете се.
Ако познавате некоја личност која се подготвува за ова патување, треба да и однесете масло, темјан и памук да го однесе и остави кај светецот “да преноќи”.
Памукот, маслото и темјанот кои се носат на Острог треба да се чуваат за зли работи. (народски кажано “За недај Боже”)
За исцелување на телото и душата прочитајте ја оваа молитва:
Македонија
Мало намалување на цената на нафтените деривати од ноќеска

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,50 ден/лит.
Македонија
Воведена забрана за тешки товарни возила за Стража, Маврово-Дебар

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, на патниот правец крак Маврово – Дебар и од 16.20 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.
Извор: ЈП Македонија Пат
Македонија
МВР: Лишено лице од слобода, по друго се трага, во врска со пукањњето објавено на социјалните мрежи

На 05.04.2025 врз основа на споделен видеозапис на социјалната мрежа Facebook, а поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело по член 288 и 396 од КЗ на РСМ, полициски службеници од ОВР Прилеп во содејство со полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во с.Црнилиште Општина Долнени, во домот на Џ. Ќ.(51). При претресот пронајдени се три парчиња оружје кои ги поседува со дозвола и тоа, полуавтоматска ловна пушка, репетирачки карабин и полуавтоматски пиштол, како и 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон и еден ресивер поврзан на видеонадзор инсталиран во домот.
Пронајдените предмети се одземени поради сомнение за извршено кривично дело по член 288 од КЗ. Утврдено е дека лицето оружјето го поседувал со дозвола и истото привремено е одземено по што ќе следи постапка за одземање на дозволата за оружје. Џ. Ќ. е лишен од слобода, а се преземаат мерки за пронаоѓање на неговиот син А.Ќ. и за расчистување на случајот, известува МВР за јавноста и медиумите
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (7 април)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Започна продор на ладен воздух, до вечер снежен циклон ја зафаќа Македонија на повеќе места
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за вторник (8 април)
-
Мобилни уреди2 дена
Зошто е битен „авионскиот режим“ да биде приклучен додека патувате со авион
-
Скопје2 дена
МВР привремено одзеде 10 возила кои предизвикувале бучава и т.н. диви трки во Скопје
-
Македонија2 дена
Воведена забрана за тешки товарни возила за Стража, Маврово-Дебар
-
Временска прогноза24 часа
Метео+: Сибирски студ цела седмица, утринските температури дури до -10°C
-
Македонија2 дена
МВР: Лишено лице од слобода, по друго се трага, во врска со пукањњето објавено на социјалните мрежи