Скопје
Да донираме и да бидеме хумани за Христинче од Скопје! (СПОДЕЛИ ВИДЕО)

Христина Митревска од Скопје, родена на 05 Јануари 2007, е ЕДИНСТВЕНАТА во Македонија, со ретка болест, односно е единствено лице со ретка ендокринолошка состојба и најтежок облик на хронично заболување, вклучително и нарушена здравствена состојба…
Таа е ЕДИНСТВЕНАТА од Македонија, која е поканета во Вашингтон, Соединети Американски Држави, на БЕСПЛАТНА ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА ДИЈАГНОСТИКА, со цел конечна дијагноза за нејзината состојба.
За превозот и престојот во Вашингтон, потребни се 500.000 денари. Средствата треба да се соберат најкасно до 31 Март 2018. За таа цел отворени се броевите за донации и тоа:
143 502 за корисници на VIP и ONE
143 112 за корисници на T-Mobile
Секој повик обезбедува 100 денари
ПРИКЛУЧИ СЕ!
УЧЕСТВУВАЈ!
ДОНИРАЈ
Скопје
Вчера 17-годишник бил прегазен од автомобил на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје

На 18.02.2025 околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, истакна МВР.
Скопје
МВР со зајакнати контроли во главниот град

Во текот на вчерашниот ден (18.02.2025) во периодот од 09:30 до 18:30 часот беше спроведена зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на град Скопје, при што санкционирани се 262 учесници во сообраќајот.
Од нив 10 возачи управувале без возачка дозвола, изречени се три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за непропуштање пешаци на обележан пешачки премин, четири санкции за возач почетник, 12 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Скопје
МВР: Кривична пријава за малолетникот што удри пешаци во Скопје

СВР Скопје денеска (16.02.2025) до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против малолетникот што синоќа удри пешаци во Скопје.
Имено, на 15.02.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во Скопје патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник од Косово, удрило во пешаците С.И.(18) и 17-годишна малолетничка, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Возачот е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по брза постапка.
-
Кичево2 дена
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Временска прогноза2 дена
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Кичево17 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура2 дена
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден
-
Македонија22 часа
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена