Македонија
Дедо и внук преминувале улица во Штип, такси возило ги удрило на пешачки

Такси возило утрово удри во двајца пешаци на пешачки премин во централното градско подрачје во Штип. Пешаците, кои биле дедо и внук, се здобиле со телесни повреди.
Несреќата се случила утринава околу 8 часот, кога 65-годишниот пешак и неговиот осумгодишен внук преминувале на пешачки премин на мостот кај Стопанска банка, а во нив удрило такси возило марка шкода „фабиа“. Возилото го управувал 60-годишен возач од Штип.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека пешаците веднаш се пренесени во штипската Клиничка болница, каде што им се констатирани телесни повреди.
Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска забележа дека по извршените прегледи и снимања утврдено е дека лицата се со полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Во Штип пред неколку месеци на пешачки премин на булеварот „Гоце Делчев“ беше прегазен 14 – годишен средношколец, кој неколку дена подоцна им подлегна на тешките повреди, а во истиот период беше прегазена жена на пешачки премин кај кружниот тек кај Стопанска банка.
Панјотова апелира возачите и пешаците да внимаваат и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, со цел поголема безбедност за сите ученици во сообраќајот.
Вести /ТВСител
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза10 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија13 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди10 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети