Спорт
Дејан Милошевски „Чобачо“ од Кичево, стана најмладиот светски судија во карате
Македонецот Дејан Милошевски (30) од Кичево стана најмладиот светски судија во карате. На карате премиер лигата во Дубаи, која се одржа од 10-ти до 18-ти февруари годинава, учествуваа 400 судии и 619 натпреварувачи од 73 земји, а натпреварот овозможи двајца судии од Македонија да се стекнат со лиценци за светски судии во карате борби-кумите, Дејан Милошевски и Валентина Пурдеска.
„Јас сум по втор пат најмлад судија, прво со европска лиценца, а сега и со светска. Со оваа лиценца се вбројувам во десетте светски карате судии во Македонија“, изјави Милошевски.
Дејан засега е единствен во Македонија што во иста календарска година (2013) станал државен првак во кати, а потоа балкански и европски судија во карате за кати и борби. Како што вели и самиот, напорните тренинзи и многубројните наптревари не се пречка за да продолжи со својата кариера и со голема гордост и задоволство да ја претставува Македонија во светски размери.
„Со оваа лиценца можам да судам на сите интернационални натпревари во целиот свет. Мојата следна цел се Олимписките игри во Токио 2020 каде каратето конечно ќе биде дел од оваа најголема светска спортска манифестација“, истакнува Дејан Милошевски, најмладиот светски карате судија.
Спорт
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
Во “Хилтон” денес се одржа вонредното собрание на ФФМ, каде единствен кандидат беше г-дин Масар Омерагиќ, со мандат до 2025 година, кога ќе се одржи Редовно годишно собрание.
– Врвните фудбалски имиња ќе бидат повторно дел, систем за подобрување на младинските категории, женскиот фудбал. Ветувам чесност, транспарентност, максимална, ќе се заложам за фудбал, за јавноста истакна Омерагиќ.
Од тука, нашиот медиум упатува срдечни честитки, за поголеми успеси и плодна работа!
Спорт
Македонската футсал селекција одигра нерешено против Андора на домашен терен
Футсал А репрезентацијата на Македонија одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Андора на домашен терен во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година. Нашата најдобра футсал репрезентацијата во спортската сала „Јане Сандански” не успеа да ја оправда фаворитската улога и одигра само нерешено против аутсајдерот во нашата група.
Првиот погодок на денешната средба го постигна Петровиќ во 33. минута и ја доведе Македонија во позитива. Футсалецот погоди по асистенција на Рамадан, но радоста траеше кратко.
Противникот веднаш возврати и преку Жозеп Сегура го изедначи резултатот. Македонија во претходното коло се соочи со фаворитот во групата, Холандија и на гостински терен забележа пораз со 4:2, известува Фудбалската федерација на Македонија.
Спорт
Вчера во ФФМ се одржа работилница за финансиски критериуми во клупско лиценцирање
Вчера во „Куќата на фудбалот“ се одржа работилница за финансиските критериуми во процесот на клупско лиценцирање, која беше организирана со цел да ги информира и едуцира сите вклучени субјекти во процесот на лиценцирање на клубови.
Работилницата се одржа во присуство на финансиски директори, сметководители и ревизори кои се дел од клубовите кои аплицираат за лиценца.
Целта на работилницата беше да се обезбедат детални информации и практични насоки за тоа како клубовите можат да ги исполнат финансиските критериуми потребни за успешна апликација за клупска лиценца. Присутните имаа можност да ги разгледаат најновите прописи и регулативи кои се однесуваат на финансиската стабилност, транспарентност и одржливост на клубовите.
Теми на работилницата беа:
Основи на финансиските критериуми за клупско лиценцирање:
Преглед на клучните финансиски стандарди што клубовите мора да ги исполнат, како што се ликвидност, профитабилност и одржлива финансиска структура
.Прописи за финансиски извештаи и документи:
Детален преглед на финансиските документи што се бараат при апликацијата за лиценца, вклучувајќи годишни извештаи, ревизии и други релевантни извештаи.
Преглед на најчести финансиски грешки и проблеми:
Анализа на најчестите грешки кои се појавуваат при подготовката на финансиските извештаи и како тие можат да се избегнат.
Презентација на системи за ревизија и контрола:
Како клубовите можат да воведат подобри процеси за финансиска контрола и ревизија за да ги задоволат барањата на лиценцирањето.
Работилницата се состоеше од теоретски дел, каде што учесниците беа запознаени со законските рамки и правилници, при што присутните имаа можност да дискутираат на овие теми. Оваа интерактивна форма овозможи поблиска комуникација помеѓу учесниците и експертите, што значително ја подобри размената на искуства и знаења.
Работилницата беше од големо значење за учесниците, кои добија практични совети и препораки за подобрување на финансиското управување во клубовите. Присутните се согласија дека најголемиот предизвик за клубовите е да ги исполнат финансиските критериуми, особено во периоди на економски предизвици.
Одделението за лиценцирање при ФФМ најави дека работилници од овој тип ќе продолжат и во иднина, со цел да се овозможи поддршка на клубовите кои аплицираат за клупска лиценца и размена на знаења и искуства, за јавноста истакнаа од Фудалската федерација на Македонија
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Македонија7 часа
ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч
-
Временска прогноза20 часа
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи
-
Временска прогноза11 часа
Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…
-
Македонија7 часа
Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово
-
Автомобили1 ден
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година