Следете не

Спорт

Спортска соба епизода 3

Објавено пред

на

Спорт

Златниот симбол и оригинален трофеј од FIFA World Cup™ денеска беше официјално презентиран во Скопје

Објавено пред

на

Трофејот пристигна во Скопје како дел од турата на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola. Златниот симбол на светското фудбалско единство пристигна заедно со амбасадорот на турнејата на трофејот, бразилската фудбалска икона Жилберто Силва.

Дом на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј денес беше Пивара Скопје, официјалниот претставник на The Coca-Cola Company во нашата земја. Трофејот беше откриен во историски момент од страна на г. Стево Пендаровски – Претседател на Република Македонија и фудбалската легенда Жилберто Силва, во присуство на г. Ламбро Патче – Директор за корпоративни политики и одржливост, г. Муaмед Сејдини – Претседател на ФФМ, г. Лука Сантандреа, генерален менаџер на франшиза на the Coca-Cola Company, како и во присуство на претставници на медиумите од целата земја.

Овогодишната турнеја FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola досега пропатува повеќе од 750.000 километри и е дел од кампањата на Светското првенство на ФИФА што ќе се одржи во Катар во 2022 година. Овогодишната глобална турнеја на трофејот ќе патува во 51 земја, вклучувајќи го и нашиот главен град – Скопје, овозможувајќи им на македонските фудбалски обожаватели да уживаат во фудбалската магија.

Официјалните изјави може да ги проследите ТУКА

Прочитај повеќе...

Спорт

По пенал рулет Македонија ЃП го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Објавено пред

на

Македонија Ѓорче Петров е освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија откако по пеналите беше подобар од Силекс со 4-3. Во регуларниот дел и во продолженијата немаше голови, немаше ниту шанси, во тврд натпревар во кој Македонија ЃП го имаше поседот, а Силекс шансата на мечот во регуларниот дел. Христијан Стевковски е херојот на „лавовите“ откако одбрани зицер во регуларниот дел, а потоа и одбрани два пенали во пенал серијата.

Стевковски во 57. минута му скина „зицер“ на Каланоски, и со тоа стана јунак во регуларниот дел, а потоа во продолженијата немаше ниту сила за нешто повеќе. Само една шанса преку Купер, но тоа беше се.

Стевковски го одбрани првиот шут на Алији од Силекс во првата пенал серија, а Адем погоди за водство на Македонија ЃП. Личина и Цветаноски потоа беа прецизни во втората серија, а во третата Стевковски му го одбрани пеналот на Рајков, додека Атанакоски беше прецизен, па предноста на ѓорчепетровци беше голема. Но во четвртата серија Стојчевски погоди, а не успеа паненката на Попзлатанов, па Силекс и натаму остана во игра. Но во последната серија Каланоски погоди, но погоди и Емини за голема радост на Македонија ЃП.

Facebook: ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

Facebook: ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС  0-0 пен. 4-3

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Судија: Александар Грујоски.

Ж. Картони: Алексовски, Купер, Емини (МЃП) – Каланоски, Алији, Спиркоски, Цветаноски (С).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Атанаскоски, Мишевски, Личина, Лазаревиќ, Адем, Емини, Воша (105’ Божиновски), Лемос (91’ Алексовски), Попзлатанов, Стојкоски (56’ Купер).

СИЛЕКС: Божиновски, Рајков, Манасиевски (77’ Танушев), Стојчевски, Љамалари, Каланоски, Спиркоски (105’ Цветаноски), Алији, Димоски (77’ Петковски), Коцев (57’ Стојчевски), Серафимовски.

Прочитај повеќе...

Спорт

Бостон убедлив против Мајами за 1:1 во финалето на Истокот (ВИДЕО)

Објавено пред

на

Фото: Unsplash

Кошаркарите на Бостон синоќа го совладаа Мајами на гости со 127:102 и изедначија на 1:1 во финалето од плејофот на Источната конференција на НБА лигата. На Смарт му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, бидејќи забележа 12 асистенции и девет уловени топки.

Двоцифрен учинок во победничкиот тим имаше Грант Вилијамс со 19 поени, како и Ал Хорфорд и Пејтон Причард кои постигнаа по десет.

Во редовите на Мајами најдобар беше Џими Батлер кој за 32 минути на теренот постигна 29 поени, а по 14 постигнаа Виктор Оладипо и Гејб Винсет.

Мајами подобро го отвори натпреварот и во првата четвртина стигна до десет поени предност, но Бостон го смени резултатот со серија од тројки.

Селтикси беа подобри од Мајами во 18 минута со 60:21, што им донесе предност на полувремето од 70:45.

Предноста од 25 поени на полувремето беше најголема во плејоф натпревар што една екипа ја имаше на гости.

На крајот, Бостон за малку ќе ја извојуваше најубедливата победа досега во плеј-офот, а Мајами го претрпе најтешкиот пораз. Најубедливата победа на Селтикси досега во плеј-офот е 40, а најтешкиот пораз на Мајами е 36 поени.

Следните два натпревари од оваа серија ќе се играат во Бостон, а првиот е ноќта меѓу сабота и недела.

/beta.rs/

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за понеделник (23 мај)

ОВЕН Денес Месечината кај Овенот ги истакнува деловните и личните односи што се сведуваат на одредени обврски и дискусии. Договорените...

Македонија12 часа

Вчера во СВР Охрид било пријавено дека жена паднала од зграда, која била итно пренесена во болница

На 21.05.2022 околу 13:20 часот во СВР Охрид, пријавено дека, на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, од зграда паднала Н.К.Д.(29)....

Скопје19 часа

Полицијата не простува, вчера изрече дури 246 мерки

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На...

Временска прогноза21 час

Невообичаено високи температури со можност за локално невреме

Нашата територија се наоѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која продира од северните предели на Африка, и истата условува натпросечно високи...

На денешен ден1 ден

22 мај – На денешен ден

337.- Почина Константин I Велики, првиот римски император кој го прифатил христијанството во Римската империја. Во 325 година го свикал...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (22 мај)

ОВЕН Многу ќе зависи од еден од талентите што ги имате. Патувајте само ако тоа ќе ви помогне да започнете...

Култура1 ден

Кичевскиот храм Св.Апостоли „Петар и Павле“ организираат бесплатен превоз по повод свечената Божествена Литургија во Скопје

На 24.05.2022 година во вторник, ќе се одржи најсвечената Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје...

Спорт1 ден

Златниот симбол и оригинален трофеј од FIFA World Cup™ денеска беше официјално презентиран во Скопје

Трофејот пристигна во Скопје како дел од турата на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola. Златниот симбол на светското...

Технологија2 дена

Microsoft оптимисти дека токму сега Windows 11 е комплетен и подготвен за широка употреба

Помина речиси една година откако Microsoft официјално го претстави Windows 11, а компанијата дури сега верува дека овој оперативен систем...

Македонија2 дена

Со донација од ФФМ, се реконструираа спортски терени, игралиште за мал фудбал, систем за наводнување наменети за потребите на ЕБР

Министерот Спасовски во посета на реконструираните спортски терени во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“- Скопје, донација од Фудбалската федерација на Македонија...

НАЈЧИТАНИ