Кичево
Одбележан „Денот на единицата“ во касарната „Чеде Филипоски-Даме“ – Кичево (ГАЛЕРИЈА)

Со воена свеченост припадниците на 4-от механизиран пешадиски батаљон, денес во касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево го одбележаа 21 мај , Денот на единицата. Во текот на свеченоста со пригодни говори и чeститања на празникот, се обратија командантот на 4-от механизиран пешадиски батаљон потполковник,Горан Трајаноски.
Ми претставува особена чест и задоволство да ви се обратам Вам кои со вашето присуство не удостоивте и збогативте оваа свеченост.Овој ден е од особено значење за нас присутните и за сите припадници на 4-от механизиран пешадиски батаљон-рече командантот Трајаноски и во продолжение се наврати на времето од НОВ и воените дејствија од тој период а, потоа ги истакна задачите и обврските во кои оваа единица е ангажирана.
Во изминатиот период можам да истакнам дека единицата покрај својата основна мисија, беше дополнително ангажирана и, тоа во спречување на нелегални минувања и неконтролирано движење од страна на мигрантите во поширокиот регион од јужната граница, а кое е од посебно значење за безбедноста на нашата татковина. Секогаш и секаде во зоната на одговорност активно сме учествувале со помош и асистенција на месното население и цивилните структури.Нашата единица не ја изостави и хуманоста и по повод Денот на единицата, во соработка со Црвениот крст и одделот за трансфузиологија се реализираше доброволно дарување на крв и каде беа собрани 91 крвни единици. Во соработка со локалната самоуправа на градот Кичево и средношколските училишта„ Мирко Милески“ и„ Дрита“ се реализира акцијата против аерозагадување кога беа засадени 85 садници на дрвца-додаде командантот Трајаноски и најави нови активности на оваа единица.
Отпочнати се веќе подготовки за активно учество со дел од персоналот на вежбата „Одлучен удар“, која ќе се реализира на армискиот полигон во Криволак.Во наредниот период како предизвик ни претстои подготовка и реализација на вежбата„ Strike Back“ која ќе се одржи наредниот месец во Република Бугарија-заврши командантот на 4-от МПБ, Трајаноски.
Потоа присутните на свеченоста ги поздрави и командантот на 1 .механизирана пешадиска бригада, полковник Драган Ковачки.
Горд сум што денеска заедно со вас го одбележуваме 21 мај-Денот на 4 механизиран пешадиски батаљон.На овој ден со транформацијата на АРМ во 2012 година е формиран 4.мпб со сегашната формациска структура. На овој ден сме должни да се присетиме на генерациите пред нас и на пранешните припадници на единицата, кои ги трасираа патот и ни го оставија правото да живееме во мир и слобода –рече меѓу другото командантот полковник Драган Ковачки. Потоа за присутните на свеченоста беше организиран тактичко–техички збор и беше извршено дефиле на вооружувањето со кое располага единицата и беа доделени стимулативни мерки на најистакнатите поединци во батаљонот и беше прогласен најдобриот вод.
Нашиот портал доби официјална покана од Министерството за Одбрана и свечено присуствуваше на оваа традиционална манифестација.
Во прилог мега-галерија преку нашиот објектив:
Текст: Зоран Антоски
Фотографија: ПОРТА.мк
Кичево
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата

Меѓународната вселенска алијанса (ISA) во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) доби грант за проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”. Овој проект има за цел да ги обедини младите од различни етнички и културни заедници во Кичево преку активности поврзани со уметноста и науката за вселената.
Проектот опфаќа 4 работилници, од кои едната веќе беше реализирана (тука можеш да видиш повеќе информации https://fb.me/e/9u4QXdzsS).
Втората ќе се одржи оваа сабота итоа во два термини, има уште многу малку места, на база на „прв дојден – прв услужен“ регистрирајте се навремено на линкот подоле:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScLhJgOvuDYrC0kZ878C035T8-oP0RXYWv9DpniJ-EajP-Ifg/viewform?usp=sharing
Ова е Фејсбук Настанот: https://www.facebook.com/share/164Kja16UU/
Сликање на ѕвездите – Уметност инспирирана од ноќното небо!
Овој уникатен настан им овозможува на децата и тинејџерите да ја истражат врската помеѓу астрономијата и уметноста. Преку водена сликарска сесија, учесниците ќе научат како ноќното небо ги инспирирало уметниците низ историјата и ќе создадат сопствени уметнички ремек-дела инспирирани од ѕвездите.
Што ќе правиме?
Истражување на ноќното небо како уметничка инспирација
Креирање на сопствена галактичка уметност
Запознавање со познати уметнички дела инспирирани од ѕвездите
Забавно и интерактивно учење за врската меѓу науката и уметноста
Датум: 5 април
Сесија 1: 11:00 – 13:00 (возраст 8-12 години)
Сесија 2: 14:00 – 16:00 (возраст 13-18 години)
Локација: Китино Кале
Ограничен број места! Пријавете се сега за да ја резервирате вашата уметничка авантура!
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
️ 19:30ч.
Бидете дел!
-
Временска прогноза2 дена
Ново ажурирање: Доаѓа екстремно ладно време за април, силен северен ветер и снег, невообичаено за овој период од годината
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (4 април)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за сабота (5 април)
-
Скопје11 часа
МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено
-
Скопје20 часа
МВР со соопштение за видеото во Дебар Маало, настанот е од минатиот месец, сопственикот е казнет
-
Магазин16 часа
(ВИДЕО) „Форца Бенд“ го објави својот најнов „свадбарски сплет“, во најава нови авторски песни, сплетови и кавери
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) Лишен и задржан во Полициска станица возачот кој со мопед удри дете и избега, ќе биде поднесена кривична пријава
-
Македонија1 ден
ЦУК преку УХМР објави хидролошка информација за водостоите на реките ширум Македонија