Следете не

Македонија

Денес 136 нови случаи на Ковид-19, кичевчани 4 меѓу нив..

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 46
-Куманово 6
-Дебар 7
-Штип 14
-Прилеп 1
-Тетово 12
-Струга 9
-Велес 1
-Охрид 2
-Гостивар 13
-Струмица 2
-Радовиш 3
-Крушево 2
-Кочани 1
-Пробиштип 1
-Демир Хисар 2
-Кратово 1
-Свети Николе 5
-Кичево 4
-Ресен 4

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, еден од Куманово, двајца пациенти од Струга и еден од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од:

-Скопје 77
-Штип 7
-Тетово 15
-Струга 1
-Велес 4
-Битола 2
-Гевгелија 1
-Кочани 2
-Пехчево 1
-Кичево 2
-Ресен 11

Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8111, бројката на оздравени пациенти е 4203, на починати е 382, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3526.

Македонија

Во Кичево во текот на вчерашниот ден најмногу изречени казни за возачи кои возеле побрзо

Објавено пред

на

©porta.mk

На 13.04.2025, при контроли во патниот сообраќај извршени на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 42 возачи на моторни возила кои, во и надвор од населено место, управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-11, Кичево-12, Дебар-09). Против нив, согласно одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај, поднесени се прекршочни платни налози.

Во наредниот период, контролите во патниот сообраќај ќе бидат интензивирани со цел, подигнување на сообраќајната безбедност и јакнење на сообраќајната култура кај возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, за Порта.мк и медумите известува портпаралот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Македонија

Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час

Објавено пред

на

©porta.mk

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола за пречекорување на максималната дозволена брзина на движење, при што биле констатирани 128 прекршоци (ТЕ-67 и ГВ-61). За време на контролата по член 297А – безобѕирно управување на моторно возило од слобода биле лишени седум лица (ТЕ-5 и ГВ-2). На автопатот Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, од слобода бил лишен М.Б.(47) од с.Челопек, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ровер“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 178 км/час на место каде што дозволената брзина е 100км/час.

На истото место од слобода била лишена Р.А.(42) од Тетово, која управувала патничко возило „пежо“  со тетовски регистарски таблички со брзина од 172 км/час. Исто така, кај наплатната станица Желино од слобода бил лишен А.А.(33) од с.Раковец, затоа што управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 193 км/час.

На автопатот Скопје-Тетово, кај местото „Студена вода“ од слобода бил лишен В.З.(24) од с.Желино, тетовско, затоа што управувал патничко возило „ауди“  со тетовски регистарски ознаки со брзина од 179 км/час на место каде што дозволената брзина е 100 км/час и С.Ш.(30) од Тетово затоа што управувал патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 177 км/час. Додека, на патот Тетово-Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, од слобода бил лишен А.М.(42) од Скопје затоа што управувал патничко возило ,,бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 171 км/час на место каде што е дозволено 80 км/час и Н.Б.(54) од Охрид затоа што управувал патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски таблички со брзина од 165 км/час.

Лицата биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297а од Кривичниот законик, истакна МВР.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска ново намалување на цената на горивата

Објавено пред

на

©porta.mk

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп4 часа

Хороскоп за вторник (15 април)

Овен На работа, и покрај лошите аспекти успевате работите да ги завршите на време. Не очајувајте, доаѓаат подобри времиња. Денес,...

Спорт5 часа

Младата женска репрезентација на Македонија во фудбал до 16 години ја победи Бугарија во пенал рулетот, избраничките на Милеска со тоа остварија прва победа!

Женската репрезентација на Македонија до 16 години оствари победа над соодветната селекција на Бугарија по подобро изведување на пенали (4:2)...

Технологија7 часа

Поради царината на Америка ултра популарната конзола ја менува цената

Во Европа, PS5 Digital Edition сега ќе чини 499,99 евра, објави компанијата во блог пост. Sony ја зголеми цената на...

Македонија15 часа

Во Кичево во текот на вчерашниот ден најмногу изречени казни за возачи кои возеле побрзо

На 13.04.2025, при контроли во патниот сообраќај извршени на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 42 возачи на моторни...

Македонија16 часа

Лишени од слобода седум возачи на територија на СВР Тетово поради пребрзо возење, регистрирана брзина и од 193 км/час

На 13.04.2025 полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Гостивар при СВР Тетово извршиле контрола...

Временска прогноза18 часа

Според најновото метео ажурирање следува доста нестабилно време, ова се информациите

Во текот на оваа работна седмица во Македонија следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд, повремено...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за понеделник (14 април)

ОВЕН Ќе бидете склони да се за inубите оваа недела. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да и...

Lifestyle2 дена

Што се случува во вашето тело кога не пиете доволно вода?

Дехидрацијата може сериозно да влијае врз вашето здравје Недоволниот внес на вода има многу пошироки последици од само чувство на...

Магазин2 дена

Nintendo Switch 2 доаѓа со поддршка за игрите GameCube

Со лансирањето на новата конзола Nintendo Switch 2, компанијата најавува и голема надградба на својата онлајн претплата. Од 5 јуни,...

Магазин2 дена

Дали ја отстранувате футролата од телефонот кога го полните? Ако не – време е да почнете!

Се препорачува да се отстрани капакот (футролата) додека телефонот се полни, бидејќи може да го попречи ладењето на уредот и...

НАЈЧИТАНИ