Скопје
Скопје: Денес и утре прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата од следните места на живеење

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа денес на ден 04.03.2021 година – четврток и утре 05.03.2021 петок, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини во снабдување на електрична енергија ќе имаат домаќинствата од следните планирани места:
Четврток: 04.03.2021
КЕЦ Скопје Аеродром
ДРАЧЕВО: ул.Драчевски Пат подул2 во Драчево (од 08:30 до 14:00 часот)
КЕЦ Скопје Васил Главинов
ГАЗИ БАБА: ул. Лазар Поп Трајков, броеви 22 до 33, /ул. Габреж, броеви 4 до 19, ул. Ташко Караџа, броеви 19 до 24 (од 07:30 до 15:30 часот)
КЕЦ Скопје Ѓорче Петров
САРАЈ: с.Глумово, Шишево и Матка (од 08:30 до 13:00 часот)
Петок: 05.03.2021
КЕЦ Скопје Аеродром
СОПИШТЕ: дел од с. Маркова Сушица (од 09:00 до 14:00 часот)
СОПИШТЕ: с.Добри Дол (краткотрајни прекини), с.Ракотинци (краткотрајни прекини (од 09:30 до 13:30 часот)
ДОБРИ ДОЛ: дел од с.Добри Дол, СОПИШТЕ: сите стопански и нестопански објекти на потегот од с.Добри Дол до Маркова Сушица,викенд населба во Добри Дол и Ракотинци, дел од с.Маркова Сушица (од 09:30 до 13:30 часот)
КЕЦ Скопје Ѓорче Петров
САРАЈ: село Љубин, село Глумово, село Шишево, село Матка, село Арнакија, село Семенеште, стопански објекти „Бис Оил“, „Адријус“ ,„Тиамо“, село Буковиќ (од 08:30 до 11:00 часот)
КАРПОШ: Дел од ул.Козле (од 09:00 до 12:00 часот)
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Кичевска од бр.4 до бр.28 (од 09:00 до 14:00 часот)
Извор: Струја
Скопје
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. “Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците.
Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи. Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.
Скопје
(ФОТО) Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани!

Во Скопје пред два дена, односно во саботата 29-ти март во Спортскиот Центар Аеродром – ОУ „Блаже Коневски“ се одира хуманитарен меѓународен натпревар помеѓу екипите „ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот Св. Јован Бигорски“ и гостите од Р. Србија – поклоничко друштво „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.
Победник на натпреварот беше гостинската екипа „ПУТ НА СВЕТУ ГОРУ“.
Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на настраданите од несреќата во Кочани.
Преку нашиот медиум, екипата домаќин упатува голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и сите хумани луѓе што помогнаа и донираа.
Галерија од настанот:
Скопје
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје

СВР Скопје ги известува граѓаните дека утре (29.03.2025) со почеток од 11.00 часот поради одржување на протест пред Собрание на РМ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
-
Хороскоп21 час
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт1 ден
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Временска прогноза1 ден
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Македонија4 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија6 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија1 ден
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома