Следете не

Временска прогноза

Уште денес нестабилно, од утре повеќе сонце и стабилно време

Објавено пред

на

До крајот на денешниот ден времето во државава ќе биде сончево и топло со умерена локална олбачност, во попладневните часови во западната половина од државава ќе има локален дожд и услови за ретка појава на грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интерваслот од 21 до 27 степени.

Потоа во текот на следните денови под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса времето во државава ќе биде стабилно, сончево и топло со мала локална облачност, ќе дува  и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 11 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат од 22 до 27 степени.

Извор: Славчо Попоски

Временска прогноза

Најавеното невреме, проследено со дожд, грмежи, ветер но и снег доаѓа!

Објавено пред

на

Денес (понеделник 17 март) под влијание на висински циклон западно од нас, во Македонија ќе имаме нови повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер од западен и од северозападен правец. Локално пак, процесите ќе бидат во форма на невреме, односно поинтензивни.

Поради падот на температурите, на планините над 1400/1500 метри надморска височина врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и ќе се формира снежна покривка.

Во попладневните часови од утрешниот ден (понеделник 17 март) полека снежната граница од север и северозапад ќе се спушта се пониско.

И во Скопскиот регион утре (понеделник 17 март) ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со силен ветер, во вид на невреме. На околните планини, особено од попладневните часови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, во Скопје до околу 16/17 степени, меѓутоа, од попладневните часови и навечер тие забрзано и значително ќе опаѓаат, доцна вечерва информираше Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски: На повидок потврда дека пред нас доаѓа нагла промена на времето

Објавено пред

на

Славчо Попоски предмалку објави првични информации за неверојатната нагла промена на времето која ни претстои.

Во првата метеоролошка карта, односно до среда (19 март) наутро на повеќе места во регионот, како и во Македонија, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка, снег ќе има и во градовите.

Метеокарта (приказ)

Метеокарта (приказ)

Во втората метеоролошка карта, односно во среда наутро во Македонија појава на мразеви. Со овие прикази повеќе од сигурно се потврдува дека промената на времето ќе дојде сигурно.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Денес и утре ќе се достигне максимумот од топло време

Објавено пред

на

Денес (петок 14 март) и утре (сабота 15 март) ќе го имаме максимумот од овој топол бран кој ја зафати Македонија и кој не е вообичаен за овој период од годината.

Времето ќе биде постабилно, посончево и многу ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина до околу 80 км/час).

Што се однесува до температурите на воздухот, тие насекаде ќе надминуваат 20 степени, на многу места тие ќе се искачат до околу, па  и над 25 степени, а во Повардарието тие ќе се искачат дури до околу 30 степени, особено во сабота (15 март).

И во Скопје ќе имаме слично време со температура која ќе се искачи близу 30 степени, вели Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија11 минути

Дизелот од ноќеска со нова намалена цена за литар, бензините остануваат со иста цена за литар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле...

Македонија26 минути

На експресниот пат „А1“, делница Градско-Дреново од денес до април ќе има пренасочен сообраќај и регулиран на одредени делови поради работа

На експресниот пат А1, делница Градско – Дреново, од денес 17.03.2025 г. до 04.04.2025 г., поради монтажа на дилатација на еластичната...

Свет3 часа

(ВИДЕО) Доналд Трамп ја купи „Tesla Model S“ за 80.000 долари, инаку „Tesla“ скоро забележа пад на продажбата

Иако американскиот претседател Доналд Трамп за време на изборната кампања не го криеше противењето на електричните автомобили и „љубовта“ кон...

Спорт4 часа

Македонската фудбалска репрезентација со молк и обединети во тага поради настаните ги започнаа претстојните подготовки за претстојните предизвици!

Македонската фудбалска репрезентација ги започна претстојните подготовки и нови предизвици со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата...

Македонија4 часа

Здружението на новинари – „ЗНМ“ упати апел до политичарите и носителите на јавни функции

Како политичарите и носителите на јавни функции НЕ треба да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани. Следниот водич...

Кичево5 часа

Кичевските гимназијалци утре со мирен собир ќе оддадат почит кон загинатите во страшната несреќа во Кочани

Група на ученици преку социјалните мрежи упатуваат покана до сите свои врсници од кичевското средно општинско училиште „Мирко Милески“ но...

Балкан6 часа

(ВИДЕО) Претседателот Александар Вучиќ ги посети повредените македонски државјани во српските клиники

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги посети повредените Македонци кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија. Разговараше...

Македонија9 часа

Страшна работа, викендов 131 возач „паднаа“ на алкотест

Во рамки на засилените контроли за деновите од изминатиот викенд (14./15 и 16. 03.) според статистичките податоци полициските службеници во...

Македонија10 часа

Градоначалникот на Кочани поднесе оставка, „Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот“

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка од морални причини, истата ја истакна на неговата социјална мрежа која ви...

Lifestyle10 часа

Најдобри раси на кучиња за станови: Како да го пронајдете совршеното милениче за мал простор

Живот со куче во стан – можност или предизвик? Животот во стан носи многу предности – практичност, удобност и близина...

НАЈЧИТАНИ