Временска прогноза
Денес облачно со сончеви периоди, по котлините ќе има појава на магла

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, особено во западните предели. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено Долж Повардарието каде локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
Потоа од утре времето ќе биде стабилно и сончево, повремено со умерена облачност додека ветерот ќе ја намали својата брзина и ќе биде претежно тивко. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.
Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
Подготви: Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите

Почнувајќи од 5 април (сабота) па во текот на следната седмица, ни следува многу ладен период, и тоа поради спуштањето на многу ладен воздух директно од Сибир кон Балканот и Република Македонија. Сето ова ќе го предизвика Антициклонот (поле на висок воздушен притисок) над Велика Британија, токму овој Антициклон слободно ќе дозволи кон нашите предели од Сибир да продре овој многу ладен воздух.
Овој многу ладен воздух ќе го активира Јадранот и Средоземјето, па ширум Балканот, особено централен Балкан, како и јужните и југоисточите предели од истиот поради стварање на плиток циклон токму над Јадранот и над Средоземјето ќе услови пообилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка, локално позначителна, како на повисоките и планинските места, така и во делови од градовите.
На Метеоролошката карта можете да погледнете колку снег се очекува да наврне во текот на веќе споменатиот и најавен многу ладен бран од Сибир. Може да се види дека најголема снежна покривка очекувам во западната половина од нашата Република Македонија (локално и над 10/20 cм снег) а на планините и на Скијачките центри и до околу, па и над 30 cм снег.
Исто така на вторава Метеоролошка карта може да се види дека од сабота па во текот на следната седмица очекуваме и појава на посилен мраз, а температурите локално во Македонија ќе се спуштат до близу -10 степени, а на планинските и на Скијачките места и до, па и под -10 степени.
– Да напоменам дека температурите кои се очекуваат за време на Сибирскиот многу ладен бран, ќе бидат многу пониски од просекот за април месец, дури за околу, па и за повеќе од 10 степени под просекот за овој дел од годината, доцна вечерва информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија

До четврток во Македонија и тоа под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, ќе продолжи периодот на променливо облачно време со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни).
Ќе дува северен и североисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.
Локално пак ќе се создаваат грмотевични облаци од кои ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер (овие процеси повремено ќе бидат поинтензивни и во вид на невреме).
Во Скопскиот регион, исто така и понатаму ќе има повремени врнежи од дожд кои во делови од котлината повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.
– Да напоменам, дека за време на овој период, локално повторно ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри на метар квадратен), додава Попоски.
Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно високи и на повеќе места ќе бидат околу 15 степени, а тие повремено и локално ќе надминуваат 15 степени, додека во
Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, или за некој степен над 20 степени, известува Славчо Попоски
Временска прогноза
Викендов невреме проследено со дожд и грмежи – ова се последните информации

За време викендов нашата територија и понатаму ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југозапад. Во ваква ситуација времето кај нас ќе биде многу променливо со честа појава на повремени врнежи од дожд (повремено пообилни). На повеќе места ќе има развој и на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 20 литри на метар квадратен), засилен ветер, електирчни пранзења и со појава на град.
И во Скопскиот регион продолжуваат повремените врнежи од дожд. Во делови од котлината тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (можни се поинтензивни Атмосферски пороцеси, во вид на невреме).
Да напоменам дека само дека за време на овој викенд на планините над 1600/1700 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. Во Скопје максималната температура овој викенд ќе се искачи до околу 16/17 степени.
Поради очекуваните поинтензивни Атмосферски процеси викендов, апелирам на поголема внимателност и тоа поради можните локални поплавувања, но и поради елекричните празнења кои се очекуваат, вели Славчо Попоски
-
Хороскоп24 часа
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт1 ден
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Македонија7 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Македонија9 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија1 ден
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома