Македонија
Денес рекордни 1275 нови случаи на Ковид-19, 519 од Скопје, 34 од Кичево и 13 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3331 тестирања, а регистрирани се 1275 нови случаи на ковид-19 во:
Скопје-519, Куманово-70, Штип-36, Прилеп-75, Тетово-85, Струга-30, Велес-47, Битола-69, Охрид-24, Кавадарци-40, Гостивар-55, Гевгелија-22, Струмица-39, Крива Паланка-7, Радовиш-15, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-13, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-7, Кратово-12, Свети Николе-6, Кичево-34, Ресен-6, Неготино-19
Починати се 13 лица, еден пациент од Скопје (86г), еден од Штип (87г), четврорица пациенти од Прилеп (50, 65, 75 и 73г), еден од Тетово (71г), еден од Струга (31г), еден пациент од Битола (65г), еден од Охрид (82г), еден од Струмица (82г), еден од Кочани (72г) и еден пациент од Берово (76г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36372, бројката на оздравени пациенти е 22526, на починати е 1084, а бројот на активни случаи изнесува 12762
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија23 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза3 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија5 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Мобилни уреди3 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години