Македонија
Денеска 35 нови случаи на Ковид-19 во нашата држава

Изминатото деноноќие регистрирани се 35 новозаболени, а 5 лица починаа од Ковид-19. Еден е од Струга на 70 години,а 4-ца се од Скопје на 47,69 и 70 годишна возраст. Битката со вирусот ја загуби и десетмесечното бебе кое во понеделникот со медицински авион беше транспортирано на лекување во Швајцарија.
Од вкупниот број нови случаи 22 се во главниот град. Заразени има во речиси сите скопски општини. Најмногу во Чаир 5, Бутел 3, а Аеродром, Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Сарај по 2-ца. Токму градоначалникот на оваа општина која е меѓу неколкуте за кои вчера здравствените власти посочија дека е можно воведување локални карантини ги повика сожителите на одговорно однесување. Да ги почитуваат мерките за носење маски и одржување на физичко растојание. Блерим Беџети изјави дека познати им се кластерите. Повеќе од половината од досега 41 заразен во Сарај биле од 4 семејства.
– Ако централната власт одлучи такво нешто(карантин), тогаш тоа ќе мора да биде спроведено, изјави Блерим Беџети, градоначалник на Сарај.
Беџети повика да се зголеми бројот на тестирања. Според него само со над 700 тестови на ден можело да се откријат точните жаришта на заразата.
Воведувањето на локални карантини во Тетово, Штип, и неколку скопски општини ќе зависи од ширењето на вирусот наредните неколку дена. Доколку до средината на наредната недела не се стабилизира состојбата надлежните не ја исклучуваат можноста да се забрани влез и излез од општината по примерот на Дебар.
Инаку изминатите 24 часа новите заболени се откриени преку 1120 тестирања од кои 487 се од скринингот. Регистриран е уште еден асимптоматски случаи. Станува збор за вработена во градинка во Тетово.
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија2 дена
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза17 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија19 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди17 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети