Времето денеска ќе биде променливо облачно со чести врнежи од дожд. Попладне локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е изолирана појава на град. Во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 л/м2.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.
Во сабота ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.
Во недела пак времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во понеделник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
УХМР предупредува и дека во текот на денешниот ден, како и во текот на ноќва повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 л/м2. Попладнево локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е изолирана појава на град.
До недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.