Кичево
Десет години од почетокот со работа на Правниот факултет во Кичево (ФОТО)
Со мала свеченост денес беше одбележана десет годишнината од почетокот со работа на Правниот факултет Кичево. На ова одбележување беа присутни првите луѓе на Универзитетот „Свети Климент Охридски“-Битола, во чии рамки работи овој факултет. Во склоп на денешната свеченост беа промовирани и новите додипломци и магистри, кои со овие академски титули се здобиле во изминатите 12 месеци.
-Точно пред една деценија започна со работа Правниот факултет во Кичево со дисперзирани студии во Битола и Струга. Отворањето на овој факултет во целост ги оправда очекувањата, бидејќи во рекордно краток период обезбеди кадровски решенија како и соодветна зграда која нуди максимални услови за работа како на студентите така и на професорите. Најдобра потврда за оправданоста од отворањето на овој факултет е бројот на запишани студенти во изминатите 10 години кој изнесува 3 267 од кои дипломирале 818, на постдипломски студии се запишале вкупно 342, а од нив магистрирале 178. Наскоро очекуваме да ги добиеме и првите доктори на правни науки – рече Гоце Велески, секретар на Правниот факултет – Кичево
Паралелно со одбележувањето на годишнината на факултетот беа промовирани и 131 додипломец и 54 магистри на правни науки, кои со овие степени на образование се здобиле во изминатите 12 месеци. Инаку кај додипломците првенец на генерација со просек 9,82 е Лаура Бајрами од Струга. На свеченоста свое обраќање имаше и деканот на факултетот Горан Илиќ и неговиот претходник во два мандати Илија Тодороски, а присутните ги поздрави и проректорот Светлана Николоска.
На свеченоста на голем број заслужни поединци професори и компании, кои придонеле во развојот на факултетот им беа доделени благодарници.
Инфо: Зоран Антоски
Кичево
(ФОТО) Дечиња од реканскиот крај викендов го посетија кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“, каде одблиску се запознаа со Божиќните активностите и богослужбите
Со благослов на нашиот возљубен Старец, епископот Антаниски г. Партениј, дечињата од реканскиот регион, викендов беа во посета на нашиот манастир, каде заедно со своите домаќини од Кичево – членовите на хорот Митрополит Козма Пречистански – зедоа учество не само во секојдневниот богослужбен ритам на манастирот, туку присуствуваа и на специјално организираните активности за нив.
Пеењето на Божиќни каланди, часови по Вероучение, запознавање со знаменитостите на градот Кичево, како и со историјата на нашиот древен манастир посветен на Богомајката Пречиста, во нив внесе голем ентузијазам, будејќи им нови креативни сили за учење и создавање. Нивните прекрасни гласови одекнуваа низ манастирските ѕидини, носејќи им радост и топлина на сите присутни.
Оваа посета на манастирот Пречиста, беше одлична можност за децата од реканскиот регион да стекнат многу нови пријателства и да ги зацврстат другарските врски со своите врсници од градот Кичево.
Посетата беше надополнета и со многу изненадувања, меѓу кои и она што беше приредено од страна на почитуваните пријатели на нашата света Обител, семејството Андоноски од Битола, кои подготвија забавни активности, како и празнично пакетче за секое од дете.
Изразуваме огромна благодарност кон нашиот Старец и Епископ Антаниски г. Партениј, за тоа што ни овозможи да бидеме дел од една прекрасна, чиста и искрена дружба, имајќи можност да придонесеме за доближување на чистите детски срца до Бога, пишува Свештена Пречистанска Обител „Благовештение на Пресвета Богородица“
Кичево
Со „Integral House“ – Кичево, се ѐ полесно, тимот на професионалци вашиот дом ќе го направат во чекор со модерната „smart“ технологија, во движење и на дофат
Заборавивте ли да ги спуштите ролетните дома? А светлото во дневната соба? „Integral House“ ви нуди решение за сечиј новчаник, на достап разни модули кои овозможуваат пристап до вашата ролетна, расвета, влезна врата или гаражна врата, кантирање заедно со инсталација, инсталација и монтажа на камери, нивно 24 часовно одржување, аларми, системи на отклучување и што уште не. Од сега може вашите домашни потрошувачи да ги контролирате од било каде, во движење.
„Integral House“ со нивниот „showroom“ ви овозможуваат да се стекнете со искуство, грижејќи се за комплетната монтажа, интервенција и сервисирање на истите продукти кои ќе ги набавите.
Конечно во град Кичево иднината на електричните „remote“ уреди ви е достапна на дланка, ваше е само да ги контактирате, другото е работа на тимот кој ќе ви го понудат решението за вашето живеалиште кое можеби не сте го знаеле дека би можело да постои.
Нивната локација ТУКА е добро позната веднаш спроти детската градинка „Олга Мицеска“, од задна страна на првиот кат.
Заследете ги „Integral House“ на инстаграм ТУКА и фејсбук ТУКА, работно време од понеделник до сабота од 08:00 до 20:00, повеќе информации на тел бр. 071/817-084
Кичево
Утрово избувнал пожар во комбе од локалната самоуправа од Кичево, повредени нема, интервенирала ТППЕ.
На 12.12.2024 во 07.08 часот во ОВР Кичево, С.М.(44) од Кичево пријави дека, откако го стартувал возилото комбе „ивеко“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на локалната самоуправа од Кичево, настанал пожар.
Повредени лица нема, интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, а увид на местото извршија полициски екипи, за медиумите извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (15 декември)
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за понеделник (16 декември)
-
Македонија1 ден
Од предмалку воведена забрана за тешки товарни возила за превој Стража
-
Свет2 дена
Во Италија стапи на сила новиот ригорозен закон за возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол
-
Македонија1 ден
ДПИ со соопштение за мониторинг на цени на производи од „Новогодишна кошница“
-
Кичево4 часа
(ФОТО) Дечиња од реканскиот крај викендов го посетија кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“, каде одблиску се запознаа со Божиќните активностите и богослужбите
-
Македонија1 ден
Поголемиот дел од Македонија под дожд, превоите и скијачките терени под снег
-
Магазин1 ден
Можеби ќе ви треба нов кабел: доаѓа HDMI 2.2