Македонија
Детали од МВР за физички нападната девојка од Штип

Вчера, односно на ден 02.04 Секторот за внатрешни работи Штип презеде мерки и активности при што врз основа ги лиши од слобода лицата П.Р и С.А. од причини што истите на неутврдена дата во текот на месец јануари, оваа година започнале вербална расправија со оштетената К.А. која преминала во физички напад врз неа. Вербалниот напад започнал во куќата каде престојувала оштетената и продолжил на улица по што истите ја внеле во влез од зграда каде ја затвориле вратата и извршиле грубо насилство врз оштетената кое истовремено го снимале.
Во влезот од зградата, пријавените заедно физички ја малтретирале, при што телесно ја повредиле и ја загрозиле нејзината сигурност. Од тие причини, а врз основа на изјавите на сторителите на делото и оштетената, полициски службеници од СВР Штип преземаа мерки во врска со кривичното дело при што се извршени проверки односно извршен е увид во фејсбук групата каде е објавен видео материјалот и врз основа на утврдените докази и факти во присуство на јавен обвинител од Штип од страна на оштетената извршено е препознавање на сторителите на делото и одземени им се мобилните телефони. Врз основа на горенаведното од страна на СВР Штиш до ОЈО Штип поднесена е кривична пријава за кривично дело “Насилство“ по член 386 од кривичниот законик.
Во текот на денешниот ден пријавените се изведени пред судија на претходна постапка и за лицата определена мерка притвор.
Г-дин Наќе Чулев
Министерство за внатрешни работи
Македонија
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.
Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.
Пријатен пат!
Македонија
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, предмалку информира МВР.
Македонија
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт1 ден
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Македонија8 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Македонија10 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Скопје1 ден
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците
-
Македонија1 ден
Убави вести од Министерството за здравство, шест пациенти од трагичниот пожар во Кочани се враќаат дома