Следете не

Култура

Излезе новиот спот на ДНК за најновата песна „Пола Човек“ (ВИДЕО)

Објавено пред

на

ДНК имаат нов спот за најновата нивна песна со наслов “Пола човек”. Авторскиот тим кој стои зад темата е веќе стандарден за нив, па така текстот е на Панчо, аранжманот на Лазар Цветковски, а музиката нивно заедничко дело.

Песната, и повторно очекувано за Панчо и Андреј, излегува во истовреме со спот работен под режисерската палка на Александар Ристовски – Принц. Кадрите за видеото се веќе снимени и тоа на неколку интересни локации меѓу кои една напуштена фабрика, на отворено и во хотекот Loginn.

Во прашање е една несекојдневна приказна, односно крими триаголник и љубовна измама – динамично видео во стилот на Панчо и Андреј. Главната улога ја има Олгица Стрика од Куманово, девојката која всушност се појавува и во спотот за “Само таа знае како”, чие повторно појавување е и рарирет за момците кои немаат баш обичај да се повторуваат. Овој пат имаат силна причина, впрочем, ќе го видите видеото и се ќе ви стане јасно.

Култура

Свештената Бигорската Обител го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил

Објавено пред

на

©bigorski.org.mk

Благословеното пристаниште на небесната радост, Свештената Бигорската Обител, во изминатото ноќеденство со особена радост и чест го славеше благодатното соединување со светлината на светите ангелски чинови, предводени од непобедливиот Архистратиг Михаил. Возвишеното богослужение нè повикуваше да го насочиме својот живот кон божествениот поредок, следејќи ја љубовта и послушанието на небесните сили кои непрестајно Го славословат и воспеваат Бога.

Изминатата ноќ, под осветените сводови на Претечевиот храм, осветлени со тивката светлина на многубројните свеќи и кандила, Бигорски и неговите населници беа потонати во молитвено бдение. Во блесокот на молитвите и на песнопенијата, притекнатите верници го чувствуваа присуството на небесните заштитници. Тоа беше духовна претстава на бескрајната небесна Литургија, каде што Земјата и Небото стануваат еден простор.

Утрово, пак, на Светата архиерејска Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот возљубен Старец, Преосветениот Епископ Антаниски г. Партениј, тоа сијание заблеска уште посилно. Под неговото тајноводство, сите собрани се почувствуваа како дел од хорските чинови на Светите Ангели. Како што ангелите служеа пред престолот Божји, така и ние, собрани во љубовта Христова, ја принесовме бескрвната жртва на благодарност и славословие.

Навистина, Божествената Евхаристија беше едно благодатно соединување со светот на Светите Ангели.

Денешниот празник ни дава можност повторно да се вратиме на суштината на нашиот живот – да се соединиме со Бога и да учиме од Ангелите како да го чуваме својот дух чист и незлоблив. Оти, небесното царство не е далечно, туку е реалност што постои во нашето срце, кога тоа се отвора за љубовта Христова.

Нека Светиот Архистратиг Михаил и сите небесни сили ни бидат застапници и чувари на нашиот пат кон соединувањето со Бога, истакнаа од Бигорскиот Манастир.

Во продолжение повеќе фотографии од настанот ќе најдете ТУКА

Прочитај повеќе...

Култура

Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!

Објавено пред

на

Празникот на Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Инаку според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 септември

Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил.

Но во ноември пак меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот Собор на свети архангел Михаил, меѓу народот попознат како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Црквата го определила овој ден за празник во чест на сите ангели, а најмногу на свети архангел Михаил кого го смета за водач на сите небесни сили.

Тогаш именден празнуваат: Ангел, Ангелина, Михаил, Мила, Милка, Михаила, Михо, Рајко, Рајна, Ратка…

Празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21 ноември според новиот (или на 8 ноември според стариот) календар меѓу народот е познат едноставно како Аранѓел, Оранѓел или Аранѓеловден. Многу семејства го имаат за домашен празник и го празнуваат со домашни служби, а и општо е верувањето дека тој спаѓа меѓу поголемите празници.

Пред да го создаде материјалниот свет (земјата, небото, ѕвездите, човекот итн.), Господ го создал духовниот свет ‒ ангелите. Ангелите се духови поради што се невидливи, а за подобро да бидат сфатени и за да се создаде претстава за нив на фреските и иконите се претставени во човечка форма. Тие се Господови гласници (ангел значи весник) ги пренесуваат божјите заповеди поради што на фреските се претставени со крилја. Тие се поим за младост и безгрижност поради што се претставени како деца бидејќи староста, обелувањето на косата и брчките на лицето се последица на животните грижи и страдања. Тие се насликани во бела облека што симболизира душевна чистина и невиност. Единствено архангел Михаил е претставен во војводска облека. Зошто архангел Михаил е насликан како војвода?

Во почетокот сите ангели биле добри. Подоцна некои од нив станале лоши, се одметнале од Бога и почнале да прават злодела. Нив ги викаме ѓаволи. Еден меѓу нив по име Деница, заслепен од големата моќ што му ја дал Бог, се одметнал од Бога, собрал големо друштво и создал цело невидливо небесно духовно царство. Свети архангел Михаил го победил, го симнал од небото, а и подоцна продолжил да се бори за славата Божја поради што е претставен во војводска облека со меч и копје во рацете.

Тогаш, кога некои ангели почнале да го напуштаат Бога и станале лоши архангел Михаил ги собрал сите ангели и како знак на верност кон Бога почнал заедно со нив да ја слави Света Тројца со песната: Свет, Свет, Свет е Господ Саваот. Во спомен на овој собир црквата го востановила празникот Собор на свети архангел Михаил што се празнува на 21/8 ноември. Со овој празник им се оддава признание на сите ангели кои ги има безброј.

Зошто токму на овој ден се празнува денот на ангелите? Според некои истражувачи месецот ноември е одбран поради тоа што во поранешното сметање на времето, кога годината започнувала од март, ноември бил деветти месец, а девет се чиновите ангелски. Денот осми (според стариот календар) е одбран поради тоа што на осмиот ден од страшниот суд ќе дојде Исус да им суди на живите и мртвите.

Прочитај повеќе...

Театар

Во Кичево после подолго време доаѓа еден од првите „стенд ап“ комичари – Марјан Георгиевски, картите се пуштени во продажба, ќе биде забавно!

Објавено пред

на

©porta.mk

Во сабота на 16.1120:00ч во Центарот за култура – „Кочо Рацин“ од Кичево, доаѓа големата стенд ап турнеја на Марјан Георгиевски. Еден од првите стенд ап комичари во Македонија, конечно после цели петнаесет години прави ваков исчекор на задоволство на публиката.

Насловот на турнејата е „За македонските работи“

– „Имено, ова е текст кој се бави со еден народ, со една земја, со еден менталитет, навики и обичаи. За Македонците во минатотот, сегашноста и иднината. Оваа турнеја е за сите нас кои што останавме овде, но и за оние кои заминаа. Ветувам едно поинакво сценско доживување со новитети кои не се користат во стенд ап настапите кај нас.” – на кратко истакна Марјан.

Картите од по (300ден) се веќе во продажба во кичевските локали: „Квадрат Кафе“, „Институт“, „Чек Ин Кафе“ и „Клуб Република“.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за понеделник (25 ноември)

ОВЕН Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намалениот прилив на обврски ќе ви го овозможи потребниот одмор. Можни се сомнежи...

Здравје и убавина8 часа

На колку време треба да се менува четката за заби?

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена,...

Занимливости8 часа

Планетата „Земја“ се разделува од астероидот кој во последните месеци се нарекуваше „мини месечина“, истата вселенска карпа ќе се „олупи“ утре

Планетата Земја се разделува со астероид кој во последните два месеци се нарекува „мини месечина“. Безопасната вселенска карпа ќе се...

Автомобили9 часа

Во зима на снег многу често возачите прават грешка со напумпаните гуми, конечно има ли врска напумпаноста на гумите во услови на снег?

Во областите со повеќе снег на патиштата во зима, постои старо верување дека недоволно напумпаните гуми се подобри за возење...

Кичево9 часа

Започнува наградна игра во кичевскиот локал за брза и квалитетна храна „Kelly Doner“, направи сметка од 600 ден – добиј ваучер и учествувај за вредни награди!

Пред нешто повеќе од 2 месеци во Кичево стартува со работа „Kelly Doner“, реномираниот локал за брза и квалитетна храна...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за недела (24 ноември)

ОВЕН Оваа недела ќе бидете склони кон вљубување. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да пристапите на личност...

Македонија1 ден

ЦУК истакна информации за штети од вчерашното невреме во Македонија

Невреме проследено со силен ветер што причини штети во неколку региони од државата, ЦУК истакна целокупни информации околу штетите по...

Временска прогноза2 дена

Силниот ветер го очисти небото, температурите паѓаат до -10°C

Под влијание на многу студена воздушна маса од север, но и поради влијанието на разведрувањето и ведрото време во Македонија,...

Спорт2 дена

ФК Кичево денес освои службено 3 бодови, за гостинската екипа играа повозрасни играчи

На денешниот натпревар помеѓу екипите на „ФК Кичево“ и „Топ Гол“ во рамките на 10-то коло од Регионалната Пелагониско-Езерска лига...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (23 ноември)

ОВЕН Ако одлучите да бидете тврдоглави и да се препуштите на размислување за минатото, само ќе губите време што всушност...

НАЈЧИТАНИ