Следете не

Култура

Една од најголемите британски поп рок атракции доаѓа во Скопје

Објавено пред

на

Една од најголемите британски поп рок атракции на сите времиња, групата „Texas“, за прв пат доаѓа на Балканот, а во Македонија ќе настапи во рамки на вториот фестивалски викенд „SKOPJE CALLING“ – 2018 година, што ќе се одржи во сабота на 23 јуни.

„Texas“ до 2018 година имаат продадено албуми во 40-милионски тиражи. Имаат неверојатни 13 синглови што се најдоа во престижната UK топ 10 листа, три албуми што се најдоа на врвот на UK листата и осум албуми на UK top 10, вклучувајќи го и последниот студиски албум „Jump On Board“ кој е издаден во мај 2017 година.

Пејачката Шарлин Спитери во Скопје ќе настапи со сите свои хитови: „Say What You Want“, „Inner Smile“, „I Don`t Want A Lover“, „Summer Sun“, „In Demand“ и уште многу други.

Се очекува едно извонредно шоу за сите генерации.

Култура

Утре се празнува Св.Ѓорѓија, голем ден, куќна слава и именден, нека е за многу години домаќини!

Објавено пред

на

Верниците со православна вероисповед го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.

Свети Ѓорѓија – Христовиот војник кој ја уби ламјата „Како ослободител на плениците и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецу, великомаченику Георгие, моли Го Христа Бога да ги спаси нашите души“. Овие стихови пред векови му беа посветени на празникот кој се одбележува денес за Свети великомаченик Георгиј Победоносец.

Светиот великомаченик, победоносец и чудотворец Георгиј се родил, живеел и маченички пострадал при крајот на третиот и почетокот на четвртиот век. Тоа е она страшно време за христијаните кога на чело на Римската империја бил царот Диоклецијан кој во почетокот на своето владеење не ги прогонувал христијаните, сметајќи ги за безопасни, но откако се уверил во брзото ширење на христијанската религија, при крајот на своето владеење во 303 година, отпочнал силен прогон против христијаните.

Уривал и палел храмови, затварал и убивал верници, свештеници, епископи . . . Во такво време не само што живеел св.вмч. Георгиј, туку и завземал високо место во Диоклецијановата војска.

Неговите родители биле богати, чесни и побожни. Неговиот татко маченички пострадал за верата што и придонело малиот Георгиј така силно да го засака Христа и сецело да Му се предаде, да Му служи и со својот живот маченички да ја потврди и исповеди својата вера и љубов кон Христа Господа. Неговата мајка била родена во Палестина, која, исто така, уште од неговото детство успеала да го воспита и насочи својот син во вистинската спасоносна вера и наука.

По смртта на својот сопруг, таа се вратила во своето родно место во Палестина, каде поседувала огромен имот. Таму малиот Георгиј ги посетувал светите места кај што се движел и поучувал ГИХ. Подоцна младиот Георгиј бил регрутиран во елитната војска на царот. И уште на 20 годишна возраст, тој постанува трибун во војската, чин кој соодветствува на денешен полковник, а тоа било високо место за неговата возраст. Набргу потоа царот го поставил на повисоко место, член во Советот на државата. Тоа било така се додека царот имал толерантен однос кон христијаните, но кога побарал од војската секој да принесе жртва пред мртвите идоли и кога сурово отпочнало прогонувањето на невините христијани од незнабошците, Георгиј прв се спротивставил на таквата наредба.

Бидејќи Георгиј го почувствувал времето кое настапувало за христијаните, почнал да се подготвува за тешките искушенија и измачувања. Најнапред го раздал своето богатство на сиромаси, а наследството од својата почината мајка во Палестина, го дарувал на бедни, болни, немоќни, а робовите ги отпуштил на слобода. Ослободен од сите земни обврски тој можел слободно и без страв да застане пред самиот цар, бранејќи ја вистинската вера во Христа Спасителот.

Кога царот Диоклецијан издал наредба за прогонување на христијаните, ги повикал управниците на источните провинции во Империјата и им дал посебни упатства како да постапуваат со христијаните, тогаш храбриот воин Георгиј смело му се спротивставил на царот и разбеснетиот цар наредил да го затворат во темница со што започнуваат маките на Георгиј.

Тој бил неколкупати сурово мачен. Бил врзан на клади, а на градите му ставиле камен. Не се предал. Потоа бил фрлен во длабока јама со негасена вар. Тој и во јамата се молел, а од таму на неверување на царот, бил изваден жив.
Следувале уште многу мачења: во вжештени железни чизми во кои внатре имало железни шајки ги ставиле нозете на светителот; го удирале по уста; го камшикувале со воловски бич; му давале да пие отров итн. Но, маченикот Георгиј, сето тоа трпеливо го поднесувал.

Во христијанската иконографија, св.вмч. Георгиј, честопати се слика како војник, кој седи на бел коњ со долго копје в рака прободено во уста на страшната ламја.

Верниците ја празнуваат неговата истрајност, заедно ја прославуваат верата за која тој се залагал.

Вечен нека е овој ден, честито име и слава на сите кои празнуваат, за многу години!

Прочитај повеќе...

Култура

(ФОТО) Денес во нашиот кичевски манастир „Св.Богородица – Пречиста“ се одржа Света Аехиерејска Божествена Литургија

Објавено пред

на

©Свештена Пречистанска Обител „Пресвета Богородица“

Нашата благословена Свештена обител вчера отслужи мало бдение, кое започна во 20:00 часот, по повод светлоносниот празник на Богомајката, Нејзиното воведување во Храмот Божји, Св.Богородица – Пречиста. Денес недела, исто така на утро во 08:30 часот се реализира Света Аехиерејска Божествена Литургија на која претстоеше нашиот возљубен Старец Епископ Антаниски г.Партениј.

Неизмерна пак беше и користа од поуката на Старецот, кој со своето секогаш исполнето со љубов кон Богомајката и татковска грижа кон Црквата и верниот народ Слово, грижливо нé упати во тајните и скриените значења на празникот.

Нека Пресветата Богородица со своите мајчински молитви ни помага на сите, да и ние, по Нејзините молитви и застапништва, станеме храмови Божји и да се вивнеме во Висините кон Царството на Нејзиниот Син и Бог наш.

Прочитај повеќе...

Култура

Помолете се за здравје, денес е празник Пресвета Богородица Пречиста, на помош слава домаќини!

Објавено пред

на

Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот Захарија ја воведе не само во храмот, туку и во Светињата над светињите, т.е. во најсветото, најчистото место на храмот, каде што никој никогаш не влегуваше, освен првосвештеникот, и тоа само еднаш во годината. Така, Бог преку света Захарија, кој беше надвор од себе и обземен од Бога”, ја прослави умната и телесна чистота на Марија, која подоцна стана врата на спасението, т.е. го прими во себе, го носеше и го роди Синот Божји, истовремено и Син Човечки, Христос.

Најчистиот се роди од најчистата утроба. Затоа и празникот е Пречиста.

Денес се чека гости, како и утре официјално на денот!

За многу години домаќини!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија7 часа

Од полноќ големо намалување на цената на горивата

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 3,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Магазин9 часа

Вака би можел да изгледа првиот телефон на Google со флексибилен екран (ВИДЕО)

Се појавија детали за тоа како би можел да изгледа првиот телефон на Google со флексибилен екран. @Onleaks и HowToISolve...

Дом и уредување9 часа

Во одводите демнат невидливи материи кои можат да бидат опасни

Одводите, одводите и канализационите цевки генерално не се многу пријатни места, барем од човечка перспектива. Да бевте габа, од друга...

Автомобили9 часа

Половните автомобили ќе бидат поевтини и поевтини

Цените на половните автомобили се на највисоко ниво на сите времиња и најверојатно наскоро ќе паднат, соопшти во четвртокот одделот...

Магазин9 часа

Airbus создаде водороден мотор за авиони

Како дел од својата цел да има авиони со нулта емисија во употреба до 2035 година, Airbus најави развој на...

Скопје9 часа

Се огласија од МВР, пратени дојави за бомби и за ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар.

Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје...

Кичево12 часа

Неодолива неделна акција на производи во АТВА Маркети

За сите верни потрошувачи, АТВА Маркети Кичево истакнаа неделна акција на производи која трае до 15 декември. Купувај и заштеди!

Временска прогноза12 часа

Сите информации за новиот циклон кој носи обилни врнежи од дожд

Моќниот циконски систем од запад полека му се приближува на регионот и на Македонија и истиот веќе започна да влијае...

Хороскоп21 час

Хороскоп за петок (9 декември)

ОВЕН Еден разговор може да ве стави во незгодна позиција да мора да бирате помеѓу семејството, пријателите и партнерот. Послушајте...

Кичево22 часа

96.5 MHz – Радио „Акорд“ – 17 години вашата верна радио и онлајн музичка фреквенција во кичевскиот етер

На фреквенција од 96.5 MHz во Кичево, 24 часа на ден, се емитува музика по избор на слушателите,најнови хитови од македонската и странската...

НАЈЧИТАНИ