Следете не

Култура

Ревизија – Топ 10 најпосетени музички настани

Објавено пред

на

Ревизија се занимава со избор на најдобрите достигнувања од најразлични сфери на општественото живеење и делување кај нас и пошироко.

Култура

Денеска е празник, Св.Кирил и Методиј, ден на словенските просветители

Објавено пред

на

Денес е празник, Св.Кирил и Методиј, светите браќа кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. За животот и дејноста на словенските просветители најмногу податоци добиваме од делата: „Панонски легенди“, „Климентовото житие од Теофилакт“, „Климентовото житие од Хоматијан“ и „О`писменех“ од Црноризец Храбар.

Именден празнуваат: Кирил, Киро, Методиј, Мето…

Кирил и Методиј се родени во Солун во угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Најстариот од седумте деца, Методиј е роден околу 815 година, а најмладиот Константин во 826/27 година.

За постариот брат Методиј многу малку се знае. Името Методиј го добил во монаштво. Завршил највисоки школи во Константинопол и ја избрал воената служба. Десетина години бил управител на Словенско кнежевство во Македонија што било под власта на византискиот император и таму го напишал делото „Закон судниј људем“ („Закон за судење на луѓето“). Но, ја напуштил оваа служба и заминал во манастирот на планината Олимп (Мала Азија) каде што се закалуѓерил. Подоцна, во овој манастир дошол и неговиот помал брат Константин, со кого заедно учествувале во две значајни мисии: Хазарската и Моравската.

Константин пак, познат под монашкото име Кирил, уште како дете го учел напамет познатиот христијански беседник Григориј Богослов, се истакнувал во учењето поради што бил забележан од царските советници, кои му овозможиле да се школува во познатата Магнаурска школа во Цариград која што имала ранг на денешен универзитет. Тука се афирмирал како извонреден мислител, богослов и апологет на христијанството. Во житијата се вели дека граматиката ја изучил за три месеци, дека го учел Хомер (Илијадата и Одисејата), дека ги учел сите филозофски науки кај Лаава и Фотија, дека учел реторика, артиметика, астрономија, книжевност, сите елински уметности итн. По завршувањето на школата работел како библиотекар во познатата Патријаршиска библиотека во Цариград, од каде што заминал во еден манастир на Босфор. По престојот во манастирот бил поканет за професор на Магнаурската школа, па така станал познат професор по филозофија, поради што го добил прекарот филозоф.

Бидејќи се истакнал со познавање на црковните, но и на световните прашања, на 24- годишна возраст од страна на византискиот двор бил испратен на Арапската мисија кај Сарацените, која што имала државно-политички и религиозен карактер. Со Сарацените водел полемики на повеќе верски прашања, а се запознал и со нивниот живот и обичаите.

Потоа бил испратен да му помогне на својот брат во Словенското кнежевство во Македонија (т.н. Брегалничка мисија). Доаѓајќи во брегалничко, Константин покрстил 54000 словени и ги воочил проблемите со кои се соочуваат словените поради немањето на своја азбука и неможноста да се употребува грчкото и латничното писмо за запишување на специфичните словенски гласови.

Во 860 година, Константин бил испратен кај Хазарите (Хазарска мисија) на брегот на Црно море. Тие немале официјална религија – имало Евреи, Муслимани, Христијани и пагани (многубошци). Задачата на Константин во оваа дипломатска и верска мисија била да го прошири христијанството на оваа територија и да ослободи византиски затвореници. Тој со себе го понел и својот брат Методиј. Во оваа мисија тие ги откриле моштите на Папата Климент I (Римски) и со верски почести ги положиле во црквата Св.Димитрија во градот Херсон. Константин напишал и „Пофално слово“ и химна за папата Климент и понел дел од моштите со себе.

Сепак, за двајцата браќа најважна е Моравската мисија, која што е важна и за иднината на сите Словени. Иницијативата за оваа мисија ја дал моравскиот кнез Ростислав, кој за да ја стабилизира својата држава на политички план преземел мерки за решавање на црковното прашање. За организација на црквата во својата земја тој побарал помош од Византија. Имено, побарал да му испратат луѓе кои ќе го проповедаат Божјото слово на разбирлив словенски јазик. Уште барал и епископ кој би ја организирал црквата да стане самостојна во однос на Рим. Но, и Византија имала свој интерес па во тоа време на заострување на односите во самата христијанска црква, а за да не дојде до натамошен раскол, му испратиле само учители мисионери, а не и епископ. Тие мисионери биле Кирил и Методиј. Но тогаш Словените немале букви, така што Кирил морал да состави и азбука и да ги преведе неопходните книги на словенски јазик. За составување на оваа прва словенска азбука (глаголицата) и за првите преводи од грчки на словенски јазик, Кирил го искористил јазикот на македонските Словени од Солун и околината.

Во Моравија, Кирил и Методиј биле пречекани со воодушевување од страна на кнезот Ростислав, но и со жесток отпор од страна на германските свештеници. Тие ги обвинувале солунските браќа затоа што службата ја изведувале на словенски јазик, тврдејќи дека Божјото слово треба да се проповеда само на три јазици: еврејскиот, грчкиот и латинскиот.

Поради ваквите пречки во работата, Кирил и Методиј тргнале за Рим со намера лично пред папата да ја образложат својата дејност и да ги оспорат многуте клевети. На патот кон Рим минале низ Панонија каде што кнезот Коцел бил одушевен од нивната служба и посакал и во неговото кнежевство службата да се изведува на разбирлив словенски јазик. Потоа, стигнале во Венеција каде што Кирил имал остра полемика во одбрана на правото сите народи, за и Словените на свој јазик да ја изведуваат богослужбата. „Не врне ли дожд од Бога еднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви?“ – им рекол Кирил, додавајќи дека и Персијанците, Ерменците, Арабјаните, Хазарите и другите народи го проповедаат словото Божјо на свој јазик и дека е незамисливо, дури и апсурдно тоа да се прави на јазик неразбирлив за верниците.

Во Рим, браќата биле пречекани со голема свеченост, уште повеќе затоа што со себе ги носеле моштите  на папата Климент I. Поради мудроста и пожртвуваноста на Константин и Методиј, поради нивната мисија за ширење на Христијанството и поради честа која му ја направиле на починатиот папа Климент I, папата Адријан II го ракоположил Константин за свештеник, а неговите ученици за презвитери и ѓакони. На Константин му било дозволено да изведе богослужба на словенски јазик, црковните книги кои биле преведени на словенски јазик и писмо биле оставени на поклонение во еден од римските храмови, а преводот на Библијата бил осветен од Папата кој дозволил во Велика Моравија и Панонија да се богослужбува на словенски јазик.

Во Рим, Константин тешко се разболел. Се замонашил во февруари 869 година и по педесетина дена починал. Непосредно пред смртта го примил монашкото име Кирил. Неговото тело со високи верски почести било положено во црквата „Св. Климент“ во Рим каде што се наоѓа до денешни дни.

Методиј, со архиепископски чин, се вратил во Велика Моравија за да продолжи со мисијата. Заедно со своите ученици, дејноста ја вршел со големи тешкотии поради силниот притисок од германското духовенство, се до смртта во 885 година.

Колку е извонредно важна и суштинска мисијата на светите браќа Кирил и Методиј говори фактот што денес тие се патрони на Европа – признание дадено од Ватикан со цел да се потенцира нивното значење за единството на европските народи.

Прочитај повеќе...

Култура

Кичевскиот храм Св.Апостоли „Петар и Павле“ организираат бесплатен превоз по повод свечената Божествена Литургија во Скопје

Објавено пред

на

На 24.05.2022 година во вторник, ќе се одржи најсвечената Света Божествена Литургија во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје на која ќе служат светејшиот патријарх српски г.г. Порфириј и Неговото Блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Поради тоа, се известува верниот народ од Кичево дека ќе има БЕСПЛАТНО ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ за заедничката служба на која ќе служат патријархот и архиепископот, та да се земе учество на овој историски настан, којшто ќе остане запаметен во историјата на Република Македонија и запишан во страниците на црковната светска историја.

Организиран е автобуски превоз со ограничен број на седишта, поточно 52 слободни седишта.

Пријавувањето ќе биде во нашиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево.

Тргнувањето ќе биде во 06⁰⁰ часот наутро од пред храмот, па затоа најдобро е најдоцна до 05⁴⁵ часот да се соберат сите за да тргне навремено превозот.

Прочитај повеќе...

Литература

Излезе книгата „Гласот на предците“, која претставува зборник на македонски народни преданија од Христијан Аџиоски

Објавено пред

на

Секоја страница исплетува приказна со посебна македонска судбина, која како ехо нè наоѓа… и одѕвонува во нашата свест. Низ приказните во овој мал зборник, ќе ја пропатувате цела Македонија, барем накратко ќе бидете сведоци на различни настани одделени со стотици години, читајќи ги судбините на нашите предци, ќе можете за миг да се соживеете со нивното време!

Во преданијата кои ја раскажуваат Македонија, ќе сретнете непокор, јунаштво, предавства, љубов, мудрости, приказни во кои дефилираат цареви,
принцези, војсководци, бегови, паши, невести, ѓаволи, доаѓаат и светците како заштитници, а прелетува и по некој змеј.

Кратка содржина:

Како Свети Јован го спасил Бигорскиот манастир од уништување? Како од солзи можат да се создадат езера? Зошто е проколната грешната принцеза Струма?
Како Мариово добило царски ферман за навек да остане христијанско? За кого клетвата значи скаменување? Зошто мајмун не игра во Прилеп?
Зошто ѓаволот не успеал да го догради ѕидот во Овче Поле? Како копјето станува волшебно кога ќе ја чуе песната на соколот?
Дали под Плетвар има подземни пештери кои водат до Солун? Како настанал охридскиот чун? Колку долго Бела Ица го чекала царот Александар да дојде по неа?

На сите овие прашања, одговорите се кријат во овој зборник – овде се собрани само дел од приказните со кои можеме читајќи да пропатуваме низ времето на прастарата и никогаш недораскажана Македонија. Преданијата од нашите предци ги наследуваме со вековен аманет да ги раскажеме, запишеме и да им подариме вечност, а со тоа ги овековечуваме и оние кои нам ни ги раскажале.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура10 часа

Денеска е празник, Св.Кирил и Методиј, ден на словенските просветители

Денес е празник, Св.Кирил и Методиј, светите браќа кои се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за...

На денешен ден10 часа

24 мај – На денешен ден

1543.- Почина полскиот астроном Николаус Коперник, творец на хелиоцентричниот систем и основач на модерната астрономија, автор на „Циркулацијата на небесните...

Хороскоп12 часа

Денешен Хороскоп (24 мај) – вторник

ОВЕН Денес е идеален ден за Овенот да се посвети на прашањата кои ве мачеа изминативе неколку недели. Обрнете посебно...

Спорт15 часа

„Сер Боби“ ги објави предводниците за натпреварите против репрезентациите во сегментот „Ц“ од новото издание на Лига на нации

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за натпреварите против Бугарија (2. јуни), Гибралтар (5....

Lifestyle15 часа

Претставници од „Евротип, Голд Слот и Голд Фелициа“ учествуваа на хуманитарен турнир во „Бељот“ и се закитија со високото второ, односно трето место

Во организација на Ротаракт клубот – Битола, се одржа хуманитарниот Бељот турнир во Битола, втор по ред. На него зедоа...

Македонија20 часа

Од ноќеска ново поскапување на бензините!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во...

Свет23 часа

СЗО: Светот се соочува со големи предизвици – се шири епидемија на мајмунски сипаници

Светот се соочува со „страшни“ предизвици, вклучувајќи ги Ковид, војната во Украина и мајмунски сипаници, предупреди првиот човек на Светската...

Магазин23 часа

Apple повторно го одложува враќањето во канцелариите

Apple повторно го одложува враќањето во канцелариите, а овој пат ќе биде помалку строг во однос на личната работа. Компанијата...

Магазин23 часа

Нема повеќе APK инсталации на телефоните Xiaomi?

Целата поента на оперативниот систем Android е неговата отворена природа. Сепак, се чини дека ваквата состојба не одговара на сите,...

Магазин23 часа

Падна Viber: Популарната апликација има непознати проблеми

Според нашите податоци, апликацијата е прилично „забавена“ и многумина не можат да праќаат пораки или да повикуваат. Пораките доцнат, па...

НАЈЧИТАНИ