Македонија
СТУДЕН БРАН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА: Дожд, снег и пониски температури

И утре ќе се задржи стабилно и суво време со магла по котлините и со појава на умерена до значителна облачност. Ќе дува најчесто слаб јужен ветер. Дневните температури, особено на повисоките места и на планините ќе бидат над просекот за овој период од годината.
По котлините и по речните долини, вклучувајќи ја и Скопската ќе има појава на магла и ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска преку денот.
Од утре попладне во југозападните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена проследена со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе се преместат од југ кон север и ќе се проследен со умерен северен ветер се очекува од петок наутро.
За тогаш се најавува и продор на студена воздушна маса над Македонија што треба да донесе и значително намалување на температурите кое сепак нема да биде блиску ни до просекот. Наутро температурите до крајот на неделата ќе почнат да паѓаат под нулата.
Целата наредна недела се очекува да биде влажна, а некаде кон средината можно е да се создадат услови и за позначителни снежни врнежи кои можеби и ќе формираат снежна покривка. Наутро температурите ќе бидат околу минус 3 степени а во текот на денот ќе достигнуваат и до 7 степени.
Постудено време може да очекуваме кон крајот на јануари и почетокот на февруари кога утринските ќе се спуштат до минус 10 степени, а дневните нема да ја поминат нулата. Сепак, тоа се долгорочни прогнози кои не даваат прецизни информации.
/iNFOmax
Македонија
Кривична пријава против полициски службеник од Свети Николе, упатувал закани на командир на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Свети Николе, поднесе кривична пријава против Г.Т. од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 од Кривичниот законик.
На 25.02.2025 во службена просторија во ОВР Свети Николе, пријавениот Г.Т., полициски службеник во Полициската станица Свети Николе, во присуство на други полициски службеници, агресивно се однесувал и се заканувал на К.М. – командир на Полициската станица Свети Николе. Имено, на наведениот датум, полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, преку командирот К.М., како негов претпоставен, преземале мерки во врска со претставка од граѓани против Г.Т. за непрофесионално и недолично постапување при изготвување на записници за констатирани прекршоци од областа на сообраќајот.
Откако дошол во канцеларијата на командирот, пријавениот го обвинил него дека е иницијатор на претставката и почнал да му се заканува.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка пријавениот да биде суспендиран од работното место до завршување на дисциплинската постапка, информира МВР за јавноста.
Македонија
Расчистено кривично дело изнуда во Прилеп, поднесена кривична пријава против три лица и определен им е притвор

На 26.03.2025 во 20.40 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.Р.(53) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 258 од Кривичниот законик. Претходно, истиот ден во 08.00 часот во ОВР Прилеп, 54 – годишен сопственик на угостителски објект во Прилеп пријавил дека со физички напад и закани, С.Р. и А.Т., двајцата од Прилеп, му изнудиле пари кои ги земал приведениот Р.Р., татко на С.Р..
Имено, на 20.03.2025, С.Р. и А.Т. дошле во неговиот угостителски објект, физички го нападнале и со закана барале од него месечно да им дава 400 евра за да му го обезбедуваат објектот. Најпрвин ги одбил, но после тоа, тие уште неколку пати доаѓале во објектот, му се заканувале и му барале пари, при што С.Р. му рекол дека парите ќе ги зема неговиот татко Р.Р.. На 24.03.2025 тој се договорил со Р.Р. дека ќе му ги даде парите на 26.03.2025, а откако ги зел парите, Р.Р. бил лишен од слобода и приведен во полициска станица.
После тоа, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле претреси во домовите на тројцата, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.
Од страна на судија на претходна постапка на Р.Р. му била определена мерка притвор од 30 дена и бил спроведен во казнено – поправна установа за издржување на мерката.
Исто така, мерка притвор од 30 дена во отсуство била одредена и на С.Р. и А.Т, информира МВР за јавноста.
Македонија
Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките од часовниците се поместуваат еден час понапред

Претстојниот викенд започнува летното сметање на времето во сите евромски земји и кај нас. Тоа значи дека стрелките на часовникот се поместуваат еден час понапред, односно во сабота на 30-ти март ноќта во 02:00ч.
Сметањето на зимско во летно, но и летно во зимско се спроведува како што знаеме секоја година, а со оваа промена, денот станува подолг, а ноќта пократка. Европската унија во 2016 година покрена иницијатива за оваа променa, која не беше успешна. Имено, како што се знае до последните информации, летното сметање на времето ќе продолжи најмалку до 2026 година
-
Македонија2 дена
Љупче Спироски од Кичево избран за нов началник на „РЦ Запад“, истакнат професионалец во својата работа
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за сабота (29 март)
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (28 март)
-
Магазин20 часа
„Евротип“ на вработени од Кичево, Битола, Прилеп и Кавадарци им додели награди по повод нивниот 10 годишен работен јубилеј
-
Скопје19 часа
И за утре најавен посебен сообраќаен режим во Скопје поради протест во централното градско подрачје
-
Временска прогноза2 дена
Почеток на месец април ќе имаме ладно време, на планините и скијачките центри ќе имаме снег
-
Кичево24 часа
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“
-
Македонија1 ден
Викендов започнува летното сметање на времето, стрелките од часовниците се поместуваат еден час понапред