Временска прогноза
Поројни дождови на секаде, ќе одмараме ли за 1-ви под покрив?!
Нестбилно време проследено со пороен дожд и грмежи попладнево имаше во Виница, Гостивар, Крива Паланка и во демирхисарското подрачје.
До крајот на денот, како што информираат од УХМР, се очекува постепено стабилизирање на временската состојба. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови повторно ќе има нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14 степени, а дневната од 22 до 29 степени. УВ индексот ќе изнесува седум.
Во Скопје и околината времето претпладне ќе биде сончево, попладне со услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 28 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од средината на наредната недела се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
Временска прогноза
Температури во пораст и магла особено во кичевскиот регион
Од крајот на оваа работна седмица, па за време на викендот, како и во почетокот на следната седмица во Македонија продолжува променливо облачно време со сончеви периоди, тивко и со појава на густа магла по котлините.
Појава на густа магла во следните денови ќе продолжи да има и во Скопската котлина и кичевскиот регион.
Во местата со магла температурите ќе бидат многу пониски како наутро, кога ќе се спуштаат и под нулата, па така и преку ден. Додека на другите места, особено на повисоките, планинските места и Скијачките центри температурите ќе бележат тенденција на голем пораст со што се очекува забрзано топење на снежната покривка.
Преку денот во следниот период насекаде температурите ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие се очекува да се искачат и до 17 степени. Но како што напоменав, значително поладно ќе биде во котлините со густа магла и ниска облачност.
И во Скопската котлина температурата преку ден во следниот период ќе остане пониска и претежно под 10 степени.
Се на се, температурната инверзија ќе ја имаме и во следниот период од годината, па така, котлините ќе бидат значително поладни од повисоките месата, планините и Скијачките центри, вели Славчо Попоски во најновата метео анализа.
Временска прогноза
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
Кога сме веќе во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), и кое ќе продолжи до крајот на седмицава, и сето ова ќе биде придружено со значително поголема влажност во воздухот. Во ваква ситуација по котлините и понатаму ќе има појава на густа магла и токму на овие места ќе биде многу поладно, појава на густа магла понатаму ќе продолжи да има и во Скопската котлина. Ќе биде претежно тивко и променливо облачно.
Во петок ќе има услови за сосема слаб и локален дожд.
Што се однесува до температурите, тие наутро на повеќе места ќе се задржат за некој степен над или околу нулата, а во котлините со магла тие ќе бидат пониски и ќе се спуштаат под нулата, а многу поладно за разлика од другите места, односно повисоките, планинските места и Скијачките центри ќе биде токму во котлините со густа магла и ниска облачност и преку ден.
Што се однесува до максималните дневни температури, тие ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе се искачуват во интервалот од 8 до 16 степени, во Скопје таа постојано ќе биде до околу или под 10 степени, а наутро таа ќе се спушта до близу или околу нула степени.
Да напоменам дека кога котлините се поладни од високите места и планините, тоа се нарекува температурна инверзија, која се очекува да продолжи во Македонија и во следните денови, вели Славчо Попоски
Временска прогноза
Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините
Утре (вторник (21.1.2025) од југозапад над Македонија ќе помине еден брз влажен и поладен воздушен бран, поладниот воздушен бран секако ќе се спушти од север. Во склоп со овој влажен бран од југозапад, ќе има послаби врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд или повремено од дожд и снег, додека на повисоките, планинските места, како и на Скијачките центри ќе има врнежи од снег.
Врнежи со малку поголем интензитет, односно со умерен интензитет ќе има во западните предели од Македонија. По котлините ќе продолжи да има магла и намалена видливост, особено густа магла ќе има во ноќните и во утринските часови.
Во Скопје и околината ќе има услови за сосема слабо проврнување на дожд, а поради маглата која се очекува во ниските предели од котлината, можна е појава и на замрзнат дожд, но како што напоменав од локален и многу слаб интензитет.
Што се однесува до температурите, тие утре (вторник) наутро ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, во Скопје до околу -2 степени, а максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степениж, во Скопје максималната температура утре (вторник) ќе се искачи до околу 4 степени, информираше Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (22 јануари)
-
Спорт12 часа
(ВИДЕО) ФФМ истакна видео од затекнатата состојба на Академијата, секој талент заслужува подобри услови за фудбал
-
Lifestyle11 часа
Чај од ѓумбир: Ефикасен природен лек за болки во грлото и упорна кашлица
-
Временска прогноза17 часа
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
-
Автомобили11 часа
Најпродаваниот нов автомобил во Европа станува електричен
-
Временска прогноза3 часа
Температури во пораст и магла особено во кичевскиот регион
-
Lifestyle11 часа
Направете шампон од мед и уживајте во здрава и бујна коса
-
Македонија9 часа
На гранична линија со Грција приведен 23-годишник од Бангладеш, фатен бил со група од осум мигранти од Непал