Временска прогноза
Дожд на секаде, додека во јужните краеви грмежи и засилен ветер, стабилизација се очекува од недела
Времето денес во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта (над 25 л/м2).
Локално, особено во јужните делови ќе има појава на нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и повремено силен ветер (над 80 км/час).
Утринската температура ќе се движи од 2 до 8 степени, а дневната од 5 до 16 степени.
Во главниот град облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни попладне и во текот на ноќта. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Во недела на планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на идната недела ќе настапи стабилизирање на времето.
Временска прогноза
На самиот старт од новата 2025-та година, доаѓа поларен бран кој ќе донесе минусни температури и врнежи
Веќе ноќта петок кон сабота (3 кон 4 јануари 2025) и во сабота (4 јануари 2025) во Македонија како што подолго време најавувам ќе дојде до поголема промена на времето и спуштање на многу поладен и влажен воздушен бран од Арктикот.
Во ваква ситуација во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота, особено претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките места и на планините, како и на Скијачките центри секако ќе бидат од снег, и постојаната снежна покривка токму на овие места ќе се зголеми. Поради заладувањето, повремен снег ќе има и во делови од пониските места (градовите), особено во западните и во северните предели од Македонија.
Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час).
Во Скопје и околината со овој бран ќе има врнежи од дожд, а на околните планини и во повисоките предели од котлината ќе има повремени врнежи од снег. Услови за сосема слабо провејување на снег ќе има и во делови од пониските предели од котлината. Повремено со ова спуштање на ладниот воздух од север, и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие значително ќе опаднат и во сабота наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија.
Да напоменам дека на повисоките населени места, како и на планините и Скијачките центри, температурите во сабота и преку ден ќе бидат постојано под нулата, извести Славчо Попоски
Временска прогноза
Попоски истакна првична метео анализа за Новогодишната ноќ, сепак ќе имаме стабилно, ведро, и сончево, по котлините со магла!
За време на новогодишната ноќ 31 декември 2024 ноќта кон 1 јануари 2025, како и на првиот ден од новата 2025 година, односно на 1 јануари (среда) и официјално ќе имаме стабилно, суво, ведро и сончево време насекаде во Македонија, особено на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, додека по котлините, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови, па така во местата со магла и со ниска облачност температурата преку ден ќе остане пониска.
И во Скопскиот регион во истиот период ќе имаме ведро и сончево време. Ќе биде претежно тивко, па така особено во ниските предели од котлината ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови.
Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека преку ден тие ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Токму ова ќе услови на планинските места и на Скијачките центри снежната покривка постепено да се намалува.
Во Скопје на првиот ден од новата 2025 година (среда) наутро температурата ќе се спушти до околу -2 степени, а преку ден таа ќе се искачи до околу 8 степени, предмалку истакна Славчо Попоски
Временска прогноза
Годината 2025-та ја започнуваме со екстремно ладен фронт од Арктикот кој ќе донесе со многу ниски утрински и дневни температури
Почнувајќи од 3 јануари, па во деновите потоа, вклучувајќи ги и Божикните празници, но и деновите по 10 јануари, судејќи нормално според најновите излези на прогностичките модели, целиот Европски Континент, вклучувајќи го и целиот Балкан ќе биде заледен и зафатен од екстремно студен бран кој ќе се спушти од Арктикот кон Европа и Балканот. Во Склоп со циклонски активности ќе има и чести и обилни снежни врнежи, на повеќе места во вид на снежно невреме.
На многу места низ Европа температурите ќе се спуштаат под -10, -15 степени, исто така во многу делови од континентот се очекуваат температури дури до , па и под -20 степени, а понекаде дури и до -30, во Алпскиот регион и под -30 степени.
Покрај тоа што многу снег ќе има и на Балканот, во вид на снежно невреме, и на Балканот температурите ќе бидат екстремно ниски и во делови од Балканот се очекуваат температури дури до околу, па и под -20 степени, а локално и до околу, па дури и под -25 степени, односно близу -30 степени.
Секако ако вака останат работите и во следните излези на прогностичките модели, треба да се подготвиме за уште еден нов Метеоролошки екстрем, овој пат низ цела Европа и Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.
Инаку неодамна многу делови од Балканот се соочија со големо снежно невреме, каде во делови од Балканот наврна над еден и половина метар снег, оваа зима започна и наликува како оние дамнешни зими од деведесеттите години, за јавноста информираше Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (4 јануари)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Вчерашниот ден на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево помина прекрасно, вечерва не го пропуштајте спектакуларниот „Детски Воз“ и богатата музичка агенда
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за недела (5 јануари)
-
Македонија2 дена
Поради снег, воведена забрана за тешки товарни возила на превој Стража и Дебар-Маврово
-
Македонија1 ден
Д-р Бакрачески ќе биде дополнително ангажиран како консултант во кардиолошкиот оддел на болницата „Плодност“, но останува посветен и во „Специјалната болница за кардиоваскуларни болести“ – Охрид
-
Кичево5 часа
Утре во Кичево заедно со дечињата да ја направиме најголемата „Бадникова поворка“ која некогаш се случила, силно и гласно да го најавиме Христовото раѓање
-
Lifestyle1 ден
Која храна го намалува шеќерот во крвта
-
Lifestyle1 ден
10 Навики за Ефикасна Детоксикација – Без Потреба од Строги Диети