Следете не

Македонија

Драма во Куманово: Го опожарил полициското возило и се дал во бегство, кога го пронашле отворил оган врз полицијата

Објавено пред

на

На 20.01.2020 околу 02.10 часот полициски службеници при СВР Куманово на ул.„Трета македонска бригада“ во Куманово забележале едно лице кoe предизвикало пожар на моторно возило „шевролет спарк“, во сопственост на МВР, кое било паркирано пред поранешен Дом на АРМ.

Лицето се дало во бегство, а по кусо време од страна на полициски службеници било забележано на ул.„Боро Прцан“, но не ја почитувало дадената наредба за застанување, туку вперило огнено оружје и испукало неколку проектили кон нив, по што побегнало. Нема повредени.

Опожареното возило „шевролет спарк“ е изгаснато по интервенција од страна на Противпожарната единица Куманово. Во координација со Јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: СВР Куманово

Македонија

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 33 години самостојна и независна Македонија!“

Објавено пред

на

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија.

„Нека ни е честита самостојна и независна Македонија!

Ова беа зборовите на претседателот Киро Глигоров кој на преполниот плоштад во Скопје на 8 септември 1991 година ги официјализира резултатите од референдумот на кој македонскиот народ со огромно мнозинство од 95% се изјасни за осамостојување на Република Македонија од Федеративна Југославија во која се распламтуваше граѓанска војна.

95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На 25 јануари истата година, првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои декларацијата за независност.

Усвојувањето пак на Уставот беше на 17 ноември 1991 година.

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честита 33-та година, самостојна и независна Македонија!“

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска цената на бензинот се намалува, дизелот останува со иста цена

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.09.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50 ден/лит

Прочитај повеќе...

Македонија

До вчера регистрирани 20 пожари, кај с.Цер нема опасност од проширување

Објавено пред

на

Во текот на вчерашниот ден, недела, 25.08.2024 година, имаше вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола се 3 и изгаснати се 15, известуваат од ЦУК и тоа:

АКТИВНИ: 2

1. Општина Чашка: место викано Котева Круша атар на с.Оморани префрлен од планина Мукос (мешана шума);

2. Општина Македонски Брод: с.Грешница кај резервоарите од селски водовод (мешана шума)

ПОД КОНТРОЛА: 3

1. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева).

2. Општина Кичево: с.Цер кон с.Старец (гори веќе на изгорениот дел, нема опасност од проширување)

3. Општина Охрид и општина Ресен: планина Галичица чадење на две места, место викано Зли Дол, Општина Охрид (тлеат трупци од претходниот пожар), с.Стење и с.Лескоец, Општина ресен (трева и лисна постелка во дабова шума;

ИЗГАСНАТИ: 15

1.Општина Ресен: с.Раица (сува трева и грмушки)

2. Општина Боговиње: Во близина на Нептун Петрол Мотел (сува трева и стриште)

3.Општина Липково: с.Ваксинце (ниска вегетација)

4.Општина Старо Нагоричане: Маало Беле Грамаде кај гробиштата (ниска вегетација)

5.Општина Крива Паланка: с.Конопница (ѓубриште)

6. Општина Македонски Брод: м.в Стојанова населба во с.Слатина ( сува трева и стрниште)

7. Општина Сарај 1: с.Буковиќ (сува трева и ѓубре)

8. Општина Сарај 2: с.Свиларе (сува трева и грмушки)

9. Општина Чаир: бул.Македонски Косовска Бригада (сува трева и ѓубриште)

10.Општина Шуто Оризари: ул.Македонски Косовска Бригада (ѓубре)

11. Општина Арачиново: с.Арачиново (депонија)

12. Општина Прилеп 1: Кај Алфа Ауто (сува трева)

13.Општина Прилеп 2: Кај Алфа Омега (сува трева)

14. Општина Долнени: с.Житоше (сува трева и нискостеблеста шума)

15. Општина Брвеница: с.Волковија (сува трева)

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија2 часа

Среќен роденден Татковино! „Нека ни е честит 8-ми септември, 33 години самостојна и независна Македонија!“

На 8 септевмври 1991 година, граѓаните на оваа земја кажаа Да, за самостоја и независна Македонија. „Нека ни е честита...

Мобилни уреди2 часа

Apple за iPhone воведе доста новости, но една предизвика бура реакции на социјалните мрежи

Apple ќе воведе многу нови функции со iOS 18, но една предизвика различни реакции на социјалните мрежи. Покрај апликациите напојувани...

Временска прогноза2 часа

Од понеделник месец септември ќе наликува на месец ноември, со тоа што на многу места ќе има обилни врнежи од дожд и пад на температурите – ова се деталите..

Големата промена на времето во текот на следната седмица на Балканот му е загарантирана, а со оваа промена доаѓа  и...

Хороскоп3 часа

Празничен Хороскоп за недела (8 септември)

ОВЕН Прекумерната грижа станува исцрпувачка за секого. Вашите стравови ги проектирате претежно на женскиот дел од семејството. Интензивно размислувате за...

Спорт9 часа

(ВИДЕО) Не искористените шанси ја бетонираа Македонија, само реми против Ф.Острови во Торшавн

Македонската А репрезентација одигра само 1:1 на гостувањето против Фарски Острови од новото издание на Лига на нации. Енис Барди...

Кичево14 часа

Предмалку се случила сообраќајка на рег. пат Кичево-Охрид

Предмалку на регионалниот пат Кичево-Охрид, на самата клучка за Демир Хисар и Битола се случила сообраќајка каде учествувале повеќе возила....

Спорт1 ден

Милевски: „Треба да бидеме на максимум, затоа што Фарски Острови ја победи Турција и тоа не е мала работа“

Во пресрет на денешниот натпревар на македонската А репрезентација против Фарски Острови од новото издание на Лига на Нации, на...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (7 септември)

ОвенВодени од гласот на разумот, одлучно трнувате во акција. Уште ако имате добро промислено и анализирано сите варијанти, ќе биде...

Македонија1 ден

Од ноќеска цената на бензинот се намалува, дизелот останува со иста цена

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Скопје2 дена

СВР Скопје го расчисти случајот со пожарот во Расадник, поднесена е кривична пријава против 14-годишник, фрлал пиротехника запалена со запалка

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”,...

НАЈЧИТАНИ