Култура
„Emmy” наградите годинава без водител

Свеченоста на доделувањето на „Emmy” телевизиските награди годинава нема да има водител. Наместо тоа, продуцентите на мисијата одлучиле да им оддадат почит на некои од најпопуларните серии, што последниве месеци го имаа својот крај.
Извршниот директор на „Фокс Ентртејнмент”, Чарли Колиер ги потврди овие наводи.
– Нашата задача е да процениме како да го подигнеме нивото на програмата за оваа година и имаме среќа… Интересно е тоа – со колку многу фантастични серии се збогувавме овие месеци – „Игра на престоли”, „Империја”, „Списанието Вајс” и „Бубалици”, изјави тој.
Четврти пат во историјата на овие награди, емисијата нема да има водител. Претходно тоа се случи 1975., 1998. и 2003 година.
– Доколку има водител и вовед, тоа се 15 – 20 минути, кои може да се искористат за посебен осврт кон овие серии што го имаат својот крај. Тоа е нашата цел за доделувањето на „Еми” наградите овојпат, подвлекува Колиер.
Минатата година, Мајкл Че и Колин Џост – ѕвездите од емисијата „Saturday Night Live“, беа домаќини на шоуто.
Годинашното 71. доделување на наградите „Еми” ќе се одржи на 22 септември.
Култура
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски

Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.
Во оваа триесетта година од неговото монашко служење, во годината кога се навршуваат пет години од неговата хиротонија за епископ и кога го очекуваме неговиот педесет и петти роденден, да се потрудиме и ние – пред сè со делата наши, а потоа со молитвите и со животот наш – да му причиниме радост, за тој да може и понатаму, уште многу години, со силно здравје и Божјо просветление, да биде нашиот духовен столб, заштитник на верата и вистински духовен татко.
На многаја и благаја лета, Владико наш свет, Епископ Партениј!
Повеќе прочитајте на официјалниот натпис од Бигорскиот Манастир ТУКА
Култура
Кичевското архиерејско намесништво со известување по повод Задушница

Кичевското архиерејско намесништво ги известува своите верни чеда дека на ден 21.02.2025 година (петок) во 14⁰⁰ часот, во градскиот храм „Свети апостоли Петар и Павле“ – Кичево, ќе се изврши општ Парастос (опевање) за упокоените наши браќа и сестри во Христа Господа. Секој што сака да направи спомен за упокоените треба да донесе варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно за да се отслужи оваа служба.
Другиот ден, на самиот ден Задушница, 22.02.2025 година (сабота), започнувајќи од 08⁰⁰ часот наутро, свештениците ќе ги посетат старите и новите градски гробишта, па кој не дошол во петокот во храмот, тоа може да го направи во саботата на гробовите на своите упокоени. Исто така, и на гробовите да се има варена блага пченица, црвено вино и лепче од пченично бело брашно и да се покаже трпение додека не помине свештеникот секаде каде што треба, бидејќи трпението е една христијанска добродетел која е покажување на љубов, но и којашто ќе се прифати и како милост за упокоените. ПАРЦЕЛИТЕ, пак, 6, 7 и 8 кај новите градски гробишта ќе бидат посетени за отпевање после 09³⁰ часот наутро (тоа се најновите парцели).
Сакаме да напоменеме уште и тоа: Задушница е општиот ден посветен на упокоените, кога се спомнуваат сите наши роднини и пријатели кои починале во благочестива вера и со надеж во сеопштото воскресение, па оттаму произлегува и благословот даден од страна на Црквата за вечно спомнување – „Вечнаја памјат“ (Вечен спомен).
Оние кои не се починати со достоинство, по благослов на свештеник, секој може да си ги спомне дома во своите секојдневни молитви за упокоени, а во таа група спаѓаат: некрстени, отпадници од Православната Христова вера и Црква, јавни Божји хулители и хулители на Црквата и самоубијци. Тоа е така, затоа што тие самите, по својата сопствена волја се оддалечиле од „Патот, Вистината и Животот“ (Јован 14,6), па не се спомнуваат на сите црковните служби, па дури и на Божествената Литургија.
Во однос на храната, пак, којашто се остава на гробовите, подобро е да се однесе на некој кој нема да јаде, отколку да си правиме меѓусебно раздавање. Таа храна не е „за да им се најде на тие кои се упокоиле“, туку е милост како за починатиот, така и за растење во нашите добродетели. Објаснувајќи им го тоа на првите христијански заедници, свети апостол Павле вели: „царството Божјо не е јадење или пиење, туку правда и мир и радост во Светиот Дух“ (Рим 14,17).
Нека Човекољубивиот, Седобриот и Милостивиот Бог ги спомне нашите упокоени ближни, кои се упокоиле со надеж во воскресение и живот вечен, во Своето царство на Отецот, Синот и Светиот Дух, постојано, сега, секогаш и во вечни векови.
Амин!
Вечен им спомен!
Соопштение од Кичевска Парохија
Култура
Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..

-
Македонија2 дена
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Спорт6 часа
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен
-
Македонија1 ден
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Здравје и убавина9 часа
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје
-
Мобилни уреди1 ден
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години