Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од Гранит известуваат дека поради рехабилитација на делницата Јурумлери – Драчево и делницата Драчево – Орешани – Таор, од 15.04.2019 година се воспоставува времен режим на сообраќај на регионалните патишта Р1106 и Р2131. Времената измена на режимот на сообраќај на наведенате делници предвидува, работа под сообраќај како и повремено запирање на сообраќајот за време на изведување на асфалтерски работи.

Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;

-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија-Гевгелија)

-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино-Гевгелија)

Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот премин Пресека и с. Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

„Виадукт трејд“ од 05.03.2019 изведува градежни работни активности за времен режим на сообраќај во времетраење од 4 месеци (120 дена), на потег од бензинска пумпа Мак Петрол на улица ЈНА по крстосница со пат за с. Вруток, Општина Гостивар.

Г.П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 ќе започне со изведување на градежни работи на пат. На регионалниот патен правец Охрид – Свети Наум, во делот булевар Туристичка во должина од 3,5 км. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 21.05.2018 година започна изградбата на Експрес пат А4, Штип – Радовиш, на следниот потег: клучка Штип југ (Софилари)- Бучим (км 5+000 до км 28+560) согласно Договор бр. 001-ЕБРД/17.

Од 08.02.2019 година на патниот правец А4 Скопје – Петровец и обратно, поточно на патниот јазол Петровец, извршена е трајна измена на режимот на сообраќај на тој начин што е затворен исклучокот од автопатот Скопје – Велес, кој води кон с. Петровец, а се наоѓа пред НС Петровец и истиот е поместен по НС Петровец. Oд патниот правец Велес – Скопје исклучокот за с. Петровец е поместен пред НС Петровец, а затворен е исклучокот кој се наоѓа по НС Петровец. Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно кон јазолот и да ја почитуваат новопоставената сигнализација.

АМСМ ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.

Информации за движење низ ЈАСЕН

Патниот правец кој го поврзува градот Скопје со Македонски Брод:

Скопје кон Македонски Брод 06:30 – 09:00 часот и 16:00 – 18:00 часот

Македонски Брод кон Скопје 05:00 – 06:00 часот и 18:30 – 20:00 часот

Информативен центар

(02) 15 555