Спорт
Со одлука на ФФМ пласманот на ЕУРО 2020 го награди со исплата на најголемата премија во историјата на македонскиот спорт
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука најголемиот успех – пласманот на македонската репрезентација на ЕУРО 2020 да го награди со исплата на најголемата премија во историјата на македонскиот спорт.
Фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија добиваат четири милиони и двесте илјади евра вкупна премија за пласманот на Европското првенство..
Репрезентативците и стручниот штаб веќе инкасираа близу еден милион евра за освоеното прво место во групата Д од Лига на нации и квалификациите за ЕУРО 2020.
Со денешната одлука на Управниот одбор на ФФМ, до крајот од годината, федерацијата ќе им исплати сума од три милиони и двесте илјади евра за обезбеденото место на македонската репрезентација на Европското првенство.
Управниот одбор ги усвои предложените критериуми за распределба на наградата, изготвени од директорот на А репрезентацијата во консултација со селекторот и капитенот на македонската репрезентација.
– Кога ќе погледнеме што сѐ Фудбалската федерација на Македонија доживеа и оствари во 2020. година, навистина има на што да бидеме горди. Македонската репрезентација ја обедини целата држава и ни ја донесе најголемата фудбалска радост од осамостојувањето. Капитенот Пандев и сите репрезентативци апсолутно ја заслужуваат паричната награда. Во сите тие моменти на патот до пласманот на Европското првенство, кога фудбалерите играа и се бореа за нашата фудбалска историја , никогаш не се размислуваше за пари. Но, сега е моментот, Управниот одбор да го цени успехот и да се обидеме и на овој начин да дадеме признание и да влијаеме позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Знам дека времињата се тешки, но Фудбалската федерација ќе продолжи да работи и горди сме на сѐ што заработивме и сѐ што плативме. На капитенот Пандев и соиграчите им посакувам многу среќа во новиот квалификациски циклус и повторно да ја одведат Македонија на големо натпреварување, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
– Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука за распределба на средствата од УЕФА солидарен фонд на клубовите од МФЛ од натпреварувачката сезона 2019/2020 за развој на младинскиот фудбал;
– Управниот одбор на ФФМ го усвои Правилникот за лиценцирање во УЕФА натпреварувања на клубовите од ЖМФЛ
Спорт
(ВИДЕО) ФФМ истакна видео од затекнатата состојба на Академијата, секој талент заслужува подобри услови за фудбал
ФФМ предмалку објави ексклузивно видео од затекнатата состојба во Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
– Секој млад фудбалер заслужува средина која го негува неговиот талент и ја почитува нивната посветеност.
Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери уште пред да имаат шанса да блеснат.
Наскоро промените ќе зборуваат за делата, истакнаа од Федерацијата
Во прилог погледнете го видеото ТУКА
Спорт
Младата футсал репрезентација на Македонија ќе учествува на претквалификациски турнир во Естонија
Младата футсал репрезентација на Македонија до 19 години, во периодот од 21 до 24 јануари во Силамае, Естонија ќе учествува на претквалификациски турнир за пласман во главната рунда на квалификации за ЕП во Молдавија 2025.
На турнирот, покрај нашата футсал селекција, учество ќе земат и репрезентациите на домаќинот Естонија и Гибралтар.
Првиот натпревар од претквалификацискиот турнир го играме против Гибратлар на 23 јануари со почеток од 18. часот.
Ден подоцна, на програмата е натпреварот со Естонија, димаќинот на овој турнир. Дуелот со Естонија ќе започне во исто во 18. часот.
Селекторот на младата футсал репрезентација, Зоран Лекиќ за престојниот претквалификациски турнир во Естонија, се одлучи да ги повика следните фудбалери:
Кристијан Гавровски
Давид Тоневски
Лука Наумов
Матеј Митровски
Петар Лазовски
Драган Цветковски
Антонио Ѓорѓевски
Ивица Ангелески
Марио Јанев
Никола Стојмировски
Алек Тошевски
Стефан Апостоловски
Победникот на претквалификацискиот турнир во Естонија ќе се пласира во главната рунда квалификации за ЕП 2025 во Молдавија.
Извор: ФФМ
Спорт
Управниот одбор на ФФМ на чело со г-дин Омерагиќ донесе важни и квалитетни одлуки
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, согласно даденото ветување на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, донесе одлука за зголемување на таксата (надоместок) за судии и контролори.
40 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Прва МФЛ, Втора МФЛ, сите младински категории (младинци, кадети, пионери, помали пионери, петлиња, помали петлиња), женски младински категории (младински и кадетки);
60 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Супер лига – младинци и кадети.
100 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Прва и Втора футсал лига и женска Прва и Втора лига.
Ова е само прва фаза од најавеното зголемување за судиите и контролорите. Претседателот на Комисијата за натпревари, Игор Франговски во следната фаза ќе даде предлог за зголемување на таксата (надоместокот) и за делегатите на натпреварите од МФЛ.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за укинување на забраната за присуство на публика на натпреварите од северниот регион во Детска лига. Тренерите на тимовите, учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции. Исто така, повикуваме, сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој. Приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го одреди датумот и местото на одржување на Редовно изборно генерално Собрание на Фудбалска федерација на Македонија. Редовното изборно генерално Собрание на ФФМ ќе се оддржи на 15. март 2025 година со почеток во 10:00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука федерацијата да се откаже од 50 проценти од приходот остварен од регистрација на странски фудбалери. Приходот од кои се откажува ФФМ, ќе биде пренасочен кон Општинските фудбалски Сојузи (ОФС).
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот за измени на членови во Одборот на тренери во Фудбалската федерација на Македонија.
Актуелниот состав на Одбор на тренери во ФФМ е следниот: Алексо Мацков, Борче Христов, Благоја Китановски, Кочо Димитровски, Менсур Јакупи
Во продолжение ТУКА прочитајте го целосниот извештај на Фудбалската Федерација на Македонија
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за среда (22 јануари)
-
Кичево2 дена
Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории
-
Македонија2 дена
Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова е новата цена
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (21 јануари)
-
Временска прогноза2 дена
Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Вчера чесниот Крст во Ростуше на река Радика го фати младиот Климент Танески
-
Временска прогноза6 часа
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
-
Македонија2 дена
Лице од Радовиш пробал да пренесе 6 мигранти од Непал и Индија, бегал од Полицијата и удрил во работна машина