Кичево
(ФОТО) Да го пронајдеме изгубениот шарпланинец од манастир Св.Ѓорѓија – Кнежино
Драги пријатели и читатели.
Преку нашиот сервис ве известуваме дека изгубено е куче од расата Шарпланинец сопственост на Манастир Св.Ѓорѓија – с.Кнежино.
Според последните сознанија кучето последно е видено во атарот на месноста Кошарани.
Шарпланинецот кој го носи името Караман е питомо куче, сака луѓе и важеше како еден вид заштитник на Манастирот, речиси и да нема човек кој не го пречекал и не го сликал поради неговото карактеристично крзно.
Сите информации се добредојдени кај нас во порака или на тел. 076/272-203 или 077/688-050
Инаку за информација: Ова куче кое движи во околината на кичевскиот булевар иако приближно изгледа како Караман, не е.
Ви благодариме!
Кичево
Утре ќе се изведуваат градежни работи на патот кон „Крушино“ – с.Кнежино, за таа цел ќе има времен прекин на сообраќај додека не се завршат активностите
Градежна механизација и оператива на изведувачот ГД „Гранит“ – АД Скопје во текот на утрешниот ден (петок) 20.12.2024 во временски период од 10:00-13:00ч во делот на девијацијата кај месноста „Крушино“ и пат до с.Кнежино кичевско, ќе врши градежни активности – асфалтирање во делот на спојот на стариот со новиот поставен асфалт.
За таа цел се упатува молба до сите граѓани кои транзитираат до с.Кнежино, „Крушино“ или „Куќа на Уметноста“, односно кои ја користат оваа локална делница да имаат разбирање и трпение додека завршат активностите околу предвидените градежни работи кои според информациите ќе траат половина час, информираат од месната заедница на с.Кнежино преку своето електронско гласило knezino.mk
Кичево
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
Токму така, секој ден со почеток од 12:00 до 20:00ч, во недела од 12:00 до 19:00ч, на радост на најмилите, оние кои најмногу му се радуваат на Дедо Мраз, „ФОТО Зоран“ специјално ви нуди професионално фотографирање.
Не ја пропуштајте уникатната понуда да ја овековечите годината со спомени на кои со задоволство ќе се навраќате, а од 2-ри јануари Дедо Мраз ќе биде гостин и на најголемиот Хуманитарен Базар на градскиот плоштад во Кичево.
Добредојде Дедо Мраз и кај нас, Хо Хо Хо… Дечиња, ве покануваме заедно да се забавуваме со Дедо Мраз и да се фотографираме.
Кичево
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
Кичевската Православна црква Св.Апостоли Петар и Павле преку соопштение ги известува верниците кои ја слават домашната слава и именденот посветени на свети Николај Мирликијски (Св.Никола), дека на ден 18.12.2024 година (среда) со почеток од 06:00 часот, па се до 15:30 часот ќе се благословуваат славските колачи.
Исто така, на ден 19.12.2024 година (четврток), ќе се осветуваат славските колачи со почеток од 07:30 часот, па сѐ до 12:00 часот на пладне.
Се повикуваат верниците да бидат трпеливи додека очекуваат да им се благословат колачите, се вели во интегралното соопштение за јавноста.
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за понеделник (23 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Македонија10 часа
ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч
-
Временска прогноза23 часа
Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи
-
Временска прогноза14 часа
Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…
-
Македонија10 часа
Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово
-
Автомобили2 дена
Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година