Македонија
(ФОТО) Возило се излизга на „Стража“, сообраќајот се одвива во една коловозна лента
Предмалку на превој „Стража“ од гостиварска страна се случила сообраќајна несреќа каде возило од засега непозната марка изгубило контрола и се излизгало.
Настанот за среќа е без сериозни последици по здравјето на учесниците – велат очевидци кои во моментот биле во непосредна близина.
Сообраќајот моментално се одвива непречено во една коловозна лента.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, превоите, речните долини и клисурите, каде има појава магла и можност од појава на одрони.
Македонија
(ФОТО) Вчера чесниот Крст во Ростуше на река Радика го фати младиот Климент Танески
Денес Црквата Божја торжествува! Денес светот целиот е обновен! Денес водите на Радика станаа како Јордан, а гласот Божји повторно одекна низ вселената: „Ова е Мојот возљубен Син, во Кого е Моето благоволение!“
Празникот Богојавление, или Просвештение, не е само спомен на еден последователен настан од земскиот живот на Спасителот на светот, Господ Исус Христос. Тој е најголемото откровение за целото човештво, откровение за тоа Кој е вистинскиот Бог, но и за тоа кои сме ние. Во водите на Крштението Христос не само што ги освети стихиите, туку ги отвори и Небесата, внесувајќи ја човечката природа во заедницата на Светата Троица. Овој ден е повеќе од празник – тој е коренито преобразување, духовно просветлување, ден кога сите ние сме повикани кон светост и чистота, ден во кој стануваме храмови на Божествената благодат.
Во овој возвишен ден на Светлините Божји, во сечениот храм на Мајката Божја во с. Ростуше, како и секоја година, нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со манастирските браќа отслужи Божествена Архиерејска Василиева Литургија. Таа најсветга богослужба, исполнета со полнотата на Божествената благодат и просветление, беше едно чудесно тивко сјаење од таинството на Господовото Крштение. Во величествениот амбиент на ростушкиот храм на Царицата на Ангелите, каде што земното и небесното стануваат еден свет, многубројните верници, пристигнати од сите краишта на нашата татковина, се собраа за со љубов и длабока побожност да го прослават торжеството на Божјото Троично откровение.
Во молитвено расположение и со чисти срца, тие пристапија кон светите Христови Тајни, обновувајќи го својот завет со Бога и примајќи ја благодатта што преобразува, зацврстува и го води човечкиот живот кон светлината на Царството вечно.
Повеќе за настанот и фотографии ќе најдете на официјалниот линк од Бигорскиот Манастир – ТУКА
Македонија
Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова е новата цена
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ 1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит, известуваат од РКЕ.
Македонија
Лице од Радовиш пробал да пренесе 6 мигранти од Непал и Индија, бегал од Полицијата и удрил во работна машина
На 19.01.2025 околу 20.00 часот на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, од кои три од Непал и три од Индија.
Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина.
Mигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
-
Македонија1 ден
Од ноќеска ново поскапување на дизел и бензин горивата, ова е новата цена
-
Кичево19 часа
Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории
-
Временска прогноза2 дена
Ниските температури ќе попуштат, од следната седмица значително потопол воздух и пораст на температурите
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за вторник (21 јануари)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за понеделник (20 јануари)
-
Временска прогноза22 часа
Утре брз влажен бран ќе донесе локални врнежи од дожд и снег на планините
-
Македонија1 ден
(ФОТО) Вчера чесниот Крст во Ростуше на река Радика го фати младиот Климент Танески
-
Македонија1 ден
Лице од Радовиш пробал да пренесе 6 мигранти од Непал и Индија, бегал од Полицијата и удрил во работна машина