Македонија
Граѓаните креираа онлајн петиција за ефтина струја, додека трае вонредната состојба
Поддршка од нешто повеќе од 18.000 потписи досега добила онлајн петицијата за воведување на ефтина струја во периодот додека трае вонредната состојба. Иницијаторите на оваа петиција бараат итно воведување ефтина тарифа за струјата во текот на целото деноноќие, со цел да се спречи негативниот економски ефект на самоизолацијата – зголемени износи на сметките за струја.
„Задолжителноста на самоизолацијата подразбира задолжително останување дома во текот на речиси целото деноноќие. Тоа значи повисоки режиски трошоци (повисоки сметки за струја, вода, греење итн.). Сето ова во ситуација кога граѓаните остануваат без работа поради затворањето на голем дел субјектите од производствените дејности и сите услужни дејности. Сето ова во ситуација кога сосема е за очекување да има семејства без ниту еден вработен во периодот кој престои…“, се наведува во образложението.
Петицијата е активна на овој линк ТУКА
Македонија
Од ноќеска поскапува дизелот и бензинот
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.
Македонија
Македонски Брод – Прилеп преку превој „Барбарос“ е укината забраната за тешки товарни возила, додека на овие делници сеуште се активни забраните за ТТВ
АМСМ предмалку извести дека на овие патни правци се укинати забраните за тешки товарни возила и тоа:
Деве Баир – Крива Паланка пуштен за ТМВ
Делчево – г.п. Делчево
Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
Гостивар – Маврово-Дебар
Гостивар – Стража-Кичево
Пресека
Плетвар
Ѓавато
Струга – г.п. Ќафасан
Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА:
Од 15.50ч целосно во прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Д. Капија- Смоквица и сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Снежниот бран ги „замрзна“ температурите под нулата на секаде, од градовите најмногу снег имаме во Штип, додека на Шапка речиси еден метар!
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник), и да напоменеме тоа ќе биде некаде во поголема форма, некаде не. До 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка.
Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните температури се движа дури до близу -10 степени. На табелата можете да ги погледнете денешните температури измерени по градови и места во Македонија до 16 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Исто така на табелата може да видите и колкава е снежната покривка до 16 часот во градовите низ Македонија, за порта.мк информира Славчо Попоски
-
Хороскоп2 дена
Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево2 дена
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Временска прогноза20 часа
Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за среда (15 јануари)
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“
-
Скопје4 часа
Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото
-
Автомобили3 часа
Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена