Хороскоп
Денешен Хороскоп (29.10) Вторник

ОВЕН
Дајте си себеси време да одлучите дали треба да продолжите со работа или не. Не е момент за нагли пресврти. Постојат помали проблеми помеѓу вас и саканата личност, но би можеле да ги решите ако им се посветите. Потребен ви е сон.
БИК
Може да очекувате успех на деловно поле наскоро. Осцилациите помеѓу вас и партнерот не се смируваат. Не ви одговара атмосферата топло-ладно. Менувајте ги лошите навики.
БЛИЗНАЦИ
Ве очекува опуштена атмосфера во комуникацијата со колегите. Можеби немате премногу работа. Заинтересирани сте за незадолжителна врска и не сте подготвени за нешто посериозно. Можни се проблеми со нозете.
РАК
Решивте да ја промените работата, подготвени сте да ги преземете сите неопходни чекори за да дојде до промената. Можеби се сомневате во партнерот и од време навреме немате доволно доверба во него. Можни се проблеми со коските.
ЛАВ
Вашите резултати на деловно поле може да бидат добри ако го вложите неопходниот труд. Би сакале да најдете личност за сериозна врска. Пред вас е поволен период за нови познанства. Исцрпени сте.
ДЕВИЦА
Ве следат промени на деловно поле. Може да очекувате дека на почетокот тоа ќе биде малку стресно за вас. Ве очекува возбудлив ден во кој ќе имате убави случувања на љубовно поле. Можни се проблеми со несоница.
ВАГА
Можеби постојат некои деловни проблеми кои ве оптеретуваат и на кои треба да поработите. Саканата личност е подготвена да биде со вас во сите моменти – и кога ви е тешко и кога сте среќни. Проблеми со грбот.
ШКОРПИЈА
Ве очекува соработка со странство или патување кое ќе биде значајно на вашето деловно поле. Не се откажувајте од желбата да најдете личност која ви одговара комплетно. Сега не сте подготвени за минлива авантура. Проверете ја крвната слика.
СТРЕЛЕЦ
Може да очекувате дека ќе имате некои помали проблеми на финансиско поле и дека ќе ви треба време да ги решите. Партнерот покажува љубомора, што е знак на слабост. Не ви се допаѓа неговиот став. Стресот влијае врз вашето здравје.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате важни информации за промените на деловно поле кое ве очекуваат. Дојде време да и дадете до знаење на саканата личност какви се вашите намери. Водете сметка за бубрезите.
ВОДОЛИЈА
Ќе имате можност да дојдете до нова работа ако дадете сѐ од себе. Веќе подолг период ве прати осаменост и чувствувате потреба да ви се случи некоја нова љубов. Здравјето е во ред.
РИБИ
Ќе имате успех на деловното патување, ќе постигнете подобри успеси отколку што очекувате. Дистанцата која ја создадовте со саканата личност во моментов ви одговара за да се посветите на себе. Проблеми со синусите.
Хороскоп
Хороскоп за сабота (12 април)

ОВЕН
Можеби имате трема пред новиот деловен почеток и потребно ви е некое време да се опуштите. Поволен ден за љубов, може да очекувате дека ќе имате добар однос со саканата личност. Болки во долниот дел на грбот.
БИК
Имате пред себе многу обврски и работа. Денешниот ден ќе ви биде на некој начин напорен на ова поле. Може да се надевате на многу позитивни промени и ново познанство. Можен е мал пад на имунитетот.
РАК
Имате шанса да напредувате и полека да остварите позитивни промени на деловно поле. На вашиот партнер му одговара вниманието кое му го посветувате. Задоволн сте бидејќи сте успеале да остварите еден квалитетен однос. Психосоматски проблеми.
ЛАВ
Немате добра комуникација со колегите и тоа за вас претставува голема кочница. Ве очекува ден во кој ќе бидете емотивно задоволни и исполнети. Пред вас е фаза во која ќе уживате. Кожата ви е осетлива.
ДЕВИЦА
Ќе дојде до некои промени во вашето деловно опкружување и нема да ви биде лесно да се прилагодите на нив. Саканата личност ќе ви покаже дека е подготвена на компромиси. Помали срцеви проблеми.
ВАГА
Време е да се соочите со потешкотиите и проблемите на работа. Кога ќе ги решите, ќе успеете да остварите напредок. Имавте некои дилеми на љубовно поле. Не сте сигурни која личност е вистинската. Многу сте чувствителни денес.
ШКОРПИЈА
Не е премногу поволен ден за работа денес. Можеби ќе се појават некои нови проблеми и компликации. Сакате да ја освоите личноста која ви се допаѓа и подготвени сте на сѐ за да го добиете нејзиното внимание. Избегнувајте алкохол.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува многу поволен период на деловно поле. Пред вас е фаза во која ќе имате некои нови деловни случувања. Ве очекува ново познанство и нови можности на љубовно поле. Се чувствувате сосема во ред.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате стабилизација на финансиите. генерално ќе бидете задоволни со случувањата на работа. Стабилната љубовна ситуација ви влева чувство на задоволство. Можни се проблеми со забите.
ВОДОЛИЈА
Денес не носете нови одлуки и потрудете се да бидете трпеливи со своите заклучоци. Важно е да го дефинирате односот со партнерот. Можеби сакате врската да премине на посериозно ниво. Поспаност и замор.
РИБИ
Пред вас е фаза која е поволна за започнување нови деловни случувања и промени во работата. Може да се надевате на ново познанство и флерт со личност која ќе покаже интересирање кон вас. Денес ви е нагласена интуицијата.
Хороскоп
Хороскоп за петок (11 април)

ОВЕН
Оваа недела ќе бидете склони кон вљубување. Важно е да ја оставите гордоста настрана и да пристапите на личност што ви се допаѓа долго време. Направете напор да му угодите на вашиот партнер, доколку сте во врска. Не ви е лесно да направите се сами. Потребна ви е помош од други луѓе на работа. Вие сте преосетливи и малку напнати.
БИК
Оваа недела треба повеќе да се опуштите. Вие сте комуникативни и склони кон флертување. Можете да направите многу работи и лесно да стекнете нови познанства. За слободните, на кратко патување, можен е некаков контакт со интересна личност. Оние во врска, работете на комуникација со вашиот партнер.
БЛИЗНАЦИ
На работа ќе бидете многу задоволни. Се ви оди полесно од вообичаеното. Женска личност може да ви помогне. Енергични сте и брзо доаѓате до идеи. Што се однесува до љубовта, можни се нови познанства преку пријатели. Оние во врска, најдобро би било да се фокусирате на обврските, но не дозволувајте партнерот да биде запоставен.
РАК
Се чувствувате одлично. Ништо не ви е тешко да завршите на работа. Многу е важно да не трошите премногу пари за работи што навистина не ви се потребни. Бидете поштедливи. Што се однесува до љубовта, добро би било да разговарате со партнерот за се што ве мачи. Ако сте слободни, можно е ново интересно познанство. Не враќајте се на старите љубови. Бидете подготвени да се заљубите во нова личност, бидејќи имате одлични аспекти за љубовта.
ЛАВ
Оваа недела ќе се чувствувате многу подобро отколку порано. Не ви е лесно да постигнете се затоа што повеќе би сакале да се одморите. Конечно ќе имате добри резултати на работа, и ќе бидете задоволни од приливот на пари. Ако сте во врска, не ја занемарувајте саканата личност, не можете секогаш да бидете на прво место. Треба да обрнете внимание на некој друг. Ако сте слободни, некој кој е многу сличен со вас може да ви го привлече вниманието.
ДЕВИЦА
Се чувствувате одлично и многу сте комуникативни. Бидете вредни и колегите на работа ќе го ценат вашиот напор. Не се чувствуваш многу добро. Бидете отворени за некоја нова љубовна приказна. Можни се нови познанства преку пријатели или Интернет. Ако сте зафатени, изненадете ја саканата личност со убав гест.
ВАГА
Не ви е лесно да се справите со сите обврски. Бидете упорни и не се откажувајте. Ќе имате помош од жена. Се ќе ви успее на работа. Што се однесува до љубовта, не влегувајте во дискусии со саканата личност бидејќи е можно и двајцата да бидете напнати во текот на неделата. Ако сте слободни, можеби ќе ви се допадне некој што ќе го запознаете на необичен начин.
ШКОРПИЈА
Многу сте романтични. Работите напорно за вашата сакана и не ви е тешко да направите се за неа. Многу е лесно да постигнете резултати. Бидете отворени за некоја нова можност за да можете да напредувате. Дајте го максимумот и обидете се да се фокусирате на реализација на идејата. Не дозволувајте никој да ве исфрли од чекор и да ви го наруши мирот.
СТРЕЛЕЦ
Вие сте под стрес. Не постои начин да се добијат добри резултати. Обидете се да не се нервирате за деталите. Погледнете ја поголемата слика. Сега не е време за позајмување пари. Што се однесува до љубовта, направете се како што сте замислиле. Без разлика дали сте слободни или зафатени, немате проблем кога станува збор за љубовта.
ЈАРЕЦ
Се чувствувате одлично. Обидете се да ги завршите сите обврски на време и не одложувајте ништо за друг ден. Можни се дискусии со саканата личност, а тоа може да се случи поради љубомора или пари. Можете да избегнете сцени. Ако сте слободни, сигурно ќе запознаете личност која е многу динамична и забавна.
ВОДОЛИЈА
Сеуште не е идеален период за љубов. Сепак, има многу настани, па затоа треба да ги искористите, доколку сте слободни, за ново познанство или почеток на нова врска. Ако сте зафатени, подобро би било да почекате до втората половина од неделата кога ситуацијата ќе биде забележително помирна и да разговарате за некои важни работи со вашиот партнер. Не ви е лесно да постигнете одлични резултати. Соработниците можат да ви дадат добар совет или да ве поддржат во вашите планови.
РИБИ
Најдобро би било доколку се потрудите да направите некои промени на работа. Не чекајте другите да го сторат тоа за вас. Се обидувате да го дадете својот максимум, а приливот на пари ќе се зголеми. Што се однесува до љубовта, се оди како што сте замислиле и вие сте многу романтични и подготвени за љубов. Ако сте зафатени, покажете ги своите емоции на партнерот.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (10 април)

ОВЕН
Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се вклучите во работата која за вас може да биде многу профитабилна. Имате проблем со некои Близнаци и не можете да најдете заеднички јазик со некоја Водолија. Трепението ќе ви биде повеќе од потребно.
БИК
Нема место за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрите односи со соработниците се исклучително важни за проектите, бидејќи сами ништо нема да постигнете. Се чувствувате одлично во друштво на некоја Риба, па затоа поминете повеќе време заедно.
БЛИЗНАЦИ
Некои пријатели ќе ве повикаат на заедничко патување, а вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можно е да ви се отворат нови врати за започнување на сопствен бизнис. Досадата лекувајте ја во друштво на саканите. Постапките од минатото ќе ве натераат повторно да размислите за вашите постапки.
РАК
Некој проблем од минатото ќе започне да ви ја разнишува сегашноста која едвај ја одржувате во нормално ниво. Можно е вашиот партнер да ве напушти поради ветените нешта кои никогаш не ги направивте. Имате проблем и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица ќе ви понуди помош, прифатете ја веднаш.
ЛАВ
Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.
ДЕВИЦА
Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските.
ВАГА
Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнуа вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.
ШКОРПИЈА
Оптеретени сте со незавршените работи и она што се случило а не знаете како да го решите. Се плашите од загуба на контролата во ситуацијата во која можно е да загубите некој поради однесувањето. Можен е некаков договор со Стрелец или Риби.
СТРЕЛЕЦ
За да го поминете денот онака како што сакате потребно е да се вклучите во некои интересни проекти во кои ќе ви биде потребен странски јазик. Без оглед дали станува збор за краток или долг проект сепак работете максимално на него. Постои можност за голем профит.
ЈАРЕЦ
Премногу сте упорни иако помалку сте и несигурни и се обидувате на сите можни начини да му го наметнете на некој Бик вашиот план за заеднички проект. Бидете малку трпеливи во контактите со борбените знаци, особено со Бикот. Добро се чувствувате во друштво на лице кое е подеднакво амбициозно како и вие.
ВОДОЛИЈА
Еден од подобрите денови, особено за оние кои се подготвени за се да се договорат со соработниците и оние кои се како створени за разни деловни можности, вклучувајќи ја тука и можноста за премин на некое ново работно место или преземање на некои нови обврски. Добро се сложувате со некој Стрелец и со некој Рак кои во се ве поддржуваат.
РИБИ
Мечтаете за голем успех и поинаква работа од онаа која во моментов ја имате. Ова би можело да биде пријатен ден за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи. Вашата амбиција е во прв план, не се согласувате со лица кој сакаат да доминираат во друштвото.
-
Кичево1 ден
Кичевчани во сабота со протест ќе бараат решение за дивата депонија зад кичевски „Комуналец“ која шири смрдеа повеќе од 3 години
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (11 април)
-
Хроника16 часа
(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс со семејството загина во хеликоптерска несреќа во САД
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (12 април)
-
Дом и уредување2 дена
Дали имате мувла во домот? Овие три секојдневни навики можат да бидат причината
-
Магазин2 дена
Дали полнењето на телефонот до 100% ја уништува батеријата? Еве што велат експертите
-
Македонија13 часа
Од ноќеска ново намалување на цената на горивата
-
Lifestyle2 дена
Без хемикалии и бои: Како природно да добиете виолетови велигденски јајца