Кичево
(ФОТО) Во Пласница хумани соселани изградија две нови куќи за сиромашни комшии

Семејствата на Раим Насуфоски и на Муамер Горалија од селото Пласница, деновиве се вселија во новоизградените куќи што се подарок од хуманите гастарбајтери од ова село. Тие издвоија повеќе од 40.000 евра за да им обезбедат покрив над главата на своите посиромашни соселани. Двете семејства велат дека ќе го паметат овој јануари додека се живи, бидејќи ветената помош од страна на соселаните и Општина Пласница во целост е исполнета.
Инаку, иницијатива за изградба на овие куќи на двајцата соселани произлезе од Советот на Општина Пласница, која беше едногласно прифатена од страна на советниците, по што акцијата започна. Локалната самоуправа обезбеди парцели за изградба на овие куќи, а изградбата во целост ја финансираа печалбарите од ова село.
По само шест месеци, новите куќи беа целосно подготвени да ги примат нивните идни станари и сопственици.
– По наша иницијатива, на две семејства од селото Пласница со нерешено станбено прашање им се изградени целосно нови домови. Едното семејство е тричлено, а другото е петчлено. Тие повеќе нема да мораат да се грижат дали нивниот дом прокиснува или дали покривот ќе им се сруши над главата. Гастарбајтерите од нашето село едногласно се договорија да издвојат дел од својата заработувачка и на тој начин на своите соселани трајно да им обезбедат квалитетен дом. Домовите се опремени и со нов мебел, бела техника и сѐ што му е неопходно на едно семејство за нормална живејачка. Оваа практика за помош на посиромашните семејства од нашата општина ќе продолжи и понатаму – рече Елсан Нурчески, советник во Општина Пласница.
На сопствениците на домовите ова им е остварување на сонот.
– Немам зборови со кои можам да им се заблагодарам на моите соселани што работат во странство, за мене да изградат нова куќа, која засекогаш ќе биде и мојот нов дом каде што не морам да се грижам дали прокиснува покривот или има некој друг проблем. Јас како посиромав човек не можев ни да сонувам за вакво нешто, но благодарение на моите хумани соселани сонот стана јаве. Сега единствена грижа ни е да го чуваме нашиот нов дом, да обезбедиме дрва за огрев и да продолжиме нормално да живееме – со солзи во очите рече Муамер Горалија, кој живее од социјална помош.
Автор/Фото: Зоран Антоски
Кичево
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата

Меѓународната вселенска алијанса (ISA) во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) доби грант за проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”. Овој проект има за цел да ги обедини младите од различни етнички и културни заедници во Кичево преку активности поврзани со уметноста и науката за вселената.
Проектот опфаќа 4 работилници, од кои едната веќе беше реализирана (тука можеш да видиш повеќе информации https://fb.me/e/9u4QXdzsS).
Втората ќе се одржи оваа сабота итоа во два термини, има уште многу малку места, на база на „прв дојден – прв услужен“ регистрирајте се навремено на линкот подоле:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScLhJgOvuDYrC0kZ878C035T8-oP0RXYWv9DpniJ-EajP-Ifg/viewform?usp=sharing
Ова е Фејсбук Настанот: https://www.facebook.com/share/164Kja16UU/
Сликање на ѕвездите – Уметност инспирирана од ноќното небо!
Овој уникатен настан им овозможува на децата и тинејџерите да ја истражат врската помеѓу астрономијата и уметноста. Преку водена сликарска сесија, учесниците ќе научат како ноќното небо ги инспирирало уметниците низ историјата и ќе создадат сопствени уметнички ремек-дела инспирирани од ѕвездите.
Што ќе правиме?
Истражување на ноќното небо како уметничка инспирација
Креирање на сопствена галактичка уметност
Запознавање со познати уметнички дела инспирирани од ѕвездите
Забавно и интерактивно учење за врската меѓу науката и уметноста
Датум: 5 април
Сесија 1: 11:00 – 13:00 (возраст 8-12 години)
Сесија 2: 14:00 – 16:00 (возраст 13-18 години)
Локација: Китино Кале
Ограничен број места! Пријавете се сега за да ја резервирате вашата уметничка авантура!
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
️ 19:30ч.
Бидете дел!
-
Временска прогноза2 дена
Ново ажурирање: Доаѓа екстремно ладно време за април, силен северен ветер и снег, невообичаено за овој период од годината
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 април)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за сабота (5 април)
-
Скопје17 часа
МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено
-
Скопје1 ден
МВР со соопштение за видеото во Дебар Маало, настанот е од минатиот месец, сопственикот е казнет
-
Магазин21 час
(ВИДЕО) „Форца Бенд“ го објави својот најнов „свадбарски сплет“, во најава нови авторски песни, сплетови и кавери
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) Лишен и задржан во Полициска станица возачот кој со мопед удри дете и избега, ќе биде поднесена кривична пријава
-
Македонија2 дена
ЦУК преку УХМР објави хидролошка информација за водостоите на реките ширум Македонија