Кичево
АЈДЕ КИЧЕВЧАНИ: Денес во 13:00ч одиме сите во „Јанчица“ за хуманитарни цели „Од ❤ за Симона“

Црвен крст на Република Македонија-Општинска организација Кичево и Клубот на млади организира хуманитарен ракометен турнир под мотото „Со ❤ за Симона“.
Турнирот ќе се одржи денес 02.11.2019 година со почеток во 13 часот во спортската сала Јанчица.
Учество на хуманитарниот турнир ќе земат 6 екипи,од повеќе спортски клубови.
Собраните финансиски средства од настанот каде ќе можете да ги донирате на влез ќе бидат додадени на сметката на 4ри годишната Симона Хаџи Тошева од Штип која боледува од Акутна нелифобластна леукемија.
Сите кои нема да можат да бидат дел од овој настан, отворени се телефонски броеви каде можете да донирате 100 ден со јавување на:
А1 : 143460 или T-Mobile : 143424
Бидете солидарни кичевчани и да ја покажеме уште еднаш нашата хуманост за Симона! ❤
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза11 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија13 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди11 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети