Кичево
Во дворецот на кичевскиот храм св.Петар и Павле во сабота се собираат донации за загрозени семејства и намирници за медицинскиот персонал

Со голема почит према делото на сопствениците од декоративното студио „Роденденски Пињати“ и нивната само-организација на граѓани од град Кичево се приклучуваме кон иницијативата за хуманитарни акции за лицата чии семејства имаат неопходна потреба од тоа што ние доброволно ќе го донираме.
Пред неполна седмица истата организација помогната од хумани луѓе и реномираните АТВА маркети од Кичево донираа за 9 семејства – така што ги повикуваме сите претпријатија, институции кои можат да помогнат да се приклучат во оваа иницијатива и на истите јавно ќе им се заблагодариме!
Да бидеме сплотени без разлика на верска припадност и заеднички да допринесеме кон уште еден успешен поход за подавање рака на оние кои имаат потреба.
Почнувајќи од утре сабота 05.12.2020 год – 12:00 до 15:00 часот почитувајќи ги протоколите за заштита од Ковид-19, без групирање и задолжително носење на заштита на лицето, сите хумани граѓани во дворецот на нашиот кичевски храм св.Апостоли Петар и Павле на посебно место обележано со натпис „ДОНАЦИИ“ ќе може да ги донирате вашите намирници како што се на пример: Храна, Вода, Домашен прибор, Зимска облека, средства за лична хигиена, непотребна компјутерска галантерија и се што се мисли дека некому би му користело.
Паралелно со донациите за социјално загрозените семејства ќе има пункт и акција за нашиот медицински персонал од Кичево кој се борат за секој од нас изложувајќи го сопственото здравје во време на пандемија, да ја покажеме нашата хуманост и за нив со: Скафандери за еднократна употреба, Заштитни маски (KN-95), Мантили, Храна, Сокови, Вода…
Ајде добри луѓе, да ја покажеме нашата хуманост на дело, понесете нешто со вас – со тоа на некое семејство ќе му го олесниме животот, ќе направиме добро барем за одреден период од нивните животи, бидејќи рака што дава не се суши!
Бидете дел и направете добро дело!
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза7 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп1 час
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија9 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди7 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети