Следете не

Временска прогноза

И денес облачно со врнежи од дожд, поготово во нашиот западен регион

Објавено пред

на

Времето  ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планините снежната покривка ќе се зголеми. Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час и на планините ќе услови појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус два до два степени, а дневната температура од едендо 14 степени.

Во Скопје  ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, Ќе дува засилен, повремено силен ветер кој локално ќе достигнува над 70 км/час.

Утринската температура ќе достигне до нула степени, а дневната температура до 11 степени.

Временска прогноза

Важна метео информација, викендов ќе паѓа снег на секаде во Македонија

Објавено пред

на

Од овој викенд, како и во почетокот на следната недела, територијата на целата наша Македонија ќе биде зфатена од голем влажен и ладен воздушен бран од север. Во ваква ситуација ќе имаме обилни врнежи кои проследени со засилен северен ветер кој ќе услови големо заладување на времето, ќе преминуваат во снег насекаде во Македонија.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, на повеќе места позначителна и тоа со висина од 10 до 20 сантиметри, локално и до, па  и над 30 сантиметри (во градовите), а на планините како и на Скијачките центри постојаната снежна покривка значително ќе се зголеми,  и тоа за над 50 сантиметри, па дури и за околу еден метар.

Со овој снежен и ладен бран од север, конечно снежна покривка ќе добие  и Скопската котлина и секако околината. Во Скопје се очекува снежна покривка од 10 до 15 сантиметри, а во околината, како и на околните планини таа ќе биде значително повисока.

Овој бран кој ќе ја зафати Македонија, ќе биде доста изразен и во вид на снежно невреме, а поради појавата на засилен северен ветер ќе има појава на снежни наноси.

Што се однесува до температурите, тие наутро речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, а и максималните дневни на многу места во Македонија ќе останат до околу, па и под нулата, а само во југоисточните предели тие ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ ДОКОЛКУ ПЛАНИРААТ ДА ПАТУВААТ ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД: Поради очекуваните обилни снежни врнежи, особено од ноќта сабота кон недела, како и во недела препорачуваме возачите да бидат крајно внимателни доколку патуваат низ планинските превои, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица. Секако, доколку немате потреба или не е хитно, овој викенд без потреба не патувајте низ планинските превои, поради тоа што ќе се формира нова  и голема снежна покривка, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

За викендот кој доаѓа нова најава за снег и на пониските места ширум Македонија?

Објавено пред

на

Најновото ажурирање на Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) црта голем снежен бран и продор на многу поладен воздух од Арктикот кон Македонија, и тоа за време на викендот. Во најголем дел од Македонија ќе има обилни врнежи претежно од снег, но најпрвин на пониските места ќе бидат од дожд, и истите полека речиси насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег.

Со овој ладен и снежен бран, секако снег ќе донесе и во Скопскиот регион.

Како што можете да погледнете на Метеоролошката карта, на планините и Скијачките центри се очекува нов снег со висина од 50 па дури до еден метар. Значителна снежна покривка  ќе се формира  и во повеќе градови од Македонија.

Ја следиме ваквата метеоролошка ситуација, и за секоја ново  – настаната временска состојба навремено ќе бидете информирани, информираше Славчо Попоски.

НАПОМЕНА: Промени и варирања на прогностичкиот модел околу очекувањето на висината на снежната покривка за време на викендот се сеуште можни, со што нови метео информации токму околу овој снежен бран следуваат во следните мои метео објави.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

На самиот старт од новата 2025-та година, доаѓа поларен бран кој ќе донесе минусни температури и врнежи

Објавено пред

на

Веќе ноќта петок кон сабота (3 кон 4 јануари 2025) и во сабота (4 јануари 2025) во Македонија како што подолго време најавувам ќе дојде до поголема промена на времето и спуштање на многу поладен и влажен воздушен бран од Арктикот.

Во ваква ситуација во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота, особено претпладне ќе има врнежи од дожд, кои на повисоките места  и на планините, како и на Скијачките центри секако ќе бидат од снег, и постојаната снежна покривка токму на овие места ќе се зголеми. Поради заладувањето, повремен снег ќе има  и во делови од пониските места (градовите), особено во западните и во северните предели од Македонија.

Сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 60 км/час).

Во Скопје  и околината со овој бран ќе има врнежи од дожд, а на околните планини и во повисоките предели од котлината ќе има повремени врнежи од снег. Услови за сосема слабо провејување на снег ќе има  и во делови од пониските предели од котлината. Повремено со ова спуштање на ладниот воздух од север, и во Скопскиот регион ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие значително ќе опаднат и во сабота наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 3 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите југоисточни предели од Македонија.

Да напоменам дека на повисоките населени места, како и на планините  и Скијачките центри, температурите во сабота  и преку ден ќе бидат постојано под нулата, извести Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза4 часа

Важна метео информација, викендов ќе паѓа снег на секаде во Македонија

Од овој викенд, како и во почетокот на следната недела, територијата на целата наша Македонија ќе биде зфатена од голем...

Lifestyle8 часа

Јаткасти плодови кои помагаат во намалувањето на холестеролот

Кога станува збор за управување со нивото на холестерол, исхраната игра клучна улога за здравјето на срцето. Една од најдобрите...

Кичево10 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Мега „Хуманитарен Божиќен Базар“ вчера на градскиот плоштад во Кичево, естрадните уметници ги освоија сите симпатии, пеејќи во еден глас за хуманитарни цели!

Вчера на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ се одржа и предпоследниот настан, како што веќе е познато вечерва е последниот и завршен...

Lifestyle11 часа

Ослободете се од вишокот килограми по празниците со најдобрата диета

Медитеранската диета повторно го задржа статусот како најдобра диета за 2025 година, според US News & World Report. Оваа награда...

Lifestyle11 часа

Колку чекори дневно се потребни за поздрав и подолг живот?

Според детална анализа на 15 студии со над 50.000 учесници, објавена во Lancet Public Health, идеалниот број чекори што треба...

Магазин11 часа

Nintendo Switch 2: Кога ќе биде објавена?

По многуте шпекулации, конечно пристигнаа нови информации за очекуваното објавување на Nintendo Switch 2. Кога да ја очекуваме конзолата? На...

Lifestyle11 часа

Зошто кафето треба да се пие само наутро? Што покажува истражувањето

Пиењето кафе исклучиво наутро може да го зголеми животниот век во споредба со консумирање кафе во текот на целиот ден,...

Магазин11 часа

Револуционерниот почеток: Како iPhone го промени светот

Првата презентација на iPhone се одржа на 9 јануари 2007 година, за време на конференцијата Macworld Expo во Сан Франциско....

Хороскоп23 часа

Хороскоп за четврток (9 јануари)

ОВЕН Не размислувајте толку многу за се што не успеавте да завршите. Наместо тоа, обидете се да започнете од почеток...

Македонија1 ден

Дизелот и бензинот со нова покачена цела за литар од ноќеска

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)...

НАЈЧИТАНИ