Македонија
„Илинден“ без масовни собири годинава

Организациониот одбор за прослава на празникот при Владата во координација со претседателот на државата и законодавниот дом за сите настани коишто традиционално се организираат по повод големиот празник, подготвува услови за спроведување на препораките од протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести.
Тие услови оваа година, заради пандемијата со Ковид-19, ги опфаќаат бројот на учесниците, здравствено-безбедносната организација на местата каде што ќе се одржат свеченостите, транспортот и движењето до локациите и местата за посетителите и учесниците, со обезбедена дистанца и заштита.
За исполнување на препораките од протоколот оваа година содржините на програмите за одбележување се сведени на минимум, само со положување венци со свежо цвеќе на спомен-обележјата, со обраќања, но без традиционалната културно-уметничка програма и без масовни народни собири на граѓани на отворено и во угостителските објекти.
Во овие услови, оваа година, свеченостите по повод 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) 2020 со кои ќе бидат одбележани 76-годишнината од Првото заседание на АСНОМ и 117 години од Илинденското востание, ќе бидат со следниот распоред:
– Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе се обрати на свеченоста во Меморијалниот центар во Пелинце;
– Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ги предводи настаните во Крушево, на Мечкин Kамен;
– Претседателот на Владата Оливер Спасовски ќе се обрати на свеченоста во Скопје.
И оваа година, како дел од официјалната програма за свечено одбележување на празникот се вклучени и содржините од Смилево со кои ќе се чествуваат 117 години од Илинден и 78 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“.
Целокупната програма за свечено одбележување на државниот празник 2 Август ‒ Денот на Републиката (Илинден) од Пелинце, Крушево и Скопје ќе ја пренесува во живо Националната радио-телевизија.
Македонија
Сообраќајно инфо: Намалена видливост поради магла на превој „Стража“

Патна информација до сите кои патуваат преку планинскиот превој „Стража“, особено да внимаваат затоа што има намалена видливост поради појава на магла – 50-80м, додека сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози.
Патувајте безбедно, почитувајќи ја поставената патна сигнализација и прилагодување на возилата према условите на патот.
Пријатен пат!
Македонија
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, предмалку информира МВР.
Македонија
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 24.03.2025 година и со тоа, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.
-
Хороскоп1 ден
Месечен Хороскоп (април)
-
Спорт2 дена
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Временска прогноза9 часа
Попоски: Влегуваме во период на температури во минус, студ и снег, невообичаено за месец април – ова се информациите
-
Македонија15 часа
МВР: Кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Македонија18 часа
Поскапуваат дизелот и бензинот, ова е новата цена од вечерва
-
Временска прогноза2 дена
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за среда (2 април)
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) МВР: Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците